Ха ха, Синдикат, ти го разбирам револтот. Мене до душа не ми е проблем што ја завршија вака, јас уживав во времето поминато со серијата, само сега не сакам да ми продаваат муда за бубрези шо би рекол Тошо од К-15. Очигледно е дека шото започна со една идеја а заврши... па никако не заврши, направија нешто како shortcut за да се извадат од кашата во која доброволно влетаа. Мое мислење е дека ја сплеткаа со Тајм Травелот, ама гледам има и некои кои мислат дека е сплеткана порано, после 2-ра сезона.
Има едно интересно тврдење, не знам колку точно, што вика дека серијата била многу рационално замислена со одредени мистерии кои подоцна требало да се разрешат. Имено, било замислено едноставно на овој остров со специфични карактеристики, да има одредена негативна групација, Драма Иницијатива, која во 70-тите години врши одредени експерименти. Меѓу нив и оние со копчето (психолошки експеримент), поларната мечка и облакот од чад. Во еден момент се случува инцидент и работите тргнуваат по лошо, меѓу другото и облакот од чад се ослободува итн...
Значи се фино и се може научно да се објасни и евентуално по некое време да се стави под контрола. Само што фановите почнале да ги дешифрираат овие работи, па авторите го свртеа правецот на приказната и влегоа во работи кои на крај ќе се покажат претешки за било какво објаснување. Што исто така не е голем проблем. Проблемот е што сега имаме остатоци од работите кои ги почнаа кои никако не се поклопуваат со прикзната која пробаа да ни ја продадат.
На пример, она за што дискутиравме пред малку:
- Го имаме Бен. Бен е човек на Џејкоб (ова излезе откако го измислија Џејкоб). Бен е лојален долго време. Останатите луѓе на Џејкоб се во храмот. Храмот е место каде што не може да влезе Смоуки (подоцна променет во непријател на Џејкоб). Зошто подоцна? Ако Смоуки беше цело време непријателот на Џејкоб, како што објаснија на крајот, и ако постоел од кога Џејкоб го турна во пештерата, тогаш како Бен, човекот на Џејкоб, го активира Смоуки на копче за овој да му ги врши работите? Ова е јасен показател дека идејата на почетокот беше една, и немаше врска со крајот, кој е План Б.
- Броевите. Се сеќавате на броевите? Најдискутиран топик беа. Броевите му се појавија на Хуго. Хуго доби на лото со нив. Почнаа да му се случуваат несреќи. Броевите беа дури и трансмитирани надвор од островот, двајцата пилоти ги начекаа случајно... Дарма Иницијативата ги имаше броевите вградено на отворот и се внесуваа во компјутерот... Објаснувањето на крај? Броевите биле на Џејкоб! Џејкоб со нив означил 100 и кусур кандидати и овие 6 преживеале. Ако е така, зошто тогаш Дарма ги имаше броевите? И неповрзано со тоа, зошто умреа сите други кандидати, ако Џејкоб знаел дека овие 6 се тие, од кои 6 пак некои умреа... Уште еден показател дека почнале со нешто сосема друго.
- Бен и вети на Џулиет дека ќе го излечат ракот на сестра и, и го направи тоа. Ова кога беше делот со Дарма и работите имаа научен карактер. На крај испадна дека Бен нема појма како функционира островот. Како тогаш и го излечија ракот на сестра и на Џулиет? Се заборави на што се работеше околу Дарма и Бен го направија изгубено човече, и сите го забележавме тоа уште одамна.
- Волт беше толку важен што за малку не изби отворена војна за него. Настрана од тоа, Волт се појави на островот иако не беше мртов. Што значи дека имаше сосема друго објаснување за ликовите што се појавуваат од никаде. Веројатно некакви халуцинации предизвикани од експериментите или енергијата.
Само за загревање...
Уште еднаш, не го хејтам шоуто, засекогаш ќе ми остане едно од омилените, беше многу убава авантура. И крајот не го хејтам ама да си кажат отворено дека ја усраа и да си кажат кои им биле намерите. Нека напишат мемоари или слично. А не да ни фрлаат песок во очи, дека вака било замислено...