Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
The left hand of God - паралелна сегашност, инаква реалност, вонвременски, битка за себепронаоѓање, вера пртоив слобода, натуреност и догма против слободоумие, жед за премоќ и превласт, а се поврзано околу судбината на едно момче и неговиот суров живот, неговата љубов и изневера и потребата на догмата за доминација.

Ова као за ВикторЧе да не ме забрише, оти нели сеа е поглавен на темава!

Официјално паднав на општата еуфорија.
Го привршувам Twilight серијалот.
:вештерче:

Јас го завршив, одамна, интересно како успеав да се вовлечам во книгите, а воедно и да се одморам од секојдневието.
Љубов, интрига, желба за припадност, инаквост!
 
Јас го завршив, одамна, интересно како успеав да се вовлечам во книгите, а воедно и да се одморам од секојдневието.
Љубов, интрига, желба за припадност, инаквост!
Делиме впечатоци. :)
Мене ме фасцинираше нејзината дуалност, иако карактерите на останатите ликови во книгата не се доволно добро разработени, текот на нејзините мисли е ... одвратен и толку привлечно реален во исто време што ја мразиш, ја сакаш, ја сожалуваш, се индентификуваш и на крајот се надеваш за неа.
Одлично за одвлекување од реалноста. :)
 
Еве само што ја завршив Сидарта од Херман Хесе. Преубава книга, ја прочитав во еден здив
 
Делиме впечатоци. :)
Мене ме фасцинираше нејзината дуалност, иако карактерите на останатите ликови во книгата не се доволно добро разработени, текот на нејзините мисли е ... одвратен и толку привлечно реален во исто време што ја мразиш, ја сакаш, ја сожалуваш, се индентификуваш и на крајот се надеваш за неа.
Одлично за одвлекување од реалноста. :)

Неснаоѓањето на ликот, во сопствената дуалност, наспроти поларизираноста на обата клана, вклопено со моменти на себепотрага на младичот со кој е обземена и финишот за склоп на деловите во една целина придонесува за квалитетен одмор во дувлата на фантазијата и оттргнување од секојдневијата во кои пливаме!
 
„Браќата Карамазови“ од Достоевски.

Почнав и прочитав некои 100тина страни. Ако некоја книга јако ме здрмала и ми го заматила мозокот ова е тоа. Фасцинантен талент за градење психолошки карактери, теории, аргументи, факти сплотени во една целина што восхитува. Претешко за сфаќање и доживување во вистинската смисла на зборот.

Не сакам да спомнувам ништо за содржината затоа што ме восхитија многу други нешта пред сè. Револуција во мозокот ми се случи при 3 прочитани глави и чувствував дека морам да одморам некако па да продолжам понатаму. Ако постои некаков гениј во руската реалистичка литература зборуваме токму за овој, Достоевски!
 
Еве членот над мене ме инспирира и јас да напишам што читам, во моментот иако немам многу време сепак наоѓам време и во моментот ја читам "Ловец на змејови" авторот е Хосеини Халед, книгата е издадена во 2003, негова прва книга и беше доста успешна, авторот е потекло од Авганистан, а живее во Америка, во книгата го опишува животот од неговата 12та година па се до 2003 кога и ја завршува книгата, секојдневно читаме и слушаме за конфликтите во Авганистан, во книгата е опишан животот и случувањата во Авганистан од очите на едно богато дете, како бега во Америка за време на конфликтот, како почнуваат од 0 со неговиот татко, интересна книга мислам дека секој треба да ја прочита.

 
„Под мермерно небо„ од Џон Шорз...Интересна книга...За Индија,за изградбата на Таџ Махал...Ми се допаѓа...
 
Девојката со портокали, Јустејн Гордер заеба работа....книгата воопшто не ми се допаѓа.
 
После долго време правам ресет на серијалот Автостоперски водич низ галаксијата:pos2:
 
Ја завршив пред некој ден “Розата на Севастопол“. Историско-љубовно четиво во кое се испреплетени семејните односи. Дејството се случува за време на Кримската војна. Препорачувам да го прочитаат сите што сакаат историски романи.
 
„Пеколен Фактор“ од Роберт Ладлам. Одлична, возбудлива приказна. Книгава нема да ја испуштите од раце се додека не ја прочитете. :)
 
Гол Човек- Игор Џамбазов ( ко да не знаевте :P ) Интресна ми е ... нема некој кизнај колку добар речник ... ама солидно :smir: и доста добри споредби прај .. и има некои јаки мисли
 
Колиба - Вилием Пол Јанг
Само ми изгледа тешка книга па се думам дали да престанам да ја читам за да си ја прочитам на распустов, да ја сварам полесно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom