Skopje East Gate

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.873
Поени од реакции
36.918
Само Стружанка за ова и никакви западни брендови :kafence:
Пробано ама и они не се тоа што беа, опаднат е квалитетот. Мада за социјалки и маици за под кошули ја уште ги поштувам :D

Иначе за H&M не знам кој колку го засега ова, ама имаат супер алишта со добар квалитет за мали деца по ефтини цени (бар на запад, за тука не знам).
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.665
Поени од реакции
14.539
Пробајте ги Тритекс за гаќи, не се зафркавам.
Јас сум презадоволен од тие слип црните и сините.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.669
Поени од реакции
31.572
,,,vchera bev,,,i isto go mislam koga kazhav deka po golema utka investicija vo Skopje nema,,,ovoj ist gejt e duri pogolemo investicisko promashuvanje i od onaa fabrika vo Tetovo za elektrichni vozila ,,,
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.559
Поени од реакции
11.540
Ебати скептичниот народ, кога се отвараше ИГ се плачеше зашто истите брендови биле сеа се носи директна конкуренција на Зара а они коментираат па преку кур не ми мења
Промашена инвестиција која вработи голем број народ, стварно срце ме боли шипото дали ке ги извади парите
Стварно нечини што ги има сите брендови таму поубаво е да се акаш лево десно, ИГ е за пички
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.207
Поени од реакции
2.243
2 месеци се рекламираа големо отворање демек којзнае што ќе отворат а не продавница за облека како и секоја друга...ок отвориле супер али толкава фама се направи. и сеа место у зара бершка пулбеар ќе купиш маица за пред зграда од ХМ , е преку ... ххахаха
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
662
Поени од реакции
950
Мене ми беа смешни со обезбедување наредено толкаво пред продавницата ко не знам што да се дешава внатре. Глупости балкански
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Нема ништо поодвратно од овие квазиелитистички забави со таканаречени селебритис. Таков кич и лажна помпезност нема никаде, освен можеби на српска свадба.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.425
Поени од реакции
4.509
Не се заебавајте, инстаграм инфлуенсерките имаа ВИП покани за свечено отварање на најголемиот бренд во светот. Едно од најпрестижните достигнувања е да добиеш покана за отварање. За парчиња од не повеќе од 50 евра тотал, снимаа реелс и сториња како да биле на најпрестижниот моден настан во светот. Каква мизерија од народ сме, страшно :pos:
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.330
Поени од реакции
7.077
Пробано ама и они не се тоа што беа, опаднат е квалитетот. Мада за социјалки и маици за под кошули ја уште ги поштувам :D

Иначе за H&M не знам кој колку го засега ова, ама имаат супер алишта со добар квалитет за мали деца по ефтини цени (бар на запад, за тука не знам).
H & M ХИСТЕРИЈАТА, ЈАС И ДРУГАРИТЕ ОД КАМБОЏА И БАНГЛАДЕШ

Ние всело абер немавме што е ова H & M.
Гледаме по интернетов хистерија и редици луѓе кои чекаат да си пазарат по некое парталче ко ние всело што чекаме ред пред црква во Недела да запалиме свеќа.

Се собравме вкоперација и рековме: Lets go deep into H & M:

1) H & M (Hennes & Mauritz) - бренд за облека (за деца, тинејџери, мажи и жени) формиран 1947 од Erling Persson во Västerås, Шведска.

2) Денес - 4801 дуќани ширум светов.

3) Kомпанијата моментално тежи 24,8 милијарди долари.

4) Заштини лица на брендот:

*Kylie Minogue - Во 2007 година, H&M и Kylie Minogue промовираат костими за капење во Шангај - на прославата на отворањето на првиот дуќан на H & M во Азија.

*Lana Del Rey - заштитно лице на H & M во 2012 година за летната колекцијата. Сними кавер и спот за "Blue Velvet" како трибјут за познатиот режисер David Lynch од кого црпела инспирација во нејзиниот подем кон ѕвездите. (ко јас шо ќе црпам денес грав за инспирација пошо е Петок).

*Beyoncé- Во Мај 2013 година Beyoncé е лицето на H&M со нејзината кампања, "Mrs. Carter in H&M'' кој длабоко се врежи во нејзинот личен стајлинг. Како дел од промоцијата ја испеа "Standing on the Sun" која одеше во позадина на секоја промоција на колекција на H&M. (зделка од која дебело се офајдија и обете страни-околу 68 милиони долари.)

И ред други познати...

Инстант доживеав астрална визија: Во наредниов период очекувајте наши селебритис, спортисти, инфлуенСЕРИ/КИ да се сликаат во гардероба од H & M (за ситна пара)

5) Модни дизајнери со кои соработува H & M:
Karl Lagerfeld, Stella McCartney, Viktor & Rolf, Madonna, Roberto, Cavalli, Marimekko, Comme des Garçons, Matthew Williamsonm, Jimmy Choo, Sonia Rykiel, Lanvin, Elin Kling, Versace, Marni, Trompe-l'œil , Anna Dello Russo, Maison Martin Margiela. Isabel, Marant. Alexander Wang, Balmain, Kenzo, Zara Larsson, Naomi, Campbell, Jeremy Scott, Moschino, Richard Allan, Sandra Mansour, Simon Rocha...

Едно парче облека од горенаведените креативци може да кошта колку мојата годишна заработка со тоа што 1 година би морал да се откажам од јадење леб, сол, шеќер, масло и мешано сирење од "Кораб".

But, hold your horses Theodor:
Во H & M има парталчиња од 5$ до 5000$.
И баш поради тоа се многу јаки.
Цицаат и од сиромашни и од богати.

КАКО?

ВАКА:

-КАМБОЏА
Во Август 2011, околу 300 работници починале во фабриката на H & N за текстил во Кабоџа. Издувни гасови од хемикалиите за производство, мизерна вентилација, малнутриција (потхранетост). Работниците во фабриката земале месечна плата 66 долари...H & M во официјалниот извештај викаат дека работниците починале од "масивна хистерија" - Case closed

-БАНГЛАДЕШ
Истата година, после случката во Камбоџа, синдикатот на работници во Бангладеш бара да се воспостави независен, државен инспекторат кој би се грижел за сигурноста и условите во кои работат вработените во H & M фабриките за текстил. Доколку нешто чудно смрди, да се затвори фабриката. На средбата во 2011 година во Дака, главните Европски и Северно Амерички ревизори, вклучително и H&M, го одбиваат предлогот. Бројката на жртви кои продолжиле да работат во тие фабрики е непознат. - Case closed

-РОБСТВО И ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА ДЕЦА КАКО РАБОТНА СИЛА
2ри Јануари 2013 година. "The Ecologist" објавува сторија со докази во која H&M во асоцијација со Владата на Узбекистан врши експлоатација на деца како работна сила за собирање на памук низ полињата во Узбекистан. Од тој памук обично бело памучно маиче во H & M чини 15 до 20 долари.

Во Фебруари 2017, "The Guardian" објавува дека деца работат во фабриките на H&M во Мјанмар за плата 15 центи за час – половина од најмалата легална месечна "плата".

КВАЛИТЕТНО ИЗГРАДЕНИ H & M ФАБРИКИ КОИ КОЛАБИРААТ И УБИВААТ РАБОТНИЦИ

Савар, Бангладеш - Април, 2013 година - се смета за најголемата катастрофа во историјата на човештвото што се однесува на колапс на структура на фабрика - 1100 мртви и 2500 повредени работници.

Пхон Пхен - Камбоџа - 19 Мај - 2013 година - Повторно се срушува фабрика на H & M - број на жртви и повредени - непознат...

Низата на контраверзии продолжува до недоглед а мене искрено прстиве ме болат од гихтов (во коментари за останатите срања на H & M)

КОМРАДС:
Немам намера да го управам светов ниту да го разубедам оној кој намисли да си пазари во H & M.
Ова е само едено просто, површно истражување на група селани понесени од хистеријата H & M, седнати пред коперација кои пијат ладно Крали Марко а кои никогаш не слушнале за H & M и се чувствуваат усрамени.

Со почит
Theodor the son of Thorin II son of Thráin, Durin's family lineage.
Farmer - cherry tomato lover.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Истото што го напиша е и за други модни брендови, сите имаат ефтина работна рака и фабрики по Индија, Бангладеш итн.
И Македонија има ефтина работна рака за C&A кој исто има убави парчиња облека за малку пари.

H&M има убави работи посебно за деца.

Тие гужвите како што гледам по слики ги прават деца кои се распуст и нема што да прават дома и мислат дека ќе си купат некоја маичка за џабе.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Истото што го напиша е и за други модни брендови, сите имаат ефтина работна рака и фабрики по Индија, Бангладеш итн.
И Македонија има ефтина работна рака за C&A кој исто има убави парчиња облека за малку пари.

H&M има убави работи посебно за деца.

Тие гужвите како што гледам по слики ги прават деца кои се распуст и нема што да прават дома и мислат дека ќе си купат некоја маичка за џабе.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.330
Поени од реакции
7.077
Истото што го напиша е и за други модни брендови, сите имаат ефтина работна рака и фабрики по Индија, Бангладеш итн.
И Македонија има ефтина работна рака за C&A кој исто има убави парчиња облека за малку пари.

H&M има убави работи посебно за деца.

Тие гужвите како што гледам по слики ги прават деца кои се распуст и нема што да прават дома и мислат дека ќе си купат некоја маичка за џабе.
не го прочита цел текст или??

умирале луѓе да ти сошиат парче за тебе ти да носиш..... да не си од ројалистичка фамилија па ти е вообичаено
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
234
Не знам јас сум Балканец. Кај и да одам во продавниците на истите брендови влегувам/купувам. Тие питите на тоа Џој нешто као Шри Чинмој продавница за храна, епа таму купувам. Исто пошто нема други слаткари, или барем не видов, си земам колаче и кафе во Кинг Бургер. Од облека Пул енд Беар. Ха енд Ем имаше некој собир, као не ги пуштаа преку ред луѓево. Ми кажа таа, 15 илјади денари давале прв ако влезеш... да се испотепаме сега ајде.

Ама пак велам, Балканец сум, шо к*р дека ќе купувам од Ха енд Ем. Ќе си фатам девојка полесно со облека од Ха енд Ем? Да не испадне на крај турска роба :D :P

Шон Пол ќе дојде да ги одработи картите што ги купија, само за да купи од Ха енд Ем :P :D

Едина храна што ја пробав беше кај тој некој ресторан што спремаат во порцеланска долгнавеста чинија. Заситува ама и парите не се малце. Ако веќе купувате тоа од приближно 400 денари ќе ве најаде убаво. Се разбира ако не ви се насолзат очите од цената.

За чудо не видов кинеска храна, оти таа е на рамниште 400-500 денари за добар ручек.
Автоматски споено мислење:

Личи на хуманоиден вид на организам од Стар Трек
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom