LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?

  • Вкупно гласачи
    291
Па можеа да одвојат барем една епизода и да го поврзат островот со некоја античка цивилизација.Атлантида,Месопотамија,Египет па и факинг Грција.Имаше на островот храмови,статуа,хиреоглифи.Наместо тоа не замараа со оној Јапонецон или шо беше кој као демек испод честа му било да зборува англиски.Бла,бла...
 
Ја гледал до почеток на 3та сезона човекот, после патување низ времето (што е некаде петта сезона) па го изгледал финалето и не бил задоволен. Дај нека не се толерираат такви постови како на Nonteizam.

Шо да му прајме, бан да му удриме? :pos:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
За мене најдобар крај ке беше: Островот да беше вселенски брод, и Смоуки да беше вонземјанин кој мораше да го убие Џејкоб, а у случајов Џејкоб исто така некој вонземјанин кој носел луѓе од египет за да градат тоа што градеа во Островот (светилникот, статуата, тоа... чудото на крајот) дека само тие во тоа време (кога Смоуки и Џејкоб дошле тука) имале знаење за да прават такво нешто. И тоа каменот кога го тргна од таа дупката Дезмонд, тоа да беше некој вид на клуч за да му овозможи да леталото да лета :)

On top of all this, Џејкоб кај сопствената раса да е некој бранител или чувар онака познат. И тука го донесол Смоуки заради тоа што тој убил или направил нешто лошо. Многу по јако е мојава приказна.

Ајде сеа малце хејтеризам: Дали памтите кога му ја убија ќерката на Бен, и тој го пуште Смоуки ...не да ги убие него само да им мава по една шлаканица да тие војниците на Видмор. Значи Бен го контролираше Смоуки? И Смоуки не успеа да ги убие? wtf?
 
Не е толку чудно што не ги уби колку што е чудно што Бен го контролираше...
 
Сериозно, постои правило со кое некоја мистерија едноставно мора да биде разрешена ? Секое прашање мора да добие одговор ?
Или навикнати сте од 90% филмови каде на крајот Се ви се сервира и воала, останатите 10 се оние на Дејвид Линч. :)

Режисерите од Лост создадоа свој свет, свет каде едноставно не може Се да биде објаснето, така е и во животот, кога се случуваат '' чудни '' работи кои едноставно не можете да ги објасните, или работи за кои никогаш нема да го добиете својот одговор, односно, не постои начин за истото. Така и карактерите од Лост за многу работи не добија одговор, работите се онакви какви што се, deal with it. Ова се навестуваше многу,многу одамна, самите режисери тоа го потврдија, јас не ни очекував дека Се ке биде објаснето, но се согласувам со Мац, да беше серијава во периодот 95-2000та, ке беше култ, перфекција, врв, и сите до ден денес ке зборевме за тој поставен уникатен стандард, стандард кој во секој случај немаше да биде надминат.

п.с. Некој ги имаше спомнато мечките, чија улога и те како беше добро објаснета во серијава.

--- надополнето ---

Не е толку чудно што не ги уби колку што е чудно што Бен го контролираше...

Не го контролираше, него беше ставен у ситуација каде веќе ништо не го интересира, сеедно му беше, со оглед на фактот дека неколку моменти претходно пред негови очи беше убиена '' неговата ќерка ''.
Башка, Бен беше дел од оној план на MiB за да биде убиен Џејкоб, не гледам зашто тој би требал да настрада во оваа ситуација.
 
многу одговори ќе имало во blu-ray дисковите што ќе се на продажба од август .
На пр. зошто волт бил толку специјален и др.
Ова изгледа беше за да се продадат што поќе и да се спечалат што поќе пари .
 
@Syn;

Абе све тоа ок, и јас сум за ваков крај и се тоа. Ама има работи кои и самите сценаристи ги заборавиле. Инаку според мене баш ѕверски е објаснето што е островот. You destroy the Island, the whole world is fucked. Значи функцијата на островот е иста како и функцијата на тоа чудото на крајот каде што Дезмонд го тргна тој каменот за Островот. Со тоа тргнато немаше повеле остров. Без остров нема повеке Свет. Без Светот нема нешто поголемо (fuck me! this makes a lot of sense) :)

Чудно ми е што гледаме филмови со вампири, чудовишта и мутанти, и we're cool with that, или со ’’објаснувањата’’ таму што ги дават, а не сме можеле да прифатиме дека тоа е Островот, и затоа се направи серија за случување во тој остров а не на островот што е во преспанското езеро :)
 
Првично кога почна серијава на Nova не ја гледав, ама после почнав да ја гледам на А1 иако уште од почеток ми изгледаше на напорна.

Уште од самиот старт, серијата беше пропратена со мистерија и очигледно целта беше да се поттикнат размислувања, развивање теории по блогови и форуми и слично.

Како и повеќето нови серии во САД веднаш постигна рекордна гледаност и заинтересираност, но по многуте нови сплетки, на луѓето почна да им скурчува, гледаноста да опаѓа и на крај сакале неќеле сигурно мораа да ја завршат.

Уште не ми е догледана 6та сезона, ама читајќи го тука крајот не ми се допаѓа воопшто. Тоа што најмногу не иритираше кај серијава е што речиси за сите сплетки успеваа да најдат некаква логична нишка, некакво објаснување, но веднаш потоа мораа да додадат нешто ново кое повторно заплеткуваше се дотогаш разјаснето.
Можеле да направат и подобар крај, да остане серијата СФ, ама да не навлегува во спиритуално - филозофски води.

Секако ќе остане запаметена серијава по своите мистерии и начинот на кој се раскажува целата приказна, ама за мене искрено никогаш нема да биде култна серија и омилена, токму заради премногу сплетки во кои веројатно и самите автори се изгубија.
 
А тие што сте задоволни, очекувавте ништо да не одговорат ? Ви беше битно дали ќе се најдат и среќно ќе одат кон светлината :)

Значи океј е да не одговорат се. На пример тоа што Хуго гледа мртви. Океј е гледа, има нешто специјално. Мајлс знае што чувствувале и што мислеле пред да умрат. Океј е, знае, специјален е. Не е некоја екстремно битна работа. Никој не бара објаснување на ситници. Али работи кои што се тука од прва сезона, за кои цела сезона се праеле епизоди, кои околу нив се врти цела серија и тие да не се одговорат. I mean come on.

И стварно ми е смешно што мислите дека ова им била целта. Па уште викаат го знаеле крајот. Булшит. Ова им е ефтин начин на вадење од гомна, ништо друго.
 
Откако Џек умира Хуго и Бен стануваат главни на островот, тоа е долг период 10, 100, 1000 години бог знае. Не знаеме кој ги сменил дека и тие умираат сепак, што се дешавало на островот во тие години НИКОГАШ нема да дознаеме. На такви прашања едноставно нема одговори дека требаат уште сезони.

Одличен крај баш каков што и наликува на една ваква серија, сите можеме да си филозофираме како што, секој си прави свој крај на Лост. Одлична серија и баш ми е жал што заврши.
 
п.с. Некој ги имаше спомнато мечките, чија улога и те како беше добро објаснета во серијава.

Не го контролираше, него беше ставен у ситуација каде веќе ништо не го интересира, сеедно му беше, со оглед на фактот дека неколку моменти претходно пред негови очи беше убиена '' неговата ќерка ''.
Башка, Бен беше дел од оној план на MiB за да биде убиен Џејкоб, не гледам зашто тој би требал да настрада во оваа ситуација.

Syn, не зборувам за моментот што направил Смоуки, туку за моментот: стискаш на дугме, Смоуки аут! Такви работи требаа да објаснат, зошто после испадна дека Смоуки си бил аут долго време и не му требала дозвола од никој да излезе.

Значи такви работи, што од каде доаѓа и што каде оди, да се подразјаснеа. Не мора се, не бараме банални работи како мечките и дивите свињи. Ете островот се движел во простор и време па закачил некоја мечка по пат, голема работа. Ама не можам да се оттргнам од чувството дека кога почна серијава знаеја што е и од каде е и дека оваа завршица е бегство од одговорите, План Б, а не нешто смислено и реализирано.
 
Ајде сеа малце хејтеризам: Дали памтите кога му ја убија ќерката на Бен, и тој го пуште Смоуки ...не да ги убие него само да им мава по една шлаканица да тие војниците на Видмор. Значи Бен го контролираше Смоуки? И Смоуки не успеа да ги убие? wtf?

Бен никогаш не го контролираше, туку беше во илузија дека може. За да мисли дека има некоја својствена моќ, дека е нешто големо на островот. За после да слуша, соработува, во планот на mib да го убие jacob. А колку што памтам повеќето безначајни војници беа убиени освен тој главниот командир, кој им се спушти во дарма објектот кога ќе го мрдаа островот.
 
Зависи од тоа како ги перцепирате работите, некој сметаат дека Дејвид Линч е гомно и дека нема благе везе, ја па го сметам за генијалец.
Не сакам да навлегувам во тие дебати, сеедно ми е што останатите мислат за серијава, уште по трета сезона самите режисери имаа изјавено дека сите работи нема да добијат одговор ( само што тогаш скоро никој не ги свати сериозно ), таа филозофија бар мене ми се свиѓа, зашто како што реков така е и во реалноста, едноставно е, некои работи ние како обични смртници не можеме да ги објасниме, за некои работи едноставно никогаш нема ни да добиеме одговор, затоа и беше дадена споредба со Star Wars од еден од овие продуценти, и да, затоа и очекував ваков расплет во врска со разрешувањето на мистериите, бар јас.

А и заборавате дека штрајкот на сценаристите чинам тој период ги искина, ко и многу други серии, 24 не се ни емитувашее таа година, а Призон Брејк у трета сезона беа катастрофа и се им тргна наопачки, нека ви текне само на аматерското бегство од затворот у Панама, уште од тогаш за очекување беше дека остатокот од серијата ке биде тиња а крајот повраќаница.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom