Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Се врткав дновиве по матица оти имаат некој попуст + саем на лесна литература и го зедов Тони Парсонс, поточно неговата книга - Нов почеток. Книгава е добра, лесно соџваклива и е тематика на секојдневниот живот (мање више). Еден човек (цајкан) по пресадувањето на новото срце почнува да се однесува чудно. Тој повеќе не е контрол фрик, со жена му е најдобриот љубовник, со своите деца, одличен пријател. Но дали тој сака сево ова да остане? Стариот живот си има свои спомени, и тој ќе стори се` за да го врати назат.
 
Oсаменоста на простите броеви од Паоло Џордано.
Книга и пол :)
Преуба е и отпоќе психолошка.
 
"Големата шаховска табла" од Zbigniew Brzezinski
 
Проклета авлија од Иво Андриќ. Се зборува за престојот на католичкиот калуѓер фра-Петар во затворот наречен "Проклета авлија", во Цариград и неговите доживувања таму во текот на двата месеци кои ги одлежал "при правдина". Централниот лик е всушност Ќамил-ефенди, богат млад Турчин од Смирна, кој поради несреќен сплет на околности завршува во цариградските зандани.
Роман сместен во времето на осмаллиското владеење на Балканот, претставува критика кон тогашната бескрупулозна власт и ја прикажува положбата на интелектуалецот во друштвото кое го отфрла.
 
Пустина од Ѓорѓи Абаџиев. Книгава е за двајца атентатори кои останале живи и се наоѓаат во затвор.Едниот е борец, другиот крева раце од животот.:tapp:
 
Приказни на Шехерезада - од група автори. :smir: Поточно шест од нив (1001), меѓу кои и надалеку познатите: Аладин и волшебната ламба и Али Баба и четириесетте разбојници.
Класична арапска мудрост во духот на исламот.
 
Престиж- Кристофер Прист, но искрено не ми се допаѓа, лесна е за читање ама некако станува досадна :toe::smir:
 
"Оаза" од Лорин Вонегут. Сега за сега ок е. Не е заразна за да не можеш да ја оставиш. Се работи за една жена - Лили која бегајќи од човекот кој ја купил, доаѓа до една оаза во Сахара во која има луѓе кои се малку чудни.
 
„Јади, моли се, уживај“ -одлично четиво. Предобро користени зборови и прекрасно раскажано. Елизабет Гилберт раскажува за нејзиниот бурен живот поради кој заминува на патување низ Италија, Индија и Индонезија.
 
значи ја од вакви книги нема да се оттргнам ! :toe:
сега : "Мапа од коски" од Џејмс Ролинс . Интресна ..за во еден здив како и секоја друга од авторов :vozbud:
 
Ремек делото во француската книжевност, портрет на француското општеството во средината на XIX век: Клетници од Виктор Иго.
Детали не се потребни, самиот наслов и писател се повеќе од познати.
 
"А потоа "- Гијом Мисо , толку обична приказна , а ќе се пронајдеш во секој ред од неа...крајот ќе те остави без здив дефинитивно :pipi:
 
„Жалба“ од Џон Гришам. Убава е. Раскажува за како богатите со пари се обидуваат да ја купат пресудата, и како не сакаат ниту долар да им исплатат на сиромашните на кои им им ја загадиле водата, и кои повеќето се болни од рак и др болести поради тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom