Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
И Московски Вектор е многу добра. Ја добив како препорака, must read книга според другар кој никогаш не го интересирала литературата, и од чист куриозитет за тоа колку е тапа книгата, ја прочитав.

Премногу е интересна приказната, личи на секоја останата шпионска приказна, ама има некои многу интересни детали вметнато, и е добра, иако ме нервира тоа што американците можеа да се извлечат од секоја ситуација по некоја коинциденција. Ако имаш можност, прочитај ја.
Би имал можност, ако веќе не е продадена во книжарата кај што имаше попуст, беше 190 денари, наспроти овие две од Сложувалката кои беа по 290.
Уште една недела има од попустот, ако ја донесат пак обавезно ја земам, ако не имам уште да читам, не Ладлам, али други. Си читала некоја друга од него да ми препорачаш? Ја имаше и Париска опција ваму, а јас сум ги читал само Борновиот идентитет, и тоа на српски, многу одамна.
 
Би имал можност, ако веќе не е продадена во книжарата кај што имаше попуст, беше 190 денари, наспроти овие две од Сложувалката кои беа по 290.
Уште една недела има од попустот, ако ја донесат пак обавезно ја земам, ако не имам уште да читам, не Ладлам, али други. Си читала некоја друга од него да ми препорачаш? Ја имаше и Париска опција ваму, а јас сум ги читал само Борновиот идентитет, и тоа на српски, многу одамна.

Не читам таква литература. Јас сум повеќе по психолошкиот реализам, романтизам, а и криминалистика читам. Немам ништо друго од Ладлам читано.

Ама, колку што ми кажувале, мислам дека би ти се свиѓале и останатите негови книги. Приметив, по филмовите си. Ако се решиш да ја читаш Московски Вектор, нема да најдеш некоја голема разлика помеѓу пишаниот збор и некој амерички акционен филм со напредна технологија и добри специјални ефекти. Освен тоа што тука сам ја замислуваш ситуацијата и сам ја поставуваш сцената. Мислам, на тој принцип ги има пишувано книгите. И секогаш американците се спасуваат.

Борновиот Ултиматум ми ја имаат фалено, филмот многу ми се свиѓаше па сум со намера да ја читам, откако ќе завршам со Гете и Достоевски.
 
.......моментално ја читам "Храна на љубовта" од Ентони Капела,и сега за сега импресиониран сум од книгата
 
Заговор на Третот небо - Џулио Леони.... ја барав веќе долго време иако ја имам во хрватско изданије но некако ми беше мн тешка за читање па ја добив како подарок за роденден во македонска верзија...инаку се однесува на една истрага која ја води Данте Алигери околу едно '' обично '' as always убиство и како што вели самиот автор ....'' Ова е Данте кој сакав да го учам '' :)
 
"Дванаесет Искушенија" - Габриел Маркес

Осаменост, меланхолија, тага, провејуваат низ сите дванаесет раскази...
 
Денес ја зедов Страв и трепет од Амели Нтомб мала книгичка интересна, за релаксирање е супер
 
Официјално паднав на општата еуфорија.
Го привршувам Twilight серијалот.
:вештерче:
 
Bloodline by Sidney Sheldon. Во оригинал, на англиски, веќе на една третина. Лесно соџвакливо, стил кој не замара, таман за овие денови на постфакултативен стрес. Оценка 8/10 за сега.
 
Ќерката на чуварот на спомените
супер е сега за сега..
и истовремено и Кич Митологии-Венко Андоновски.. за Венко како и секој еден немам зборови!!! Гениј!!! Среќна сум што имаме вакви луѓе во државава наша.. исто така би сакала да ги прочитам Вештица и Папокот на Светот сега таман немам поише испити и ме фати книгоманија и ќе си го искористам слободново време : )))
 
“Требаше да се сликаме, пред да се замразиме“ од Блаже Миневски. Не знам како да ја опишам книгава искрено, мешавина од сатира, иронија на едно време...
 
Почнав да ја читам Бележникот на Михеланџело...Сега за сега ме заинтересира...а и понатам во план за читање ми е Аферата на Ван Гог..:smir:
 
Ловец на змејови - Халед Хусеини

Денес ја почнав и веќе прочитав околу 200 страни, што значи до пола од книгава можам да кажам дека е многу потресителна, тажна и морничава. Со секое наредно поглавје навлегуваш со мислите повеќе и повеќе во книгава дури да влезеш во психата на главниот лик.
Има и филм кој е базиран според книгава кој планирам да го гледам откако ке ја прочитам.
Засега оценава би била негде 8-9/10.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom