Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
"Книга на крвта" од Клајв Баркер. Неколку хорор приказни од човекот за кој Стивен Кинг кажа дека е иднината на овој жанр. Посeбно е интересно кај Баркер тоа што злото секогаш победува, а познат е и по серијалот Hellraiser.
 
уште неам почнато ама планирам да ги фатам од JR Ward - the black dagger brotherhood па да прашам: чинат??? :)

ова као оф топик испадна,па да се вратам во контекст: последна ја читав цвеќиња на злото од Шарл Бодлер
 
прееска во школо набрзинка ја пролистав ''бивши фактор''... досадно,па ми даде една другарка... :pos2::pos2: добро книгиче...
 
"Американска Трагедија'' од Теодор Драјзер.Едно од најсовршените дела на американската книжевност.Инаку книгата го обработува животот на
едно американско религиозно семејство,особено на момчето Клајд Грифитс,неговите мечти,проблеми,целиот негов животен пат.
 
Многу многу, добра книга!
 
Престиж- Кристофер Прист, но искрено не ми се допаѓа, лесна е за читање ама некако станува досадна :toe::smir:

Ја имам дома. Ја немам прочитано али за филмот слушнав дека бил многу добар.

Се надевам дека таа че биде следната книга која че ја читам.

Ја читам (поточно сум при крај) една од најубавите книги.

"Страници на нашата љубов" или "The Notebook" - Николас Спаркс.

Како и предходната книга од Николас Спаркс која ја прочитав ("Чекори за сеќавање") и оваа книга ме воодушеви. Стварно Н. Спаркс е талентиран за ваков жанр на романи - љубовни.

Земајќи еден стар, излитен бележник еден маж почнува да ја чита, со глас исполнет со сеќавања, тажната приказна за двајцата несреќни љубовници и нивното долго и трогателно патување кон среќата.
„Јас сум обичен човек, со обични мисли, што живее обичен живот. Не постојат споменици во моја чест, а моето име наскоро ќе биде заборавено, но јас љубев со сето свое срце и душа и за мене тоа секогаш беше доволно.“
Вака започнува овој возбудлив роман кој е двојна приказна за љубовта, изгубена и најдена, и борбата на еден човек да допре до срцето на другиот, кој веќе ги изгубил сеќавањата за најдрагоцените мигови од својот живот што полека згаснува.
Страници за нашата љубов е книга за магијата на љубовта, онаа вистинската и трајна, која ве води на патот по незгасливиот премин меѓу вашето срце и душа, што само љубовта умее да го отвори.
Блескајќи со убавина која ретко може да се најде во литературата денес, овој роман го сместува Николас Спаркс во редот на класичните раскажувачи со уникатна способност да проникне во единствената емоција која навистина ни значи.
Романот доби и своја екранизација во истоимениот филмски хит од 2004 година, кој, исто како и книгата, ги освои симпатиите на публиката и критичарите.
 
"Без збогување" од Линвуд Баркли. Книгава е ФАНТАСТИЧНА! Денес почнав да ја читам и сигурна сум дека ќе ја завршам вечерва. Толку е уплеткана, мистериозна, те тера да мислиш, добро е разработена, а се работи за едно 14 годишно девојче, кое по караница со нејзините легнува да спие и наредното утро кога станува нејзините родители и братот се исчезнати и ги нема повеќе. Не се пронајдени ниту тела, ниту ништо... и сите се чудат како е можно само таа од сите да остане во куќата и да не чуе ништо. По 25 години, жената со маж и 8 годишна ќерка повторно се надева дека ќе дознае нешто повеќе и ќе ја прекине таа 25 година агонија која ја прогонува. Сега за сега... на книгава и давам чиста 10ка!:vozbud:
 
Ne bas vo momentot pred eden mesec ja procitav Digitalna tvrdina od Den Braun mnogu interesna kniga triler.
 
Коцкар - Достоевски. Одлична книга како и сите од Достоевски
 
"Американска Трагедија'' од Теодор Драјзер.Едно од најсовршените дела на американската книжевност.Инаку книгата го обработува животот на
едно американско религиозно семејство,особено на момчето Клајд Грифитс,неговите мечти,проблеми,целиот негов животен пат.

Сега прочитај ја Титан, мислам дека е исто убава ако не и подобра, вреди да се прочита, за да можеш да направиш една слика, на Америка во времето на развој, ќе ја најдеш Македонија, истото сега кај нас се сличува
 
Бон тон, професорката по макеоднски ни ја препорача.
 
Ќерката на чуварот на спомените- Ким Едвардс.. убава книга е и брзо се чита :smir:
 
Розата на Севастопол - Катерина Мекмехон, почетокот ветува многу, се надевам нема да се разочарам.
 
Роберт Ладлам - Сложувалката на Парсифал.

Уф, ова е книга, а не јас. Книџиште! Се мислев дали да ја купам оваа или Московски вектор, ама се решив за оваа.
Во два дена го прочитав првиот дел, околу 400 страници. Отидов сношти до книжара и го купив и вториот, исто околу 400 страници, еве сега само што ја завршив.
Некогаш вакви трилери, лесни за читање ми се потребни после неколку потешки прочитани книги изминативе две недели.
 
И Московски Вектор е многу добра. Ја добив како препорака, must read книга според другар кој никогаш не го интересирала литературата, и од чист куриозитет за тоа колку е тапа книгата, ја прочитав.

Премногу е интересна приказната, личи на секоја останата шпионска приказна, ама има некои многу интересни детали вметнато, и е добра, иако ме нервира тоа што американците можеа да се извлечат од секоја ситуација по некоја коинциденција. Ако имаш можност, прочитај ја.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom