Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
@ivan1real епа.. не можиш да речиш дека беше ништо....Барем еден слој од мистериите го засекоја. Замисли да не кажеа што/кој е смоуки? Статуата како се скрши? Да не кажеа зошто се караат Џејкоб и МИб и така натаму и така натаму...Да не кажеа за поврзноста на Видмор со островот.... Нешто сигурно добивме...само како што реков не е тоа нешто целосно...:smir:
Хах, thats the spirit. Работава ние добри сме, какви имаа.
А замисли се убаво да одговореа![]()
Зошто вечерва нема Лост? на а1?
Па горе доле се согласувам целосно со твоето мислење, од небо се гледаше дека им снемува време, затоа мораше да се најде компромисно решение кое би претставувало некаков си крај на серијата. Бидејќи вчера ги изгледав двете последни епизоди, уште кога ја завршив претпоследната епизода (во која реално гледано не се случи ништо) предосеќав дека серијава ќе има некаков си духовно - филозофски крај, поради неможноста да ги објасниш сите тие мистерии па макар епизодата траела и 5 саата.Ттоа е тоа, парите го вртат светот... успеаја да им се посерат на серија која можеше да биде прекрасна (и беше прекрасна во првите 2 сезони), со непотребно (освен финансиско се разбира) развлекување на ужасно досадни нови и нови и нови мистерии и петљи кои ете до крајот не успеаја да ги расплетат...
Да бидам искрен кога почна 3-та сезона потпрекинав да следам редовно, а кога почна да се меша времето напред-назад скроз се откажав. И на мало дете му беше јасно дека се натаму е само алчност за пари и дека сценаристите, продуцентите и.т.н се загубија во серијата и немаа поим што да прават... Гледајќи ги последните неколку епизоди видов дека ништо не се променило и дека едноставно роковите ги притискале и конечно решиле да стават крај на таа бесконечна мизерија на еден патетичен начин со компромисно решение кое ништо не објаснува а истовремено објаснува се.
Серијата почна интелигентно, за жал заврши хаотично... пример како парите расипуваат буквално се што е квалитетно на земјава!
Еве тие што не се го гледале Lost а сакат да го гледат но немат време :tv:
Зборам за тие што преостанаа на островот до последната епизода, инаку да горенаведените умреа пред Џек^ Мислам веќе е јасно за смртта на Џек, не умре прв, пред него умреа Џин, Сан, Лок, Џулиет....
Ако гледам од страна на фан, многу длабоко навлегоа, не можеа да ги објаснат поголем дел од мистериите, па еден ваков крај беше и очекуван и мора да го прифатиме.
Ако гледам критички, ова е разочарувачки, само докажаа колку се изгубија во својата креација, неодговорени прашања, дупки и нелогичности еден куп, тотално дефокусирање од она што ја правеше серијата привлечна, беден обид за некој вид филозофски-спиритуален крај кој наводно треба да претставува некој вид closure.
Во кратки црти, не ми се допадна како заврши, ама од друга страна, ако крајот беше поинаков веројатно ќе беше само полошо.
Еве тие што не се го гледале Lost а сакат да го гледат но немат време :tv: