Pro Evolution Soccer 2016

Дали сметате дека PES 2016 е подобра од претходните 2-3 изданија

  • Да подобра е од претходните години

    Гласови: 36 50,7%
  • Иста е како PES 15

    Гласови: 18 25,4%
  • Полоша е од претходните години

    Гласови: 10 14,1%
  • Ова е најдобрата PES досега

    Гласови: 7 9,9%

  • Вкупно гласачи
    71
Го решив проблемот со непуштањето на играта. Софтверот што го имам за средување на компјутерот (YAC Cleaner) детектирал некои фајлови при инсталацијата како malware па ги блокирал и самата инсталација не била комплетна. Ја пробав се стартуваше. После ќе ја пробам да изиграм некоја утакмица и ќе пишам мои импресии. За трансфери шо се замарате не знам и само кревате паники оти не биле средени. Па немаат лиценци за тоа луѓето. Штом не ја прави екипата цела комплет со лого и дресови која е логиката да се замара да средува трансфери?! Затоа со пач од фановите се тоа ќе биде средено, само трпение. Дотогаш играјте со тоа што е лиценцирано, Копа Либертадорес, репрезентациите и сл.
Мене ми се допадна многу ланската, така да верувам дека и оваа ќе биде супер. За графиката да не правиме муабет, барем во тоа ПЕС е подобра од ФИФА. Јас уште не можам да го сварам нивниот гејмплеј на кукли кои трчаат со вкочанети тела. Не знам како другите го поднесуваат тоа па ја величаат играта до небо али мене ете ми е вкоренето некако дека ПЕС е подобрата фудбалска симулација. ФИФА ми беше прв избор пред 10-ина год (2002-2006). Сега ПЕС во секој случај би ја избрал пред ФИФА.
 
Лиценците се најмал проблем, и не се многу многу битни. ПЕС има лиценци за УЕФА натпреварувања, додека ФИФА има за лигите. Во ПЕС се Италијанска, Англиска лига, ЛШ, ЛЕ и сл. додека кај ФИФА се Серија А, Премиер Лига, Бундес Лига, Европски куп, европски шампионски куп итн итн. Едниве имаат лиценци за едно, другите за друго. Ова е исто како и Скопска и прилепска пивара. Едните праат Кока кола, другите Пепси. Зошто? Затоа што секоја фабрика си има ексклузивна лиценца за едниот производ, а другата за друг.

Трансферите, пак, се веќе проблем. Пирло и Тевез уште од Јуни не се дел од Јувентус, додека за Манџата, Дибала и уште некој уште во Мај и Јуни се знаеше и беа договорени за во Јувентус. До 31 август можеле да ги средат, ако не сите, барем пола. Овие мислам дека ниту еден трансфер немаат направено.
 
stopped working- ако има некој идеја шо може да биде нека пише- само на мастер лига кога играм вака ми прави.
или пак некоаш не ме ваѓа од игра туку ќе залагира јако и ќе поцрене сликата и после некои 5/6 секунди ќе се врати у нормала.problem4i4.png
 
Последно уредено:
Ја инсталирав играта уште кога излезе. Еве ја играм веќе неколку дена активно и си викам да пишам впечаток.
Според мене, изданието на ПЕС оваа година е исто така бледо.
Повторно се обиделе да прават копија на Фифа, но безуспешно.
За да ја стигнат ФИФА моментално, ќе им требаат најмалце 5 години на КОНАМИ после ова што го видов и изиграв во овие неколку дена.
Е сега прашањето е: Зошто мора да се копира ФИФА?
Каде е оригиналноста што ја имаше ПЕС низ годините? Каде е креативноста што ја имаа КОНАМИ?

Што се однесува на гејмплеј, графика...
Движењата на играчите се некако океј, демек пореалистични некако, али севкупно гејмплејот со тие движења ми е шознам, тапа малце.
Има некоја млитава, чудна игра..
Графиката е доста слаба (иако тоа ми е најмалце битно).
Се што гледале и добивале корисниците на ПЕС од КОНАМИ низ годините било добар гејмплеј, солидна графика и послаба побарувачка на PC спецификации.
Конами правеа предобра графика, предобар гејмплеј и даваа ниски спецификации т.е. вадеа многу добри и квалитетни серијали од ПЕС.
Почнувајќи од ПЕС 12, графиката и гејмплејот ги изгубија.
Исто така, Player Ratings се катастрофално лоши, исто како и трансферите.
Пасингот и не е така лош според мене. Од ова што го изиграв деновиве, пасовите беа добри и правев добри акции. Голманите знаат да бидат на моменти тешки торлаци, ама гледам имаат и доста пожртвувани интервенции.
Шутевите и не се така лоши, и играчите добро се отвараат....

На нас играчите на ПЕС ни здосади да ги слушаме истите коментатори и баравме промена.
Ние баравме промена на текстот на коментаторот, пошто секоја година све едното исто го „меле“....
А тие донесоа нов коментатор кој е исто така до некаде тапа :pos:.
Коментаторите се 99% мирно море, и кога ќе дојде некој да шутне, толку неконтролирано се издераваат, и наеднаш пак инстантно се стишуваат. Тоа делува така вештачки и аматерски направено, што лично мене ми иде на нерви, и дополнително ми го руши поимот за добра игра. :facepalm:
Возбудата кај коментаторите ја доловиле на катастрофално лош начин.
Како и да е, се надевам дека ќе се навикнеме.

Од ПЕС 12 па наваму за мене ПЕС е тиња.
Не ми е јасно што им требаше да изведуваат глупости со нови енџини и „реалистични“ елементи од 2012та година кои ја докусурија играта. Па ПЕС беше лидер, а Фифа беше катастрофа невидена до 2012.
Од кога почнаа сите фирми за игрици да прават „реалност“ и да ги шминкаат игриците со глупи елементи за деца, сите игри се засраа.
PES, NeedForSpeed, и Call Of Duty се чист пример за тоа што сакам да го кажам.

Ако мене ме прашувате, тука се некаде со ПЕС 2015 и би ја оценил повторно како просечна, но подобра е за разлика од лани. За нијанса подобра е поради пасингот, шутевите и пожртвуваните одбрани на голманите понекогаш.
 
Последно уредено:
Текст на коментаторот џабе бараш. Коментаторите си коментираат исто како и винстински натпреавари. Ако тој така коментира во живо, фала богу и у играта ќе коментира. Стилот си е тој, и нема да го мења.


п.с. Јас си стаив АраПски коментатор, најбоље е.
Штом падне гол, одма вика Гооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооол :D
 
Текст на коментаторот џабе бараш. Коментаторите си коментираат исто како и винстински натпреавари. Ако тој така коментира во живо, фала богу и у играта ќе коментира. Стилот си е тој, и нема да го мења.


п.с. Јас си стаив АраПски коментатор, најбоље е.
Штом падне гол, одма вика Гооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооол :D

Кога више ја копираат Фифа, нека земат барем некој поасален коментатор. Има 100 профи коментатори англиски.
Или пак барем еве кога нема друг, нека го ускладат постоечкиот со играта како што треба. Овие ни тоа не го ускладиле.
Овој се дере „Oh what а wonderful goal!!!" на пример, а голот што го дадов пообичен неможе да биде. Од 2ца играчи се одби топката, голманот направи парада (секако мутава и безуспешна) и топката влезе во гол :pos:

Или пак друга ситуација: Шутирам од 30 метра, голманот прави неверојатна интервенција со луда парада, а овој уште не го ни регистрира шутот. Не дека има delay, туку воопшто не го ни коментира ударот, ко ништо да не се десило. Рече само: "Its a corner kick". :pos:

Мене реално со ова темпо на играта, убаво би ми дошол Калински со ко-коментатор Панчев, па да видиш поезија што е :D
 
Текст на коментаторот џабе бараш. Коментаторите си коментираат исто како и винстински натпреавари. Ако тој така коментира во живо, фала богу и у играта ќе коментира. Стилот си е тој, и нема да го мења.


п.с. Јас си стаив АраПски коментатор, најбоље е.
Штом падне гол, одма вика Гооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооол :D
Послушај на фифа коментатор да видеш што се дешава. Ептен добро им е направен да се соживува со ситуацијата, освен тоа уз игра кажува сосема трети информации поврзани со клубот/менаџерот или играчот што ја пипнал претходно топката. Од тој аспект ПЕС е мртвила. Уствари освен ЛШ и ЛЕ све останато е бледо. ЛШ е модот што уште колку-толку го одржава ПЕС во живот.

Иначе во врска со лиценците, до сега немам начекано нелиценциран играч со рандом име на фифа што не е случај кај пес :)

П.С. Еве види го постов и види како коментаторот почнува друго да зборува, во меѓувреме паѓа гол и одма се надоврзува/соживува со ситуацијата.
 
Знам дека коментира и други ствари на фифа, на крај краева ја играв 15-ката прилично долго.
И на пес имаше едно време информации, но истите беа спомнати кога почнува натпреварот, и толку.
 
Добро бе, има некои трансфери што се направени?
 
Момци, имам еден проблем ми јавува кога ќе ја стартувам " The procedure entry point ReleaseSRWLockExclusive could not be located in the dynamic link library KERNEL32.dll.", дали имате некакво решение ? , благодарам.
 
Meне некако тромава ми е целата. Од менито па до играчите.
Го сменив гејм спид на кец и за нијанса е подобро ама пак не е како 13ката.
Ептен страшно ме нервира приемот на топка. Многу е бавно, па дур се сврти, па дур тргне ехеее ко да пробуваш бензинаш од 60тите да запалиш со туркање.

Настрана тоа што противниците се ненормално борбени за топка, коа ќе се залепат иди пак избегај им.

Во просек еден слободен удар на пет утакмици, лошо....а што мерачки се даваат голови од фри кик. :D

Голови затоа ептен лесно, дури и прелесно, што исто не ми се допаѓа.

п.с. додека водиш топка, има некоја опција сам да се градиш или тоа само компјутерот го може?
 
И покрај што е подобрена, не може со Фифа, демото на 16-ката споредбено со ПЕС-от е далеку подобро, сега ќе ја видиме и фул верзијата наскоро.

Сеуште делува вештачки, роботски целиот гејмплеј, никако немам филинг дека се работи за игра од 2015 година.
 
Meне некако тромава ми е целата. Од менито па до играчите.
Го сменив гејм спид на кец и за нијанса е подобро ама пак не е како 13ката.
Ептен страшно ме нервира приемот на топка. Многу е бавно, па дур се сврти, па дур тргне ехеее ко да пробуваш бензинаш од 60тите да запалиш со туркање.

Настрана тоа што противниците се ненормално борбени за топка, коа ќе се залепат иди пак избегај им.

Во просек еден слободен удар на пет утакмици, лошо....а што мерачки се даваат голови од фри кик. :D

Голови затоа ептен лесно, дури и прелесно, што исто не ми се допаѓа.

п.с. додека водиш топка, има некоја опција сам да се градиш или тоа само компјутерот го може?

На R2
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom