LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    291
Tи си пропуштил многу работи и таа твоја теорија апла е очигледно дека ти е заснована на погрешни проценки.

Првата сцена на Флок и Џејкоб ја памтиш ? Го памтиш нивниот разговор и онаа реченица на Флок дека ке најде дупка во законот т.н. loophole за да го убие Џејкоб ?
Смртта на Лок и Бен му беа ко џокер у покер, ти реков, го зема телото на Лок, го изманипулира Бен со Алекс и успеа да го наговори за да го убие Џејкоб.

На крај краева, Џејкоб искоментира '' you find your loophole '' кога се појавија Бен и Лок ( МiB ) по што Џејкоб беше '' убиен ''. :wink:

p.s. Ја не удирам на теорија, само ти укажувам на фактот дека Флок манипулира со останатите, Бен ти е класичен пример за истото, а ти тврдеше одел на муабет '' сакаш-нејкеш '' што не е точно.

Не мислам дека сум пропуштил работи туки ти си пропуштил некои делови од тоа што го имам напишано. Две страни поназад http://http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=3430592&postcount=457

Моите претпоставки не викам дека се сто посто точни, само викам дека на мене така ми изгледа дека е најлогично да развиваат работите во следните епизоди.
На МИБ му е скурчено од островот и сака да си отиде ама мора да го убие Џејкоб а и сите кои што тој ќе ги донесе на островот. Си ја најде “дупката“ преку Лок и го искористи бесот на Бен да го убие Џејкоб. Никаде не реков дека е поинаку. :toe:
На сите што ќе му се придружат им вети ќе си идат од островот, и ќе имаат втора шанса. Ова е сакаш неќеш ситуација со јасна цел и добивка. Како што пиша и Интерниста ќе видиме дали ќе успеат да си отидат. :smir:
Во сите предходни ситуации кога се појавуваа халуцинации, привиденија, духови... тој (МИБ) беше ЗАТВОРЕН во храмот а Џејкоб слободно нели се шеташе, дури и надвор од островот. Значи недржи дека е МИБ тој што се менувал.
Во “критични“ ситуации за ОСТАНАТИТЕ, МИБ беше ослободуван од храмот и ги убиваше СИТЕ што беа надвор од заштитената зона. Не смее да дозволи Џејкоб да си го најде неговиот “кандидат“ бидејќи ќе биде лошо за останатиот дел од светот.
Бен беше триесет години под команда на Џејкоб (преку Ричард) и какви се не злосторства направи, во има НА???? Што доби за возврат??? Камен на бубрег. :pos2:
А чекај па нели јасно и гласно МИБ му кажа на Ричард „Иди кај статуата и убиј го ЃАВОЛОТ “ Зарем ќе лаже. :wink:
 
А чекај па нели јасно и гласно МИБ му кажа на Ричард „Иди кај статуата и убиј го ЃАВОЛОТ “ Зарем ќе лаже. :wink:

Па затоа велиме дека е манипулатор :)

Во секој случај, ваков пресврт би израдувал многумина, ма да јас не верувам многу во него. А и не ми игра голема улога како ќе биде, во однос на впечатокот на серијата, т.е. и вака и така, нема да бидам разочаран.
 
^ Не навлагам у теории за серијава никад, само ти укажав на грешката што ја правиш, дека Флок до сега не манипулирал со луѓето што е неточно.

А и твоето тврдење дека не се менува е исто, неточно, зашто самиот кажа дека во моментов е заробен во телото на Лок, што не беше случај претходно а и уз пут ти е потврда дека може да завзема други тела. :smir:
 
Уште нешто, пошто сега видов:

Сега го зазема телото на Лок кој што од продуцентите нели беше ословен како Man of Faith.
Најдобар кандидат на Џејкоб е Џек - Man of Science.:smir:

Грешка си за ова. Џек е Man of Science - Man of Faith. Човек кој е на раскрсница помеѓу едното и другото. Читав за ова, дури кога ја замислувале серијата имало идеи вака и да се вика. Убаво објаснија дека се работи за Џек.

Лок е Man of Faith ама тоа не игра улога во ова.
 
http://atdhe.net/6310/watch-lost

Не плашете се ако ви покаже антивирус програмта нешто, ви покажува дека сликите што се како реклами водат кон опасни сајтови. Не ги кликајте и нема гајле.

Ако излезе на Veetle линк ќе го пишам пред 3.00
 
<_< Мислев од два е...

Колку за инфо, во канада изгледа порано идела, се појави епизодата на торент :)
 
Кхм, кхм... :) Да се цитирам:

Што мислите дека е во собата која беше заклучена во подморницата? :) Дезмонд можда?

Многу очекувано беше Дезмонд да биде во собата бидејќи претходно го видовме во авионот, а понатаму нигде го немаше. Инаку интересна епизода, вајда Syn ќе биде демантиран за епизодиве “Сан и Џин“. :) Друго нешто е пукањето, и како Микаил е погоден во окото, а знаеме каков беше на островот. Дејствијава ми наговестуваат на некаков претходен живот. Ова со Микаил, Сан дека е трудна, Џек дека би го спасил Лок и сл... Не би се осмелил да прогнозирам што би се случило бидејќи ќе бидам демантиран во секој случај. :) Ова со Сан и Џин дека не се заедно е типичен доказ на неочекувано нешто.

Наредната за кого е? :)
 
Тапа епизода.

Што очекуваше од епизода за Сан и Џин :) Знаев дека нема да биде возбудлива како предходните ама не може па сите да бидат такви. Мало затишје пред финишот...
 
Тапа епизода.
Како можеш да го кажеш ова бе. Па ова е досега најдобрата епизода со Flash Sideways приказна. И плус, се дозна што има во собата. Вистина е дека епизодава беше затишје пред бура, ама па затоа дејствието во паралелниот свет ме импресионираше.

Момента на епизодава:
Miles: She hits her head and forgets English? Are we supposed to buy that?
Frank: ...Asked the man who communes with the dead.
:pos: овој Френк стварно знае да одлепи некој ваков коментар :)

PS: каква цицка држи Сан човече... (10:25) :vozbud:
 
Не беше како предходните не зезајте сега :) Ништо посебно не се случи, ја видовме случката со Саид од друг агол и ништо посебно важно околу Џин и Сан, освен што веројатно Џин е кандидатот.

Инаку мене ми се чини дека МиБ не мора да направи ништо посебно за да си оди од островот освен да собере што повеќе (или сите) кандидати. Како што Бен мораше да собере група луѓе за да ја рекреира ситуацијата, така и МиБ. Нешто кажа дека Кејт му требала за да придобие уште тројца луѓе. Еден е Џек, кои се другите двајца...?

И ме нервира што на Кејт од главен лик и дадоа минијатурна улога во последнава сезона, да се шетка лево десно по островот. Навистина, дијалозите со Џек беа катастрофа, ама за тоа не е крива Кејт туку сценаристите кои не успеале да напишат нешто интересно за неа и да ја вклопат во приказната како што треба.

П.С.
Хуго. Еден е Џек, вториот е Хуго. Третиот?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom