Spotify во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата panamera
  • Време на започнување Време на започнување
Можеби нема да има реклами некое време, додека да најдат локални спонзори, не верувам да ти пуштаат Амерички или Германски реклами.
 
Го користам веќе 3+ години...
Многу ретко има реклами, квалитетот на песните е одличен, со текот на време како што слушаш се повеќе музика, ти прави анализи што слушаш и ти предложува во Browse што би можело да те интересира од стилот што го слушаш.
Прави листи на стилови што ги слушаш, може сам да си правиш листи и да додаваш песни...
Може да додаваш пријатели и да гледаш што тие слушаат па да истражуваш...

Spotify е одлично чудо (за разлика од Deezer има 90% помалку реклами)!

Автоматски споено мислење:

На телефон е така... ако го користите на десктоп може да слушате по ред цели албуми, да враќате назад песни... се си функционира нормално како обичен плеер.
 
Последно уредено:
На телефон е така... ако го користите на десктоп може да слушате по ред цели албуми, да враќате назад песни... се си функционира нормално како обичен плеер.
Знам, за на телефон зборувам. ;)
 
Повеќето што ќе се одлучат на вакви услуги се заради опцијата што може да се слуша и на телефон на отворено и природа Водно, Маврово, Охрид, на кејот на Вардар.. а исто така и оние што работат во канцеларија, угостителски објекти, одат на тренинг во теретана, фитнес и друго

Вчера ја пробав и на телевизор Android tv и супер си е за слушање цели албуми.
 
Не можеш да слушаш тоа што сакаш. Пушташ една песна од еден албум, притискаш next, не ти ја дава следната, туку некоја друга од албумот, рандом. Пак притискаш next за да ја слушаш таа што ја сакаш, те префрла на трета, рандом... и така неколкупати додека конечно копчето next престанува да функционира. И не, не можеш да си ја пуштиш која сакаш песна ти, туку можеш да ги слушаш песните од некој албум или плејлиста, ама измешано, онака како што Spotify сака да ги слушаш. Прилично неупотребливо, нели? Рекламата по ова ќе ти се види ко мачкина кашлица.
Чекај, како не можи да слушам која сакам песна? Мислиш од одреден албум или општо? Пример, барам Aco Pejovic - Ne pitaj. Нема да можи да ја слушнам?
И друго, ме интересира дали слушањето на музика на Спотифај зафаќа одреден простор во меморијата на телефонот?
 
Мислам дека @Zlatikevichius збореше за користење Spotify преку мобилната апликација. Мислам дека на декстоп ги нема овие рестрикции, све си функционира најнормално, моментално дури ни реклами нема. Но, како што кажа член погоре највероатно бараат локални компании што би сакале да се рекламираат, па ќе пуштат понатаму реклами и за нашиот регион.
 
Чекај, како не можи да слушам која сакам песна? Мислиш од одреден албум или општо? Пример, барам Aco Pejovic - Ne pitaj. Нема да можи да ја слушнам?
Нема да можеш. Ќе ти пушти друга, рандом песна од албумот или плејлистата кај што е „Не питај“ (иако се сомневам дека ја има таа песна некаде. :D ). Е сега, ако на пример, најдеш плејлиста каде што единствена песна е „Не питај“, тогаш ќе ти ја пушти, нормално. :pos:
И друго, ме интересира дали слушањето на музика на Спотифај зафаќа одреден простор во меморијата на телефонот?
Не.
Автоматски споено мислење:

И да, зборувам исклучиво за мобилната апликација. Десктоп верзијата скоро и да не знам како изгледа, сѐ на сѐ три пати ако имам слушано музика преку неа.
 
Глупости. Па јас мислев дека ова е фри верзијата. Затоа си реков зошто би доплаќал ко и вака ми е супер.
 
Fakja na mesto ako simes toa sto sakas za u ofline slusanje
 
Од кога го користите Spotify? Ако сте го симнале сега, првиот месец ви е Premium, free. Нема реклами. Почекајте да помине тој месец, па ќе видите. ;)
хахахах океј извини не го користеме Spotify долго време.
 
Јас го делетнав одма штом ми кажавте како ќе биди после овој пробен премиум период. Што ќе ми е.
 
Успеал некој да тера premium преку симнат apk а да не му бара vpn најава после 14 дена? Сакам да можам да бидам со мој емаил/локација, а и понатаму да користам премиум apk.
 
Кај мене си одат песните од албумите по ред.
Проблеми не забележав до сега, ниту пак реклами.
 
Јас го делетнав одма штом ми кажавте како ќе биди после овој пробен премиум период. Што ќе ми е.
На декстоп апликацијата све е во ред. Тие рестрикции важат само за мобилната апликација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom