Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Интересна епизодава, можно е да се прави подлога оваа Пејџ шо сега се појави да влета место Ентони од следната сезона.
И глеам некој спомнал претходно,ич не се тревожете, нема шанси да го скинат Тони.Најверојатно ќе добие свој тим ко што имаше понуда пред некоја сезона.
Читнав нешо, за кастинг и остало, ама се се шпекулации ,нишо нема конкретно.Како што читав на The Independent, сам ќе се откаже бидејќи ќе зезне работа ептен нешто ќе ја заглави во последната епизода. Ќе биде принуден сам да напушти. А после во наредната сезона екипата на Гибс ќе почнат да средуваат тоа он што го зезнал. На негово место ќе дојде нов лик, самохран татко, и да, Зива, што мене лично уште на почетокот не ми се свиѓаше кога дојде место Кејт. Мада ни ликот на Кејт не беше нешто. Оваа Бишоп ми е супер. Интересен лик.
Мислам дека нема да има пукање, убивање, едноставно ликот на Тони не е лик кој филмските продуценти би го направиле мртов.
Криво ми е, беше флека на свој начин. Харизматичен лик. Мораат да најдат некој асален, да ја пополни таа празнина на Тони, иначе рејтингот сигурно ќе почне да им паѓа.
Еве ти подеталноНешто прочитав дека новиот лик ќе се вика Clayton, афро-американец. Да е некоја флека ко Chris Tucker, би било добро.![]()