NBA драфт, трансфери, шпекулации

Статус
Затворена за нови мислења.

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
Се знаеше ова со Монта одамна, изгледа Пистонс или Далас ќе го соберат.
Некое инфо за драфтот:

Инаку се шпекулира дека Шарлот сака да го пазарува 4тиот пик а како трејд таргет се спомнува Крис Бош. Според мене уште еден дебилен потег од управата на Шарлот ако испадне ова.
Потенцијалниот топ-3 пик, Портер сакал само да иде на проби само со Оралндо, Вашингтон и Кливленд.
Феникс биле разочарани од Меклемор поради неговиот темперамент бидејки не сакал да се натпреварува со потенцијални играчи од 2рата рунда.
Драстично паѓа вредноста од страна на скаутите за Треј Бурк бидејки не бил воопшто атлетичен. Откако го видоа на драфт комбајнот и на пробите заклучиле дека не е вреден на пик од првите тимови од лотаријата. Додека тој тврди дека тоа биле обични статистики и дека се се менувало на теренот.
Ноел очекува да биде спремен за нивниот Божиќ (24 дек) и тренерите кои работат со него велат дека неговата офанзива од нискиот пост се подобрила и дека најголем напредок од повредата ја имал ментално, односно пораснал како играч.
Aгентот на Шарич изјавил дека тој се повлекува од драфтот и дека сакал да се врати за наредната година со поголемо искуство и да биде повисоко на драфтот. Се шпекулира дека Далас ке го земе и ќе го чува во европа за да добие искуство, исто како што прави булс со миротич и торонто со валенсиунас.
Орландо размислува да го земе Меклемор и да го трејдува Афлало во Клиперс.
И најталентираниот играч во САД од скаутите, Ендру Вигинс потпиша предвремен договор со универзитетот на Канзас и ќе биде дел од кошаркарската екипа на Канзас Џејхокс, по што се очекува после првата година да се одлучи за драфт.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.371
Поени од реакции
6.880
Aгентот на Шарич изјавил дека тој се повлекува од драфтот и дека сакал да се врати за наредната година со поголемо искуство и да биде повисоко на драфтот. Се шпекулира дека Далас ке го земе и ќе го чува во европа за да добие искуство, исто како што прави булс со миротич и торонто со валенсиунас.
Шарич веќе се повлече од драфтот, така што таа варијанта некој да го земи и да го остави една сезона во Европа отпаѓа (барем сезонава).

Инаку деновиве најголемата вест не е врзана со драфтот туку веќе сериозните преговори помеѓу Бостон и Клиперси за комплициран трејд кој вклучува и тренер и играчи. Всушност трејдот вклучува само играчи, но и додатно Бостон ќе го ослобои Док Риверс кој ќе му стане тренер на Клиперс. Може да се каже дека скоро сигурно е дека во некаква форма трејдот ќе се оствари прашање е само кој се од играчите ќе биде трејдан.

Се на се може да се очекува дека док Риверс идната сезона ќе биде тренер на Клиперс и дека Гарнет и Пирс ќе му се придружат. Гарнет веројатно уште веднаш со трејдот, а Пирс или сега или подоцна во Јуни откако Бостон ќе му го откупи договорт за да заштеди пари. Во спротивна насока, сигурен е Џордан и некој пик од драфтот, а за Бледсо се водат главните расправии.

Во секој случај она што од пооодамна се очекуваше, Бостон идната сезона ќе има комплетно реновирање на екипата. Ќе танкаат на големо со оглед дека драфтот идната сезона се очекува да биде сличен на оној од 2003 (Леброн, Ентони, Вејд, Бош...).
 
раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
Во врска со бостон, уште лани кога изгубија од Мајами во конференциското финале се гледаше почетокот на крајот. Имаа сила и среќа за уште еден напад во плејофот и тоа беше тоа. Се очекува да се седне на преговарачка маса со Клиперс некој саат подоцна, бидејки уште не се знаат кои ќе бидат играчите вклучени во трејдот. Се шпекулира дека Бостон ќе добијат 2 пика од првата рунда и Џордан а Клиперс Док, КГ и можеби Пирс. Можно е да земат силен слободен агент бидејки ќе се ослободи голем дел со платите на КГ и можеби Пирс. Се споменува дека би можеле да го земат Џош Смит или Пол Милсап, а повеќе од сигурно е дека ќе одат на центар на овогодинешниот драфт. Имаат почетни алки за градење на нов тим, Рондо, Грин, Салинџер, Бредли.Сите тие се солидни играчи. Не ми се верува многу да танкаат за поголем пик, едноставно толкав ќе им биде капацитетот. Тимот е полн со натпреварувачки дух и мислам дека наредната сезона ќе имаат шанса да созреат помладите играчи во тимот. Градењето на нов тим околу Рондо нема да биде баш и лесно, ќе бидат потребни добри крила, високи играчи за искористување на полн потенцијал, подобрување на периметарската дефанзива, скок. Доколку се случи трејдот, наредната сезона бостон ќе варираат од високата до средната лотарија, т.е. 4-10 пик. Драфтот од наредната сезона ќе биде полн со суперталентирани и атлетски крила, нешто што ќе им фали на бостон пост ерата на пирс. Џабари Паркер, Вигинс, Смарт(плеј), МекАдо, Арон Гордон, Глен Робинсон, Џулиус Рендл. Се е оставено во рацете на управата на Бостон, можни се секакви сценарија само се надевам на светла иднина за најтрофејниот тим во историјата.
 
Па добро тоа е најдобриот начин на танкање, со тоа што тимот едноставно нема да има капацитет за премногу победи. Тоа многу лесто е паметна стратегија. А губење утакмици намерно е катастрофа инаку. Сепак за идниот драфт вреди. Сите тие што ги наброја а има и уште неколку други се навистина големи таленти, пред се Вигинс, Рендл, Паркер, Гордон и Херисон.

А инаку не верувам дека ќе градат тим околу Рондо. Мислам дека ќе го трејдаат.

П.С. Се надевам дека и Филаделфија че може да собери висок пик идната година. Очајно им треба ѕвезда.
 
Како што кажав, тешко е да се гради тим околу Рондо, ама не верувам дека ќе го трејдуваат.Тешко да најдат некој темелен играч кој ја има лојалноста како Рондо за да издржи ребилд на тим. Повеќето бегаат од бродот што тоне но не и Рондо.
За Фили, се зависи од тоа каква офсезона ќе имаат оваа лето. Ако го земат бајнам и ако игра 20-10-2 би можеле и плејоф да играт. А може и да чуваат кап за 2014 бидејки ќе има интересни слободни агенти и би биле во можност да танкат.
 
Член од
30 август 2009
Мислења
584
Поени од реакции
212
27 јуни ли беше драфтов ?
 
Член од
30 август 2009
Мислења
584
Поени од реакции
212
Нешто за воа да не знаете.. одамна се шпекулира ама нз..
 
Attachments

Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Нешто за воа да не знаете.. одамна се шпекулира ама нз..
Искрено слабо имам читано за ова, а вака од страна на обичен гледач би прокоментирал дека нема зошто да не биде ова возможно.
Мајами во Оден само можат да добијат плус, тешко може да изгубат со ова. Ке добијат скокач и добар одбранбен играч во рекет, нешто што очајно им треба. У напад нема да го користат, а и да го користат е далеку подобар офанзивно од сите центри што ги имаат Мајами.

Од гледиштето на Оден пак, од ова што е во моментов, може само нагоре да иде, макар и да се 5 минути во просек(ако го потпишат предвидувам околу 20тина да игра, а ако се покаже добар зошто да не и повеке).
Голема плата сигурно нема да бара заради тоа што е хроничен болесник, а и Мајами се шампиони годинава и тоа им дава голема предност пред другите тимови. Многу играчи ке играат за кило семки само со надеж дека ке освојат титула. Е сега добро, тоа повеке важи за играчи што се пред крај на кариера, ама реално нема што да бара некаков си гигантски договор Оден.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.371
Поени од реакции
6.880
Нешто за воа да не знаете.. одамна се шпекулира ама нз..

Одамна се шпекулира дека Оден ќе потпише или со Кливленд или со Мајами. Сепак сеуште нипто не се знае и ова е само шпекулација, ништо нема потпишано Оден.

Инаку ако е здрав и тоа како може да му помогне на Мајами, во нивниот огромен проблем под кошевите, ама да очекуваш дека ќе биде здрав после се што му се има случено во кариерата е лудост...
 
Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.951
Поени од реакции
9.581
Кое време е овој драфтот(ме интересира часот 27 јуни) и дали може да се гледа во живо на ТВ или стрим и сл.
 
W

Werther

Гостин
Одамна се шпекулира дека Оден ќе потпише или со Кливленд или со Мајами. Сепак сеуште нипто не се знае и ова е само шпекулација, ништо нема потпишано Оден.

Инаку ако е здрав и тоа како може да му помогне на Мајами, во нивниот огромен проблем под кошевите, ама да очекуваш дека ќе биде здрав после се што му се има случено во кариерата е лудост...
Има шанси Филаделфија Лен да го земе ?
Гледав на еден сајт на 5то место се искачил, тенка работа. Ќе си земеме некој Европеец на крајот.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Кое време е овој драфтот(ме интересира часот 27 јуни) и дали може да се гледа во живо на ТВ или стрим и сл.
7 пм кај нив, односно 1 после полноќ кај нас.
На тв не ми се верува негде да има, ама стрим сигурно.
--- надополнето: 23 јуни 2013 во 19:49 ---
Што е со шпекулацијата дека Рондо и Док се срчкале нешто и дека дури дошло до работ на тепачка?
Веројатно е претерано од страна на медиумите, ама сигурно не е без некаква основа...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom