Spartacus

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Ау леле го прочитав спојлерот а не ми е гледана последнава. Озбилно????? Аууууууф. А Ганикус срце бе, се чудам како може човек со кафеави очи толку упадлив поглед да има.

Историја седи, кец. :)

Иначе дефинитивно лоша беше последнава епизода, намерно фурани емоции, се знаеше што следува и дебилно одиграна борба. Криксус ваков онаков, како дебилно си умре без тактика...
 
^ Се согласувам, премногу исфорсирано и избрзано беше. Јас мислев дека се до финалето ќе следиме паралелни приказни на Криксус и Спартакус.
 
Ovie poslednive 2-3 prodolženija se top. I ovaa zadnava bese jaka. Steta sto slednata epizoda e i posledna.
 
Уште една епизода, ќе си умрат сите, и така. Очекувам последните 10 минути or so да бидат посветени на триото Красус, Цезар и Помпеј. Кој учел историја, знае зошто. :D
 
Само што ја догледав....серијава ќе го издржи тестот на времето...една од најдобрите серии што сум ги гледал.

Браво до DeKnight и до целата екипа.

98x8tt4.jpg



:cuc:
 
Последнава сезона беше толку добра што ја прави GoT да изгледа како развлечена приказна за +14.

Што, blasphemy???

Што ве вртам :cool:

Имав проблем после сезона 1 да гледам друг лик во улогата на Спартакус па морав да направам подолга пауза пред да ги изгледам останатите. Предобра серија, сите серии опаѓаат кон крајот а оваа се подигна. Ја изгледав во еден здив. Ми се допаѓа како е оригинално направена, си носи свој печат. Но најмногу ми се допадна скриптата, јазикот со кој е напишана, не враќа во едно минато време кога луѓето поинаку говореле и се изразувале. Колку и да е тоа автентично или не, сепак ја постигнува целта: комплетно да те пресели во друго време и на друго место.

Сериите треба да завршуваат во моментот кога ќе го достигнат врвот. Како Спартакус.
 
Последнава сезона беше толку добра што ја прави GoT да изгледа како развлечена приказна за +14.

Што, blasphemy???

Што ве вртам :cool:

Имав проблем после сезона 1 да гледам друг лик во улогата на Спартакус па морав да направам подолга пауза пред да ги изгледам останатите. Предобра серија, сите серии опаѓаат кон крајот а оваа се подигна. Ја изгледав во еден здив. Ми се допаѓа како е оригинално направена, си носи свој печат. Но најмногу ми се допадна скриптата, јазикот со кој е напишана, не враќа во едно минато време кога луѓето поинаку говореле и се изразувале. Колку и да е тоа автентично или не, сепак ја постигнува целта: комплетно да те пресели во друго време и на друго место.

Сериите треба да завршуваат во моментот кога ќе го достигнат врвот. Како Спартакус.
Точно и јас го имав истиот проблем со менувањето на глумецот на Спартакус........Лиам влезе во огромен предизвик со прифаќањето на оваа улога (самиот Енди лобираше на аудицијата Лиам да ја земе улогата)....првите неколку епизоди неможев да се навикнам но после тоа некако ми влезе под кожа...а според мене неговата глума ОСОБЕНО во 9тата и 10тата епизода од 3тава сезона е една од најдобро одиграните во сите серии што сум ги гледал.


Проблемот со Game of Thrones е што пробуваат да стиснат материјал од 900 страни во 10 епизоди пришто неможе да се развијат карактерите ниту пак ти да се поврзеш со нив како што направи Spartacus. Затоа и за мене е подобра од GoT.
 
Немам никакви проблеми со ликот, човекот одглуми за 10ка. Проблем е да се прилагодиш, не се случува често во серии да се замени актер. Штета за Енди...

Спартакус е многу побрза и подинамична од GoT и се базира повеќе на акција. Ќе видиме како ќе ја направат GoT кога ќе дојде до војните, но додека дојде ќе остариме...
 
Со задоволство ја гледам пак на МРТ првата сезона и по втор пат се нервирам со суровоста и нечувствителноста на негативците, особено Илитија не можам да ја поднесам. Е сега кажуваат на МРТ дека следуваат и втора и трета сезона, веројатно тука го сместуваат и она Богови на арената.
Спартак (y)
 
Финале и крај за почит, но не и за мерак. Можеше поинаку да биде тоа смислено, али океј. Ми се свиѓа што не умреа од рацете на романскиве водачи, туку ги претепаа и што се вика, умреа на „пичкарски“ начин.
Сезонава беше одлична, серијата како целост исто така е лудница, мене ми е најдобра што некогаш сум ја гледал.

Првата сезона, освен првата епизода, е перфекција и е најдобро нешто што искочило на ТВ според мене.
Prequel-от беше предобар, Ганикус е прав ѕвер и неговото однесување беше нешто најдобро во серијата, после глумењето на Енди.
Втората сезона е најслабата, Лиам почна слабо и дури при крај се соживеа со ликот. Тука не мораше така да умре Ономеус, али океј.
Третата почна поспоро, со појавување на Цезар тргна во нагорна линија ептен и беше скоро добра колку prequel-от. Она што ја уништи беше 8-мата епизода, преглуп крај за Криксус, нелогичен марш и не ни знаеме точно како изгубија таму.

Цезар ме разочара малце, мислев дека по сите срања што ги истрпи, он ќе биде портретиран на крај како ѕверот што ќе почне да го реформира Рим, нереално, ама ќе беше интересно. :)

Како и да е, секоја чест за серијава и дај боже во иднина да има вакви. Во серијава имаше буквално се, така да тешко во брзо време да и најдам еквивалент.

П.с. Крај за почит!

 
Mac)) јас се согласувам дека втора сезона е најслаба ама Gods of the Arena не ја бројам тука, и не ми беше којзнае што. Прва и трета се топ, и доста ми е тешко да ги споредам дека се многу различни, првата се одвива во арената а третата е востанието. Не знам што ми е поинтересно. Криксус бил човекот што ја покренал Империјата но малку се разочарав што Цезар го испонижија при крајот :)

Доста различна серија од се друго така да ќе потрае додека видиме нешто слично.
 
Gods of the Arena е одлична сезона пред се` бидејќи убаво го воведоа ликот на Ганик и го ставија во центарот на случувањата. Ако ги тераа сезоните хронолошки, мислам дека ликот немаше да ми биде толку омилен. За мене Vengeance е најслабата сезона, најверојатно бидејќи на почетокот ми беше тешко да се навикнам на новиот Спартак. Не велам дека сезоната е лоша, далеку од тоа, туку ете, поради ситници, на почетокот не ја доживеав како што треба.

Во секој случај, Spartacus ќе ми остане запаметена како уникатна серија со совршена акција, необични ефекти, одличен дијалог и ликови, невидено крвопролевање и soft-core porn сцени. А да, ќе ја паметам и по феноменалниот крај, нешто што е реткост кај сериите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom