Prometheus / Alien: Covenant

  • Креатор на темата Креатор на темата Hurin
  • Време на започнување Време на започнување
Ги немам гледанo Allien. Го немам гледано ни Blade Runner ама ја имам читано Do androids dream of electric sheep.
Значи Прометеус има допирни точки со Елиен а не продолжение на филмот како што разбрав така?

Прометеј требаше да биде предпродолжеток на Ејлиен ама имаше промени во сценариото да има само малку допирни точки со Ејлиен.
 
Сите замерки во рецензијата на IGN се безначајни, nit-picks. А сите пофалби околу она што е добро во филмот е баш она за кое луѓето идат во кино - ефекти, хумор, интересни ликови и добра приказна.

Така да не им давај многу значење на рецензиите, сепак сите го споредуваат со Alien и тешко е да не донесеш носталгично и субјективно мислење. Јас прво ќе го погледам во кино, како stand-alone филм (за момент тотално ќе заборавам дека е дел од Alien серијалот) па потоа ќе коментирам дали е интересен или е утка. :)
 
А бе и ја ќе го гледам у кино и ја сакам да е добар на ниво на кецот и двојката па и да нема никаква врска со Елиен ама според првиве рецензии не го оправдува хајпот, плус веројатноста денеска Ридли Скот да направи толку добар филм како Б.Ранер и Елиен....Страв ми е
:P
 
А бе и ја ќе го гледам у кино и ја сакам да е добар на ниво на кецот и двојката па и да нема никаква врска со Елиен ама според првиве рецензии не го оправдува хајпот, плус веројатноста денеска Ридли Скот да направи толку добар филм како Б.Ранер и Елиен....Страв ми е
:P
Има.
Also YOUR GOD, WHERE IS HE NOW!!
 
Де бе зошто толку го плукаат на imdb? Знам дека коментари не се репер за квалитет ама до толку да е лош? Ми го скршија филмот. Го гледаше некој? Први импресии?
 
Сеа ќе го спуштам од Demonoid.
 
Први имресии мислам дека за секој ќе бидат различни.
Јас со гледав, баш сега го завршив, прво што ми дојде е дека Ќе има нова серија на филмови. Почнува нова приказна.Овој филм е како најава. Е сега има нешто познато итн итн
2 сати филм ми помина како еден сат.
Ваков филм се гледа во HD резолуција, сам во соба:mad:,
 
Овој филм не е поврзан со алиен ниту води до првиот алиен филм.Режисерот има изјавено дека има уште 2 филма да сними пред да се спои приказната со првиот дел на алиен.

Филмот е сај-фи драма/психологија
 
Prometheus
http://www.imdb.com/title/tt1446714/

Синоќа имав можност да го гледам најновото остварување на Ридли Скот.Како негов фан кој многу ги сака Осми Патник и Блејд ранер бев многу возбуден да го видам ова дело,посебно заради интересната идеја што ја обработува.

Накратко филмот се бави со докторите Елизабет Шо и Чарли Холовеј како дел од експедицијата на бродот Прометеј кој оди на мисија на ЛВ-223 во потрага по доказ дека човештвото настанало од некоја вонземска раса која ја нарекуваат engineers.Бродот слетува,експедицијата ги истражува пределите во потрага по непознатото и............


Па,да почнам од добрите работи.

1)Визуелно гледано филмот е прекрасен,има многу работи кои се eye-candy.Пејсажите,природата,бродовите....

2)Глумата.Малку ми беше тешко дал да ја ставам како мех,ама има многу фактори кои го ставаат на позитивната страна,пред се зборам за глумата на Мајкл Фасбендер и на Нооми Рапас(се надевам не сум и го утнал името).

3)Музиката.Појма немам кој ја правел ама солидно е направена.

Лошото.

1)Приказната.Ај,знаев дека ќе има неодговорени прашања на кои одговор ќе видиме во продолжетокот,ама има многу дупки во приказната.Првиот час од филмот е добар и интересен,ама од другата половина некако се трга низ брдо-премногу нелогичности,премногу аматеризам,се прашувам дали е ова филм на РС или на Уве Бол?Како само му се протнале овие работи стварно не знам.

2)Отсуство на хорор.Има можеби 2-3 сцени кои знаат да бидат гадни ама тоа е се.

3)Отсуство на напнатост.Филмот жанровски е сајфај,хорор и трилер.Ако е трилер нека биде трилер како што треба.Проблемот е што не само што нема добра хорор атмосфера туку и не се ни чувствува тензија.Голем дел од проблемот лежи во вториот дел од приказната каде се е турлитава и аматерски изведено сето тоа да нема да биде проблем ако само го пуштиш мозокот на пасење небаре гледаш треш филм.

4)Холивудска наука и цртан начин на умирање кај некои од ликовите.
 
Кај го гледаше?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom