Max Legend
The black swordsman
- Член од
- 27 септември 2010
- Мислења
- 4.339
- Поени од реакции
- 6.479
- Возраст
- 41
- Локација
- Somewhere in Midland
оцена ? 5, 6 ?![]()
Гледливо е за таква рана снимка.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
оцена ? 5, 6 ?![]()
а на филмот шо би му дал?Гледливо е за таква рана снимка.
а на филмот шо би му дал?
викаат не е толку добар како кецот и двојката ама подобар бил од тројката и четворката...?
За оценка,штознам.
Дека е подобар од тројката,не би рекол.Тројката си е лоша,ама барем нема дупки во сценариото толку големи да посакаш да си ги исечеш јајцата со моторна тестера.
Четворката си е забавен треш и ми се чини четворката ќе ми остане погледана од Прометеј.
Патем,што треба да сторам за да ми се појават спојлер тагови на менито?
Темата е повторно отворена, SPOILER FREE. Не знам зошто го потенцирам тоа кога тој што го нема гледано филмот по логика нема да влегува во темата, ама ако.Со што Прометеј би рекол дека интригира и те тера да копаш повеќе информации и да си креираш свои сценарија, затоа мислам дека филмов ќе биде совршен за дискусија меѓу Alien фановите и ќе треба да се отвори темава
Ме насмеа.Два пати имам заспано во кино.
Господар на прстените (1 дел) и Прометеј.
Поужасен филм здравје.
Prometheus (2012)
е сосем солидно остварување. Одамна ми се гледани Alien филмовите но мислам дека ова остварување со ништо не се посрамоти и не ја расипа сликата на оригиналот, како што тоа го направија некои други римејк филмови, приквели итн... Мислам дека ја долови атмосферата баш добро а ефектите посебно ми оставија впечаток. Најмногу Креаторите, навистина фантастично дизајнирани, додека вонземјаните се комплетно како во оригиналот и сеуште број еден на хорор/сајфај листата на непожелни гости од вселената. Целата компјутерска работа на бродот навистина футуристички и со стил. Сето тоа ми се допадна.
Читав забелешки дека ликовите не се убаво обработени и тоа е стандардна забелешка која обично држи место, но во вакви филмови ретко кога некој одвојува време за тоа, а имам впечаток дека режисерот сакал да остане доследен на оригиналите и на филмовите од 70/80-ите и кога сме тука, филмов во поглед на карактерите ме потсети на The Thing. И таму доаѓаат во директен дуел со суштество кое може да ја загрози целата човечка раса и се борат да го победат. Притоа не ни е многу важно кои се луѓето.
Сепак, не знам што бараше Charlize Theron во филмов. Нити знам која беше нејзината улога, неколку пати им промрче на другите дека е главна, цело време беше изнервирана и тотално ништо не направи што би го оправдало нејзиното присуство. Добро одглумено од Гај Пирс и главната актерка одлична. Се надевам дека ќе има продолжение. Бел бумбар.
Пред 4 дена како што повеќето знаете излезе добра снимка на торент. И конечно после три месечно чекање се сместив да го гледам. Имав големи очекувања ама и филмов пред да биде премиерата постојано имаше јак маркетинг за него и се бомбардираше јавноста, па можеби сите имавме големи очекувања. Филмов е феил според мене. Една бледа копија на Event Horizon кој го гледал знае... Очекував многу подобра глума ама и далеку подобра приказна од оваа... Се се сведуваше на една бркотница која на крајот заврши уште поглупаво. Ама изгледа нешто е оставено за двојката. А споредби со Аватар се смешни, е тоа е филмиште.