Spartacus

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Втора сезона ќе ја давет на МТВ 1?
 
Ко ќе почнам серија и ако е јака сите денови само за неа посветувам време и ја мислам. Други обврски тргам на страна колку што можам. Овај пат како и за Killing така и за Spartacus ќе бев осиромашен ако не беше Ио :D.
Само што ја изгледав првата сезона и серијата е ремек-дело. Мака ми е (ко и секој секогаш секаде) што не сум ја изгледал порано. Знам ко одев пред 2-3 години на фифа во ремпејџ газдата ја гледаше Спартакус и се што ми беше асоцијација од серијава како што ѕиркав сцени чисто да видам што гледаат, ми беа само оргии и крвишта.
But no...

Spartacus е многу почовечна серија од многу други. Се работи за пријателство, љубов и лојалност. Многу ме изненади ова особено. Се што очекував од Спартакус беше тепачки и секс ама добив мнооогу повеќе.

SPOILERS AHEAD
Серијата е многу тажна (а јас сум емотивец јебига :D), прво заради убиството на Сура и тој момент најмногу ме освои во целата сезона. На девојка ми еден саат и изјавував љубов по телефон од ко ја изгледав епизодата. Ебете си матер си викам ова е нешто многу посериозно од само акција и ефекти. Патем ефектите се многу добри и му даваат посебен шмек на сезоната. Небото, лудус-от (не знам како е преводот на ова) и крвиштата во слоу моушн се трејдмарк на серијата. Значи има мотиви кои се повторуваат.
Ме изненади и смртта на Варо и тоа беше пресврт кој не го очекував. Мамицата на онај пилиштарон, иако си го заслужи крајот баш како што треба. Сценаристите немаат милост и не поштедуваат никого.
Од ликовите, сите ми се свиѓаа. Криксус отпрво не толку ама после го засакав (и се заебав со спојлер затоа што на имдб видов дека глуми во сите 33 епизоди, не влегувам повеќе таму), Спартакус по секако беше мојот омилен (од аватаров ви пишам иначе), па Варо и Докторе. Докторе е прејак лик и мило ми е што на крајот застана на страна на бунтовниците затоа што е човек со принципи и знае да сочувствува и и треба на серијата затоа што кога тој е во кадар се осеќам посигурен. :D

Втф сцена беше ко му го исекоја курот на тој робот што глумеше само во една епизода. И мило ми е шо му го исекоја затоа што сакаше да го убие Спартакус.
Ашур е најголемото копиле ама и можеби во најдобрите ликови. Мора секоја серија да има по некој онаков и колку сакав Докторе да го убие абе душава ми пекаше за тој момент и се извлече копилето.
Батиатус играше многу итро, ме изненади кога го приготви планот за убиството на магистрате и како го вмеша Солониус. Значи многу добро изведено.
Се гледа дека креаторите вложиле во ликовите, нема површни ликови како во некои други серии кои се ставени колку да пополнат место, туку сите се со силна позадина и имаат многу мотиви. Барка и дечко му немав време ни да ги засакам ни да ги замразам, додуша жал ми падна за Питрос ко се самоуби, а гулабите шо да кажам нонстоп ме потсеќаа на легендарнава репортажа.
Едино на Барка и Криксус им замерував што беа против Спартакус, а Спартакус нели е најјак секој непријател на Спартакус е и мој непријател!

Но ете, во финалето... добро сепак се случи она кое го очекував, Криксус да застане на страна Спартакус. Ме наежи моментот кога му рече "во некој друг живот, ние би биле браќа". Ама вие сте браќа Криксус затоа што ги убивте сите робовладетели. :cuc: Па овај и го распара стомакот на она курвана со си бебе еј, значи до толку е јака серијата. Има мадиња повеќе од оние на ГоТ писателот. Не ме сфаќајте погрешно не сакам да ги споредам двете серии, ама ГоТ во ни еден момент не ми дала адреналин и возбуда како што Спартакус за една сезона. Спартакус го има се она што му недостасува на ГоТ, а најважно - има подобри жени. (no hipsterism intended)

Сакав и за Енди Витфилд да кажам збор два. Уште тогаш ја прочитав веста која ништо не ми значеше затоа што не знаев за човекот... Сега ми е многу мака. Некој го гледал документарецов?

Сега бегам од темава додека не ги изгледам останатите две сезони и да не викате види го овај сега почна да ја гледа серијава и забегал одма, ама ќе ве стигнам :D
Завчера бев на бербер и му велам Селаедин шишај ме ко Спартакус му покажав слика на мобилниов ама ме ишиша ко да не сум the champion of Capua :(
 
Сакав и за Енди Витфилд да кажам збор два. Уште тогаш ја прочитав веста која ништо не ми значеше затоа што не знаев за човекот... Сега ми е многу мака. Некој го гледал документарецов?

Не е излезен уште,имаше една кампанја,собираа парии за да го снимаат и мислам дека собраа многу повеке одколку што им требаше така да 100% ќе го даваат.
 
Абе имате превод на мкд за вторава сезона? На титлови имат ама нешто не е во ред изгледа..
 
За српски лесно е ќе најдам, финтата беше македонски :).
пушти со BS player, си имаат нивна база на преводи, и ако некој додал превод на бс плеерот, сам го аплоадира во нивната база и го рангира дали е добар за да го понуди на друг. Најверојатно ќе ти најде добри преводи.
 
Oдамна не сум вкусил ваков адреналин во финале.. првата сезона 10/10. :cuc:
Последната епизода од серијава со апчиња ќе треба да ја гледаш :)
 
Последната епизода од серијава со апчиња ќе треба да ја гледаш :)

Продолжувам со Gods of the Arena, ме бунат епзиодите, имам симнато part 1,2,3,4,5 а имало 6 епизоди? Батиатус одново несакам да го гледам, иако опак лик, изгледа дека ме копка што ќе се дешава понатаму со приказната, ама сепак засега ми изгледа интересна и приквелов.
 
Продолжувам со Gods of the Arena, ме бунат епзиодите, имам симнато part 1,2,3,4,5 а имало 6 епизоди? Батиатус одново несакам да го гледам, иако опак лик, изгледа дека ме копка што ќе се дешава понатаму со приказната, ама сепак засега ми изгледа интересна и приквелов.
Гледај ја обавезно Gods of the Arena после првата сезона...јас ја гледав после втората сезона и едниот од карактерите не го пропуштив .
 
1. Blood and Sand
2. Gods of the Arena
3. Vegenance
4. War of the Damned

По овој редослед треба да се гледаат... јас по грешка ги сменив 2-3, ама тоа е..

Одлична серија, многу епизоди изгледани за кратко време. Крв, борби, адреналин, заговори, жени...

Kill them all !!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom