Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Love and other drugs


Џејми е кул и опуштен дечко, кој знае како треба и добро му оди со женските. Откако ќе добие отказ од работа, влегува во фармацевтска компанија која промовира нов лек (вид на антидепресив) и сака успешно да се пробие и рашири на пазарот. Шармот негов му ги отвара потребните врати, парите доаѓаат, девојките се нижат, амбициите растат .. Се' додека не ја запознае Меган.

- Супер филм. Го пуштив синоќа мислејќи дека e нешто слично на на No strings attached, ама не - приказната е многу подобра, појака, подлабока. Сторијата зборува за тоа и не освестува, дека колку и да сме сите похлепо навлезени, приоритетно и морално пореметени во ова сурово општество, сепак на крајот на тунелот постои човечност и емоција .. Постои ЧОВЕКОТ! Постои таа друга особа која ќе ти го даде потребниот допир и чија насмевка ти е поважна се' друго останато и привидум повредно од неа. Особа за која вреди и треба да кренеш раце од се', а сепак ќе се осеќаш како најисполнет човек на светот покрај неа.

Исто добра и интересна е дозата на хумор, има Барни фрази и потези. Nice tips, nice .. :cool:

9ка има од мене. Неочекувано, а пријатно ме изненади филмот и целата приказна. Плус тоа Anne Hathaway, bitch please! :love:
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.815
Поени од реакции
1.565
Mrtav Ladan (2002)
http://www.imdb.com/title/tt0301634/
Јака комедија приказнава е незнам :pos: да црн хумор ама доста е добро во секој случај. Имено главните ликови во филмот се обидуват да го однесат нивниот дедо за да го закопат ќе тргнат со воз , па по пат ќе го изгубат и што уште не... Гледајте го да не раскажувам нема да ви е интересно! Оцена 8/10 никогаш нема сагламен крај во балкански филм
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Prometheus

Филмов претрпе огромни критики, особено во делот за плот холс. Јас лично сум задоволен од она што го добив, а читајќи рецензии на имдб дека филмот бил полош и од Б кетегорија на сф филм, очекував тешко срање, а филмов е далеку од тоа. Баш ради тоа задоволството е големо, не би се осудил да го оценувам од причина што ова е почеток на една трилогија од Ридли Скот, но деф. под 8 ца не би му дал, и за мене Прометеј е подценет на ИМДБ.
Ми се допаднаа вселенските бродови на луѓето и спејс џокеите наречени инжињери (дефинитивно ако сакате да го гледате филмов мора да се едуцирате од Alien, зошто нема да ви биде јасно кои се па овие), сите гаџети од иднината ко на пример топчињата што мапираа и креираа 3Д карта, количките со кои се возеа до Базата (исти ко од Aliens на Џејмс Камерон). :) Потоа самата База, ко Х.Р Џиџер да ја правел сценографијата. :)
Се согласувам дека тензијата не е на ниво на Alien серијалот, ама да се каже дека нема тензија е малку претерано, самата кинематографија и бродот одвнатре опасно подсеќаат на Елиен, всушност целиов филм е направен во духот на Елиен и деф. Прометеј ми е омилен после првите два дела од серијалот. Она што мене највеќе ми се допадна се деталите, Ридли Скот се потрудил толку многу околу деталите и ни дава толку многу одговори и решава толку многу мистерии поврзани со претходните Елиен филмови што не можеш да бидеш незадоволен. И бидејќи се спомнуваа дупки во сценарио, јас пак не би се сложил со тоа, во приказната доста настани и детали не се потенцираат и нагласуваат или се објаснети во завиена форма, така што гледачот ќе мора сам да си поврзе некои работи за добие целосeн мозаик и добар приквел. Со што Прометеј би рекол дека интригира и те тера да копаш повеќе информации и да си креираш свои сценарија, затоа мислам дека ќе биде совршен за дискусија меѓу Alien фановите и ќе треба да се отвори темава

http://forum.kajgana.com/threads/prometheus-2012.59180/.:)

Нормално имаше работи кои воопшто не ми се допднаа и беа избрзани и исфорсирани. Осеќам дека Ридли Скот имал ограничување во однос на должината на филмот и морал да импровизира со некои делови. А да, Шарлиз Терон и нејзиниот лик за мене беа тотално непотребни во Прометеј, убацена е ко џокер у табланет. :)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882

LifeIsBeautifulPoster.jpg

Првата половина на филмот е со многу романтика и комедија и е прикажано времето пред првата светска војна кога Гвидо ја запознава Дора.
По неколку години тие се зимаат и имаат син.
Во втората половина од фимот е прикажано времето кога започна втората светска војна. За време на 4 роденден на синот Гвидо и неговата фамилија со воз ги носат во концентрационен логор.
Се што се случува таму и дали ќе прежвеат ќе видите ако го изгледате филмот.
Оцена 10/10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Prometheus (2012)
е сосем солидно остварување. Одамна ми се гледани Alien филмовите но мислам дека ова остварување со ништо не се посрамоти и не ја расипа сликата на оригиналот, како што тоа го направија некои други римејк филмови, приквели итн... Мислам дека ја долови атмосферата баш добро а ефектите посебно ми оставија впечаток. Најмногу Креаторите, навистина фантастично дизајнирани, додека вонземјаните се комплетно како во оригиналот и сеуште број еден на хорор/сајфај листата на непожелни гости од вселената. Целата компјутерска работа на бродот навистина футуристички и со стил. Сето тоа ми се допадна.

Читав забелешки дека ликовите не се убаво обработени и тоа е стандардна забелешка која обично држи место, но во вакви филмови ретко кога некој одвојува време за тоа, а имам впечаток дека режисерот сакал да остане доследен на оригиналите и на филмовите од 70/80-ите и кога сме тука, филмов во поглед на карактерите ме потсети на The Thing. И таму доаѓаат во директен дуел со суштество кое може да ја загрози целата човечка раса и се борат да го победат. Притоа не ни е многу важно кои се луѓето.

Сепак, не знам што бараше Charlize Theron во филмов. Нити знам која беше нејзината улога, неколку пати им промрче на другите дека е главна, цело време беше изнервирана и тотално ништо не направи што би го оправдало нејзиното присуство. Добро одглумено од Гај Пирс и главната актерка одлична. Се надевам дека ќе има продолжение. Бел бумбар.
 
H

HoT IcE

Гостин

Задоволен сум од двојкава, блокбастер ко блокбастер со сите свои квалитети и епитети само овојпат втор дел, задоволен сум од филмов, добив тоа што очекував, а верувам дека и вие ќе бидете задоволни од двојкава. Дефинитивно вреди секој мегабајт симнат да се погленде филмчево, и углавном добро филмче за чилање саат ипол. Одлична глума од сите актери, особено легендарен ми беше Чак Норис кога се појави, она баш у негов Чак Норис oneman army стил, и потоа приказната како преживаел беше ептен јака, баш ко од заебанцииве.
Оценка 10/10 за блокбастер !
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Technotise: Edit & I (2009)

Ова е српски научно-фантастичен анимиран филм. Дејствието е сместено во Белград, во 2074 година. Се работи за Едит, која студира психологија и за да може конечно да го положи испитот кој го паѓа веќе шести пат, се решава да си вгради чип за меморија. Таа исто така работи и како придружник на еден аутистичен математичар, Абел. Повеќе не раскажувам, поинтересно е кога се гледа нешто без многу предзнаење.

Сценарист, режисер и главен творец е Алекса Гајиќ, познат српски стрип-уметник. Филмот е базиран на неговиот стрип Technotise, но приказната е различна. Како идеја е доста интересна и солидно изведена, иако не е многу оригинална – се работи за сајберпанк приказна со веќе видени елементи.

Анимацијата е многу добра. Слична е и на јапонските аниме и на западноевропските стрипови. Има неколку добри акциони сцени. Во текот на филмот Гајиќ оддава почит на Катсухиро Отомо (творецот на Акира) – Едит има робот-милениче кое се вика Отомо, Мебиус (името на синот на еден Ром), Тревис Черест (канадски стрип-уметник кого морав да го побарам на Википедија, а една улица во филмот го носи неговото име), па дури и на Пи (со формулата која ги обединува сите енергии). Има и hover boards како во Враќање во иднината.

Иако сè се одвива во иднината, многу работи се слични, дури и исти како во денешниот Белград: се чека за пријавување испит, но наместо Едит чекаат нејзините роботи мечето и зајакот, мајка ѝ на Едит гледа футуритички шпански серии, всушност португалски зборуваат во серијата, а има и други интересни моменти на мешање на денешницата со иднината. Многу голем плус се убавите позадини во филмот кои го прикажуваат Белград и неговите препознатливи градби и локации, но со футуристички промени (Студентски трг, Бранков мост, Железничката станица, итн). Ликовите не се многу поинакви од луѓето денес, и иако се динамични, смешни и интересни, не се многу развиени и се доста просечни. Друг минус е и тоа што сценариото се обидува да опфати важни филозофски теми (смислата на животот, свеста, единството на машините и на луѓето), но не е доволно силно за сериозно да ги обработи. Особено крајот разочарува, бидејќи не нуди ништо посебно. Има доста хумор во филмот, па добро е што филмот е на српски јазик и нема многу што нам ни се губи во преводот.

Гласовите се позајмени од познати српски глумци, кои се доста добри. Музиката е типична за жанрот, но интересна. На официјалната веб-страна на филмот може и бесплатно да се спушти. Но, малку ми беше чудно што во една сцена (сцената каде Едит се тепа со обезбедувањето на факултетот) музиката премногу беше слична на Aerodynamik од Kraftwerk.

Прочитав дека Legendary ги откупиле правата за римејк, па ќе видиме што ќе направат од Холивуд.

Оценката на IMDbму е 7,2. Јас му давам 6,5.

Филмот е многу забавен и кул - супер изненадување од Србија. Особено би бил интересен за обожавателите на аниме и на научната фантастика. Да напоменам дека е повеќе за возрасни и има некои сцени наменети за повозрасна публика, на германското ДВД стои ознака за над 16 години.

lg_editandi.jpg
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Transporter trilogy
203037134.jpg
Во сите 3 дела главна улога е Џејосн Стејтам го глуми Френк Мартин. Тој е професионален возач кој по наредна доставува пакети им му е зададен одреден временски рок. Испораките се во тајност и никој не знае што носи во нив............
Во вториот дел Френк Мартин се преселува во Мајами каде работи како личен шофер на фамилијата Билингс..........
Во третиот дел во еден брод кој наводно пренесува алкохол двајца членови на екипажот кои откриваат токсичен отпад се убиени. Френк Мартин заедно со Валентина имат прикачено уред кој ќе експлидира доколку тие се одалечат 75 метри подалеку од автомобилот со кој пренесуваат искораки. Френк Мартин сваќа дека целата е да се достави Валентина. Таа е ќерка на Леонид Василев шеф на една Украинска агенција за заштита на живтоната среднина. Тој одбива да направи договор со една еколошка компанија и тие ја киднапираат неговата ќерка.
Оцена за сите 3 дела 7.5/10​
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Revolutionary Road


Драма адаптирана според истоимениот роман на Ричард Јејтс од 1961 година. Во главните улоги, повторно Леонардо ДиКаприо и Кејт Винслет. Овој пат далеку од совршената љубовна приказна во Титаник.Единствено нешто што може да се поврзе со нивната предходна заедничка работа е самиот брод - метафора за нивниот пропаднат брак. А сантата мраз се нивните амбиции, нивната себичност, на моменти и нивната безчувствителност и арогантност. Филмот ги соблекува до гола кожа, ги трга нивните маски за да може до израз да дојде нивната неспособност и детинетост. Нивната неспособност да функционираат како семејство, нивниот неуспех како родители, разочараност од животот кој не го сакаат. Интересно доловена приказна за едно дисфункционално семејство од 50-тите години на минатиот век.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
http://Mr. Brooks (2007)




Ау добар трилер,не знам како сум го утнал до сега !!!

Психолошки трилер за господинот Брукс, кој е успешен бизнисмен , поседува успешна компанија , има прекрасен живот и семејство ,но има и едно алтер его (читај шизофренија) кое го тера да убива за да си го задоволи својот апетит,всушност Г-дин Брукс е зависен од убиство,и иде на АА состаноци за тоа!
Не треба многу да ви откривам , погледнете го одличен е ,со Кевин Костнер и Деми Мур во главните улоги. Оцена на ИМБД има 7,4 а јас му давам 9
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.433
Поени од реакции
6.081
Before sunrise / Before sunset

Одамна немав пишано на темава но овие два филма доволно ме импресионираа за да ги спомнам и пофалам. Првин се мислев дали да ја ставам рецензијата во темата за филмој со мала актерска екипа(затоа што целиот филм зависи од 2цата главни актери) но сепак се решив тука да ја напишам.

Двата филма претставуваат романтична драма ,без шокантни и сцени кои ќе ве држат во неизвесност,но пред се ќе ве релаксираат а и замислат истовремено(колку чудно и да звучи).

Како што спомнав целиот товар лежи на 2та актери Итан Хок и за мене (да бидам искрен) не познатата француска актерка Julie Delpy . Од Итан не можев да очекувам нешто лошо ,а од французинкава(која е преслатка и нема шанси да ви биде одбивна во ниту една сцена) бев прилично импресиониран и успешно му парираше на Итан во двата филма.

Иначе во првиот филм се работи за 2ца патници во воз кои случајно се среќаваат и одлучуваат да поминат една вечер заедно во Виена,додека вториот е за нивната повторна средба 9 години подоцна во Париз.

Филмовите се исполнет со интересни мисли околу љубовта,религијата,семејството и самото постоење пренесени преку разговорите на 2та лика и како голем плус се прекрасните сцени од Виена и Париз во кои едноставно не може да не уживате.


9/10
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Girl, Interrupted (1999)
Режија: James Mangold
Иако "дотичната" Џоли не ја можам баш многу, морам да признаам дека глумата тука и е повеќе од одлична...Кога го пуштив филмот и поминаа 5 мин сфатив дека сум го гледала по нашиве телевизии пред Бог знае колку години, ама бледо се сеќавав...​
Сузана е 18 годишна девојка, тотално изгубена во животот, дезориентирана, која што по завршување на средно школо се наоѓа на еден крстопат и не знае каде да тргне...Единственото нешто за кое е сигурна е тоа дека сака да пишува...Родителите и го наметнуваат постојано нивниот став дека треба да се запише на факултет како нејзините врснички, т.е и наметнуваат некои стереотипи кои она не може да ги поднесе...После земањето на поголема количина аспирин помешан со вотка, завршува во болница, а од тука во приватна психијатриска установа, бидејќи наведуваат дека имала обид за самоубиство...​
Филмот го опишува нејзиниот престој во психијатриската установа Клејмур во период од година и нешто...​
Кон приказната се придружуваат различни ликови кои престојуваат таму со неа во женското одделение - почнувајќи од патолошки лажливки, па девојка истрауматиизрана од пожар, потоа девојка со пореметување во јадењето, социопатката Лиса итн...​
Кога го гледав секојдневието на овие девојки веднаш помислив колку треба човек да е среќен доколку има одлично психичко здравје и функционира нормално во животот, но од тука пак се поставува прашањето - "Дали е остра границата помеѓу нормалното и абнормалното...?" и "Дали на светот постои човек кој психички e совршен...?"​
Филмов не е воопшто лош, особено и што говори многу за пријателството...​
Добра актерска екипа (морам да напоменам дека во главните улоги немаше машки актер...) и одлична режија...​
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
The Traveler



Во една вукојебина на Божиќна вечер влегува непознат странец во полициска станица и сака да даде признание за 6 убиства што ги сторил.
Проблемот е што во станицата има точно шест дротови и секое признание на ладнокрвниот странец води до убиство на еден од нив......

Толку околу плотот за да не му расипувам задоволство на некој ако се одлучи да го гледа.
Прва грешка е што воопшто не се разработени карактерите како што треба на сите ликови во трилерот освен на командирот.
Ги имаше само шест и требало да се потрудат и да одвојат 10тина минути за да ги оформат подобро.
Втора грешка е што филмот не е класичен трилер, туку оддеднаш му текнало на режисерот да внесе елементи на хорор кога веќе приказната почнува да замирисува и треба да ја приведе кон крај. Очекував некакво сценарио од типот на The Prestige по првата половина и по мое ќе беше тоа најдобро решение, воопшто не требаше такво крешчендо за финиш.
Единствена светла точка од актерската екипа беше Вал Килмер и дебелиот цајкан со цвикери.
Би му дал малку повеќе од имбд од причина што првата половина на филмот е навистина солидна и ветуваше добар трилер.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Expendables 2


излезе филмов и јас со надеж си реков ќе ја задржи аурата од првиот дел (не дека нешто многу добра приказна имаше првиот ама акцијата ми се допадна).
пред да го гледам имав некоја надеж дека ќе се подобрат линиите на актериве кој се сепак реномирани со долгогодишно искуство. акција имаше, имаше и малку хумор, ги видовме акционите глумци собрани на едно платно ама сепак тие проблеми што мене да речам ме иритираа и малку ме нервираа си остана уште од привот дел.
е сега немој да ме сватите погрешно можеби сум се одвикнал од ваков тип на филмови и затоа ми беше тежок да се прилагодам и да уживам во него, а можеби затоа што претходно изгледав некој каде каде подобри филмови од овој.
првиот дел ми беше многу посодржаен од вториот. и тие линии на шварценегер и фактите на чак норис и лошите шеги на силвестер сталоне некако ми беше под очекувањето.
кога чак за првпат се појави 3 минути бев :facepalm:
си помислив дека филмов е направен само за глумците, не покажаа ништо за ликовите. а и арни со im back референцата ме отру. прилично сум разочаран иако не очекував нешто многу од филмот. дури и акцијата ми беше под ниво.
6/10
maybe im gettin old
одиме следен :)
Resident Evil: Retribution


ме напнаа другарите да го гледаме филмов макар беше лоша снимка, а јас не ми беше предходниот дел гледан и не ми беше изгледа цел тројката. ама ај ме убедија другарите дека немало потреба да ги гледам претдходните делови и реков ок.
значи лично ми глупо да седам и да гледам како некој другар седи пред компјутер и игра видео игра а јас седам и гледам. е така се чувствував кога го гледав филмот, 1 и нешто пукање и немав појма што се случува во филмот, најверојатно немаше ни некоја голема поента, искрено очекував зомби да има многу ама не очекував интелентни зомби кој возат џип и пукаат со оружје, целиот филм беше како една долга реклама за игра и искрено ме разочара многу пошо првите два дела беа солидни.
4.5 /10
понатака ќе пишам за некои филмови кој ми оставија впечаток во последниве неколку дена :)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945


Дефинитивно ова е еден од најдобрите филмови кои сум ги гледал.. Секоја чест го гледав денеска после подолг период и се изнасмејав.. Прекрасна комедија.. Ви препорачувам : Пепси и пуканки најдобрата комбинација кога го гледаш филмов! :D:D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom