Prometheus / Alien: Covenant

  • Креатор на темата Креатор на темата Hurin
  • Време на започнување Време на започнување
а на филмот шо би му дал? :)
викаат не е толку добар како кецот и двојката ама подобар бил од тројката и четворката...?

За оценка,штознам.

Дека е подобар од тројката,не би рекол.Тројката си е лоша,ама барем нема дупки во сценариото толку големи да посакаш да си ги исечеш јајцата со моторна тестера.

Четворката си е забавен треш и ми се чини четворката ќе ми остане погледана од Прометеј.

Патем,што треба да сторам за да ми се појават спојлер тагови на менито?
 
Да, гледам по рецензииве сите се жалат на приказната дека е пуна дупки (што не ме чуди пошто оној од Лост го пишуваше сценариото).

"....јајцата со моторна тестера." :pos:

Спојлер таг, колку шо знам - нема.Уа Кајгана!
На почеток на текстот ставаш SPOILER во ваквa [ ] заграда, на крајот /SPOILER во иста таква заграда.
 
Што е смислата на темава, освен што на секој на кого филмот му бил толку важен што го изгледал на кино снимка, може да им трола спојлери на другите? И онака сме малце строги во врска со теми за одделен филм, клуч за ова.

Ве поздрављам! :cool:
 
Со што Прометеј би рекол дека интригира и те тера да копаш повеќе информации и да си креираш свои сценарија, затоа мислам дека филмов ќе биде совршен за дискусија меѓу Alien фановите и ќе треба да се отвори темава
Темата е повторно отворена, SPOILER FREE. Не знам зошто го потенцирам тоа кога тој што го нема гледано филмот по логика нема да влегува во темата, ама ако.
 
Да не му се најдува на некој торент со добра снимка од чудово, да ми прати по ПП ако не е против правилата на форумов?
 
ќе се чека вториот дел кој бил планиран за 2-3 години
иначе многу малце информации видовме во филмот долг речиси 2 часа
 
Два пати имам заспано во кино.
Господар на прстените (1 дел) и Прометеј.
Поужасен филм здравје.
 
Пред 4 дена како што повеќето знаете излезе добра снимка на торент. И конечно после три месечно чекање се сместив да го гледам. Имав големи очекувања ама и филмов пред да биде премиерата постојано имаше јак маркетинг за него и се бомбардираше јавноста, па можеби сите имавме големи очекувања. Филмов е феил според мене. Една бледа копија на Event Horizon кој го гледал знае... Очекував многу подобра глума ама и далеку подобра приказна од оваа... Се се сведуваше на една бркотница која на крајот заврши уште поглупаво. Ама изгледа нешто е оставено за двојката. А споредби со Аватар се смешни, е тоа е филмиште.
 
Prometheus (2012)
е сосем солидно остварување. Одамна ми се гледани Alien филмовите но мислам дека ова остварување со ништо не се посрамоти и не ја расипа сликата на оригиналот, како што тоа го направија некои други римејк филмови, приквели итн... Мислам дека ја долови атмосферата баш добро а ефектите посебно ми оставија впечаток. Најмногу Креаторите, навистина фантастично дизајнирани, додека вонземјаните се комплетно како во оригиналот и сеуште број еден на хорор/сајфај листата на непожелни гости од вселената. Целата компјутерска работа на бродот навистина футуристички и со стил. Сето тоа ми се допадна.

Читав забелешки дека ликовите не се убаво обработени и тоа е стандардна забелешка која обично држи место, но во вакви филмови ретко кога некој одвојува време за тоа, а имам впечаток дека режисерот сакал да остане доследен на оригиналите и на филмовите од 70/80-ите и кога сме тука, филмов во поглед на карактерите ме потсети на The Thing. И таму доаѓаат во директен дуел со суштество кое може да ја загрози целата човечка раса и се борат да го победат. Притоа не ни е многу важно кои се луѓето.

Сепак, не знам што бараше Charlize Theron во филмов. Нити знам која беше нејзината улога, неколку пати им промрче на другите дека е главна, цело време беше изнервирана и тотално ништо не направи што би го оправдало нејзиното присуство. Добро одглумено од Гај Пирс и главната актерка одлична. Се надевам дека ќе има продолжение. Бел бумбар.

Пошо дискусија терате тука нека стои...
 
Пред 4 дена како што повеќето знаете излезе добра снимка на торент. И конечно после три месечно чекање се сместив да го гледам. Имав големи очекувања ама и филмов пред да биде премиерата постојано имаше јак маркетинг за него и се бомбардираше јавноста, па можеби сите имавме големи очекувања. Филмов е феил според мене. Една бледа копија на Event Horizon кој го гледал знае... Очекував многу подобра глума ама и далеку подобра приказна од оваа... Се се сведуваше на една бркотница која на крајот заврши уште поглупаво. Ама изгледа нешто е оставено за двојката. А споредби со Аватар се смешни, е тоа е филмиште.

:facepalm:

Си ги гледал претходните Alien делови па вака што го исплука или онака слушна само дека е сф блокбастер па ај ќе го гледам сигурно интересно ќе биде?

И вкусот на публикава се повеќе и повеќе се подобрува, Авенџерс има над 8, овој има нешто над 7. Не ми е јасно што очекуваа луѓево? Се работи за приквел на Alien, а приказната е комплексна и има голем потенцијал да се развие во нешто многу добро. Според мене сега за сега држи добар правец, не може цело време тоа па тоа да го гледаме, односно како Ксеноморфот ги убива сите и на крај само Сигурни Вивер се спасува.
 
Онака се заинтересирав , дали Спејс џокеите/инжињерите ги создадоа ксеноморфите да ги уништат луѓето или пак сакаа да ги искористат луѓето за размножување на ксеноморфите ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom