Конечно ја догледав. Последните две епизоди посебно емотивни, сум плачела на крај, а не сум во ПМС, така што, голем
![Секоја чест :cuc: :cuc:](/styles/default/xenforo/emot/cuc.gif)
за серијава.
Сума сумарум, првата сезона ми беше најдобра, поготово ради Енди. Другиов Спартакус не ми беше тоа-тоа, немаше некоја секси озбилна/ладна фаца, па и тие дупчињата на образите уште повеќе му даваа некој детинест изглед.
Варо ми е најнепрежален лик од серијава. Голем плус за првата сезона. Исто смртта на Сура, па соништата/кошмарите што ги имаше Спартакус, се до паѓањето на Батијатис, супер епизоди. Последната од прва сезона, е најдоброто нешто од серијава, 2-3 пати ја изгледав.
Gods of the arena, иако го нема Спартакус, супер ми беа тие епизоди. Се даде историја за другиве ликови, плус го вметнаа и Ганикус, што ми беше исто супер лик, поразличен.
Вторава сезона некако досадна. Утепаа многу време барајќи се со Нејвиа, нејзините проблеми, бла, бла. Некои нови ликови, ништо поразлични, се ко да се вртеше во круг.
Третата ми беше далеку подобра од втората. Конечно некој од Рим кој не ги потцени бунтовниците и рака на срце, паметен човек и војник, Крас. Син му најголем лигуш што постои, али пак внесе нешто интересно во серијава. Цезар беше исто многу добар лик, актеров исто погоден, кога видов дека не е плав се разочарав, супер му стоеше плава коса.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Последните епизоди беа супер ко што реков више, Криксус ме изнервира кога тргна сам ко демек да го освојува Рим, и ваљда од тогаш се насетуваше дека ќе му летне главата и нему.
Битно сите си умреа слободни, а не ко робови. Mission accomplished.
Нејќам историски филмови, а уште помалце пак серии. Али оваа стварно вреди да се гледа. И покрај сите тие крвишта, кои крај краева, иако на секој чекор ги има, сфаќаш дека се нешто најнебитно кон кое треба да се осврниш во серијава.