Гледам дека пишувате дека најбитна е исхраната, се согласувам дека е многу битна, но вежбањето е исто така многу битно, јас ќе дадам акцент на вежбањето, за затегнувањето на фасциите и апоневрозите на мускулите во пределот на абдоменалната регија(што ги истакнува "плочките") од суштинаска важност е правилно и редовно вежбање, треба да нагласам искучително е важно вежбањето да се практикува во ист термин секој ден, голем број истражувања покажуваат дека наутро и не е баш среќно избран термин, но можете да одите во теретана или дома да си правите вежби попладне на пример, по завршувањето на работното време и сл, предходно одморен и не многу најаден за да не го оптеретите колонот, ако сакате да изградите добри абдоменални ѕидови, морате да се потрудите со вежбање, важно е да не се форсира, тежината или стомачните да се зголемуваат постепено, на пример не треба првиот ден да направите 50 и потоа нема да можете 5 дена да вежбате најмалку, за исхраната како што споменаа и погоре се согласувам помалку масна храна не само заради мускулите на абдоменот туку заради здравјето на целото тело, трчање, важно е и одморот т.е, спиење не помалку од 6 часа дневно и сл.