Кливленд нема да го земе Ноел, ако го земе значи ќе го трејда...
Ноел, е најдобриот играч на драфтов после МекЛемор, но Кливленд ќе му даде време и простор на Вејтерс да се развија и МекЛемор отпаѓа...
Ноел е повреден до Јануар, скоро пола сезона , значи Кливленд ќе земе играч што може одма да ги направи посилни, или играч кој ќе го трејдаат за 2-3 проверени ветерани....
Постои и веројатноста да го земат Ноел, да го чекаат, да пишат пропало и на сезонава и да чекаат догодина има страшен драфт, но
не верувам дека Кајри би можел да истрпи една сезона без плеј оф, така да според мене ќе идат на Ноел, и ќе го трејдаат...
Евентуално да идат на Ото Портер им фали тројка...
Орландо се спремаат за МекЛемор уште кога му дозволија на Редик да замине...
Ако Кливленд го одбере МекЛемор, Треј Бурк иде ќе го прескочат они Ноел, и ќе си го тераат Вучевиќ
Ноел, добро би му дошол на Вашингтон, ако биде слободен, ако пак идат Ноел и МекЛемор бр 1 и 2, Бурк, не им е потребен на Вашингтон, они ќе идат Ото Портер, би влегол тука на тројка, да си делат минутажа со Ариза
Шарлот, и они ќе го прескокнат Бурк, пошо си го имаат миленичето на Џордан Кемба, плус Рамон е тука, исто и на двојка са добри со Гордон и Хендерсон, одпаѓа и Оладипо, евентуално ако сакаат да го трејдаат Гордон, само нема кој да сака да го земе неговиот договор, на центар ги имаат се подобриот Маленс и Бисмак, и они ќе ида според мене на крилен играч, Џордан знаел да се коцка па мислим дека овде ќе рипне Бенет...
На Феникс му треба висок, атлетски играч, имаат ниски играчи и шутери, според мене би им легнал еден од Коди Зелер или Алекс Лен, да му подпомага на Гортат, евентуално Дарио ШАриќ... Мој пик Зелер, но мислим дека Оладипо е премногу добар играч да се пропушти на оваа позиција и ќе идат на него, па ќе го трејдаат у Портладн за тој 10-тиот пик ( каде постои шанса да ги чека Зелер или Лен) и некој играч....
Њу Орлеанс Пеликанс
многу ми е смешно, мислим дека е најсмешно име у историја на НБА...
Треј Бурк, немаат добар класичен плеј, мора да се растерети Ерик Гордон од топката, а од Док син му немаше некоја блескава сезона...
Сакраменто, најверојатно ќе го трејда Тајрик Еванс, за нешто повисоко, а неговата позиција ќе му ја дадат на СЏ МекКолум...
Мојот Детроит ќе иде на тројка, најверојатно ќе му биде продолжен договорот на Калдерон, и ќе стартуваат со Најт на 1 и 2, имаат многу слободен селери кап, ќе идат на Игудала, Мајо, и Џош Смит, можеби и двајца од овие, на центарските позиции ги имаат Монро и Драмонг, и ќе идат на тројка, моја желба, иако свите го испопљукавте е Шабаз...
Исто ко лани со Драмонд, кој иако на почеток на сезона беше проектиран топ 3 пик, падна до 9-то, така и со Шабаз годинава, Џо Думарс има њух за вакви играчи, така да нека не ве чуди ако Детроит го собере Муахамд, евентуално Пламли....
Минесота зема центар, Алекс Лен или Коди Зелер...
Портланд го зема тој од овие двајца што нема да го земе Минесота, и ќе си го прати у Феникс, со плус некого за Оладипо !!
Значи мојто топ 10 мок драфт би бил
1. Ноел
2. МекЛемор
3. Портер
4. Бенет
5. Оладипо
6. Бурк
7. МекКолум
8. Мухамад/Дарио ШАриќ
9. Коди Зелер/Алекс Лен
10. Алекс Лен/Дарио Шариќ