LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    291
@Тие шо вела дека не можи Смоуки преку оградата... Кејт со обична скала ја прерипа, не знам дали ви текнува :)
 
Зависи од тоа како ги перцепирате работите, некој сметаат дека Дејвид Линч е гомно и дека нема благе везе, ја па го сметам за генијалец.
Не сакам да навлегувам во тие дебати, сеедно ми е што останатите мислат за серијава, уште по трета сезона самите режисери имаа изјавено дека сите работи нема да добијат одговор ( само што тогаш скоро никој не ги свати сериозно ), таа филозофија бар мене ми се свиѓа, зашто како што реков така е и во реалноста, едноставно е, некои работи ние како обични смртници не можеме да ги објасниме, за некои работи едноставно никогаш нема ни да добиеме одговор, затоа и беше дадена споредба со Star Wars од еден од овие продуценти, и да, затоа и очекував ваков расплет во врска со разрешувањето на мистериите, бар јас.

А и заборавате дека штрајкот на сценаристите чинам тој период ги искина, ко и многу други серии, 24 не се ни емитувашее таа година, а Призон Брејк у трета сезона беа катастрофа и се им тргна наопачки, нека ви текне само на аматерското бегство од затворот у Панама, уште од тогаш за очекување беше дека остатокот од серијата ке биде тиња а крајот повраќаница.

Што знам серијава да ја споредувам со филмови на Дејвид Линч некако не ми иде ич. Значи ако продуцентите рекле дека некои прашања нема да добијат одговор, ја не знам што се мачеа воопшто да ја снимаат цела серија, особено 2,3,4 и 5 сезона. За ова што се случи на крај можеа само да ги спојат 1 и 6 сезона, немаше потреба од сите тие заплети пред тоа кои практично не ги одведоа никаде и не добија никаква завршница, со ова само сценаристите се избламираа.
Според мене најголемата грешка на Лост е внесувањето на ликот на Џејкоб во серијата, кој за прв пат се спомна од страна на Бен, како лидер во сенка на ди адерс кој што никој го немаше видено. Со внесувањето на овој лик сценаристите се тргнаа од нивната првична цел мистеријата на осторвот да ја објаснат преку научни хипотези. А нивната цел со внесувањето на Џејкоб беше да се објасни причината за присуството на ди адерс на островот. Па така Џејкоб беше заштитнкот на островот кој сеуште веруваше во добрината и чистата душа на луѓето, кој постојано носеше луѓе кои ги сметаше за достојни да живеат на островот, па на тој начин беа формирани ди адерс. И сите тие грабнувања на деца кои што ги правеа ди адерс претпоставувам дека ќе бидат оправдани со целта дека сите деца имаат чиста душа и ги исполнуваат критериумите да живеат на островот. Поради тоа и Волт беше грабнат, а беше специјален затоа што служеше како мамка за да се фатат вистинските кандидати. Очекувам вака да биде објаснета серијата во овој дел, иако тврдам дека сценаристите во првичното сценарио го немале Џејкоб како фигура, едноставно таквиот лик им се видел како особено корисен за објаснување на првичните мистерии од серијата. Што говори дека сценаристите немале ниту на хартија некој костур на серијата, туку си правеа сценариа за 5 - 6 епизоди унапред непосредно пред снимањето, поради што и многу работи се контрадикторни и не се совпаѓаат, едноставно немаа некоја главна линија по која би требало да се движат па само нафрлаа една врз друга мистерија со цел да го задржат вниманието на гледачот.
Еве таков е примерот е со Џагхед или бомбата која што беше лоцирана на островот, со која подоцна го разносоа електромагнетниот џеб кога погина Џулиет. Објаснувањето за тоа како се најде бомбата на островот беше дека била донесена од војската на САД на островот, која имала за цел да изврши некои тестирања. По што војската била нападната од ди адерс, на чело со Чарлс Видмор кој заедно со Елоиз Хокинг тогаш беа водачите на ди адерс, при што сите од војската биле убиени. Епа ако се знае дека на островот не беше возможно да се дојде, бидејќи не можеше ниту да се лоцира како војската тогаш дошла на островот. Или како во последната епизода тие што се спасија си одлетаа едноставно со авионот, а Дезмонд кој со својот брод пловеше две недели се вртеше постојано во круг и пак се врати на истото место.
 
^ И ја откако го видов крајов искоментирав дека серијава можеше да има 3 до 4 сезони максимум, али стојам на тоа дека Се им отиде во 3 лепе онаа година кога се случи штрајкот на сценаристите, немаше серија чиј тек подоцна не беше уништен. Реков и вчера, 24 не се ни емитуваше, Heroes беше катастрофа, Prison Break исто, а и Лост очигледно сркшна дебело од својот замислен концепт, со тоа што тоа веднаш не се осети ко на пример со P.B. каде начинот на бегство во третата сезона беше пародичен, и веднаш се чувствуваше дека нешто не штима, ко и во Heroes.

Moжеби подобро ке беше една година да не се емитува серијава и да продолжат со истиот концепт од 24 епизоди во една сезона, али тогаш една година пауза беше окарактеризирано ко голема катастрофа, од денешна гледна точка, таквиот избор ке беше доста корисен за серијава. Но реално, и ние како фанови на овој серијал доколку би ги бирале овие две опции тој период, гарант 99.9% од нас ке ја одбераа онаа опција која и беше истерана, серијата да продолжи.
 

Се разбира. Уште 14 минути во кои Хуго и Бен ќе акале по островот и во иднината ќе го сретенеле Волт. Колку да не подзамачкаат за фактот дека Волт беше важен... После нека снимат и едно пола саат како Волт го сретнува Арон и започнува нова пресметка за островот... Ајмо тазе ДВД...
 
Има едно интересно тврдење, не знам колку точно, што вика дека серијата била многу рационално замислена со одредени мистерии кои подоцна требало да се разрешат. Имено, било замислено едноставно на овој остров со специфични карактеристики, да има одредена негативна групација, Драма Иницијатива, која во 70-тите години врши одредени експерименти. Меѓу нив и оние со копчето (психолошки експеримент), поларната мечка и облакот од чад. Во еден момент се случува инцидент и работите тргнуваат по лошо, меѓу другото и облакот од чад се ослободува итн...

Значи се фино и се може научно да се објасни и евентуално по некое време да се стави под контрола. Само што фановите почнале да ги дешифрираат овие работи, па авторите го свртеа правецот на приказната и влегоа во работи кои на крај ќе се покажат претешки за било какво објаснување. Што исто така не е голем проблем. Проблемот е што сега имаме остатоци од работите кои ги почнаа кои никако не се поклопуваат со прикзната која пробаа да ни ја продадат.
Значит лажат авторите дека од почетокот го зналеле крајот.Дури сега на крајов гледаме дека не знаеле кај тераат цело време.Еднаш накај ДАРМА,после накај time travel,па накај статуи и храмови, и на крај у три лепе пм.
 
Се разбира. Уште 14 минути во кои Хуго и Бен ќе акале по островот и во иднината ќе го сретенеле Волт. Колку да не подзамачкаат за фактот дека Волт беше важен... После нека снимат и едно пола саат како Волт го сретнува Арон и започнува нова пресметка за островот... Ајмо тазе ДВД...

Глупаво ке биде многу. Можеби кул, ама глупо ке биде ако има 14 минути.

Е сега, чим Дезмонд според сите се вратил со Пени, т.е. Хуго и Бен му помогнеле да си оди од островот, сигурно се сретнал со Сојер и Кејт и другите. Море... упм нека одат сценаристите и нивниот finale ending. Purgatory my ass. Дупки многу... премногу дури и главата ме боли, кога ке мислам на сите тие нејасни-дури-и-за-сценаристите-работи.

--- надополнето ---

@Тие шо вела дека не можи Смоуки преку оградата... Кејт со обична скала ја прерипа, не знам дали ви текнува :)


Многу јасно бачко, едноставно Флок можеше да се претвори во Лок или во кој и да биде друг човечки облик, да скрши некое дрвце, да го стави на некој од стубовите на оградата, да им влезе внатре на овие и на секој еден по еден матер да им секса.

P.S. дали ви текнува кога Лок не можеше да зборува и влезе во еден шатор си јадеше од некоја хоум мејд манџа и му излезе Бун, и низ аеродром го шеташе... Се со цел да му каже на Лок да им помогне на Џек, Кејт и Сојер кој беа киднапирани од Бен/the others. Е сеа кој кур беше тоа? Џејкоб? Островот? СМОУКИ? еј...ке скршам нешто.
 
Тие двајцата да не се затворале во таа собата кај што го пуштија Кермит, туку да примале повремено паметни луѓе со свежи идеи, ќе ја истуркаа некако... ама суета....
 
Ми заличе на свемирски брод, па оттаму таа светлина за која што прашува Фараон :) И таа статуата, на некој елиен.
Иначе убаво објаснување, 300 на саат.


Па друже според мене тоа е најголемата мистерија другите така и така може ама и немора да се одговораат , но за светлината требаше а и МОРАШЕ да се одговори..Е сега ке си ја чукаме главата со разни теории..:toe:
 
Штом фараон напиша две реченици за ова сериозна е работава :)
 
Се разочарав...Очекував многу повеке..:)
 
На никој не им е јасно, ич да не ти чуе...

Знаеш на кој им е „јасно“? Оние што први ја гледаа последната епизода и први пишаа на форумов, демек баш таков крај каков што замислувале проследиле, па кога ќе види некој утредента дека божем разбрале, главни фаци ќе бидат овде :)... А да ги прашаш што беше финтата со Волт да речеме, ќе ти речат дека фората е кога ќе легнеш навечер, на островот да размислуваш. Хах, добри сте.

Како што кажав, ако разјаснеле се, немало да има оставено простор за додатно продолжение. Ете iosono погоре постави линк каде што спремаат 14 минути додатни, па понатаму може ќе видиме и филм, па можеби за некоја година и друго продолжение, демек таму ќе разјаснат се. Еуфорија, блогови, страници, теории... Се за пари.
 
После финалето ја мразам серијава најмногу на свет, џабе изгубено време и интернет трансфер. Напушени ли биле кога пишувале или што? Мислам, крајно ретардирано! А викаа дека сигурно нема да е чистилиште или шо и да е. А тероијата со вселенски брод срушен под вода кој предизвикал ерупција и направил остров во кој останало срцето на бродот (светлината) и Џејкоб и брат му се вонземјани и сенешто е многу подбра од ова што ни го сервираа тие.

После финалето рејтингот од 9 и го намалив на 1 www.tv.com
 
После финалето ја мразам серијава најмногу на свет, џабе изгубено време и интернет трансфер. Напушени ли биле кога пишувале или што? Мислам, крајно ретардирано! А викаа дека сигурно нема да е чистилиште или шо и да е. А тероијата со вселенски брод срушен под вода кој предизвикал ерупција и направил остров во кој останало срцето на бродот (светлината) и Џејкоб и брат му се вонземјани и сенешто е многу подбра од ова што ни го сервираа тие.

После финалето рејтингот од 9 и го намалив на 1 www.tv.com

Oф и на имдб им е намален рејтингот, имаа над 9, а сега цврста 8.
 
Што да ви кажам ја прекинав после 3 сезона, после таа сезона почна серијава да ми иде у погрешен правец..И да, има други серии кои се ремек дела ако веќе сакате да гледате нешто асално после Лост.

Брејкинг Бед, Сикс Фит Андер, Твајлајт Зоун, Твин Пикс и Декстер. Знам дека го тупам со препоракиве, али јбг..жал ми е што не се пратат доволно овие серии кои по квалитет се далекууу од оние што се форисраат у моментов.

П.С. Најдобрите мистерии на сите времиња остануваат на своето место иако по првите 2 сезони од Лост мислев дека ќе бидат надминати сепак, Твајлајт Зоун и Твин Пикс се задржаа како мои лични фаворити па и на многу други "филмомани" глобално.

Едит, ја заборавив Тру Блод!! режирана од големиот, Алан Бол! режисер исто така на Сикс Фит Андер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom