Ама и милиметар во офсајд е офсајд хехехе. Алоо идиоти, ВАР требаше да биде само за очигледни грешки на судииве, а не 5 минути ќе гледаме дали имало офсајд за пичкино влакно или не. Ваквите ситуации се решаваат во рок од 10 секунди, стопираш слика кога се подава топката, ако видиш со „голо око“ дека е во офсајд судиш офсајд и готово, ако не го признаваш голот.. а не пола саат да црта некои глупи линии.
Пак даваш слободна интерпретација на судиите за фиксна работа.
Ако е како што велиш ти за еден судија една ситуација ќе биде офсајд со "голо око" и ќе го поништи голот, за друг судија истата ситуација нема да биде офсајд и голот ќе го признае. Според тебе во правилото треба да пишува ако судијата
мисли дека една спорна ситуација е офсајд да ја свири, а ако
мисли дека не е офсајд да не ја свири.
Тоа понатаму секако може да го аплицираме и на гол технологијата.
Како си ги замислувате некои работи страшно нешто
Секако и јас сум на мислење дека Варот во Англија се користи катастрофа и треба да има коренити промени. Во Италија за 2 ипол сезони нема толку грешки како овде за пола сезона, а и таму не се смета дека тече мед и млеко.