LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    291
VoniVarS теоријава држе вода ако островот е портата за во пеколот како што велиш ти во тој слушај Џејкоб ги носи во пеколот а МИБ ги убива за да не одат во пеколот. А доколку островот не е порта за пеколот незнам дали Џејкоб е лошиот А МИБ е добриот. Во секој случај теоријава е од кога ја изгледа последната епизода, можеби кога ке ја изгледаме следната поинаку ке мислиме, а може и па Џејкоб и МИБ да не се непријатели можеби се од иста страна само едниот сака да се откаже (МИБ) а другиот не сака (Џејкоб) па мора да се бори против МИБ за да не се откаже а можеби и се борат за позиција :icon_lol:
Во секој случај се ке се дознае за 10 епизоди барем по оваа епизода не мислам дека ке ја отупет на крајов, него токму спротивно сите ке :drk: на Лост!
 
I just watched Kata and Michael gettin PUNK'D. :)
 
а ако може и линк од последната епизода ??
 
Незнам дали држи вода, ќе видиме на крајот. Него, како мислиш, МиБ не манипулирал со луѓето? Нели го манипулираше Бен да го убие Џејкоб? Нели ја манипулираше Клер дека другите и го имаат бебето за да ја придобие...? Ричард и жена му...?

МиБ и Џејкоб се манипулатори, тука нема дилеми.

Иначе сите донесени на островот имаат добра и лоша страна затоа што секој човек има добра и лоша страна. Џејкоб им дава избор да одберат сами помеѓу доброто и лошото, без да им наметнува (ја разбираш тука религиската конотација, нели?) Доген можеше да го убие Саид но не го уби, за да не прејде на темната страна. Доген е на страната на Џејкоб, нели?

Џејкоб сака да си најде замена и да замине но тоа не покажува ништо во однос на тоа кој е добар а кој е лош. МиБ не покажал ни еднаш дека сака да го уништи островот, туку само дека сака да си замине. Најверојатно на земјата, не на небото. Што ако МиБ е темнината која се чува на островот за да не се рашири по земјата...

Енивеј, знаеме дека серијата е склона на пресврти и шокинг моментс, но не верувам дека ова ќе се преврти до тој степен. За мене очекуван пресврт е Џејкоб и МиБ да се две страни на истата паричка, двајца манипулатори со различни цели... Џејкоб, реков и порано, веројатно го претставува доброто ама не она безгрешно добро како во приказните... или како да кажам, помалото зло. МиБ дефинитивно според мене е на темната страна.

Што е манипулација?
МИБ на Бен му рече „Убиј го Џејкоб ако сакаш да си одиш од островот“
На сите останати „Ако дојдете со мене (го напуштат храмот) ќе се спасите и ќе заминете од островот“
На Ричард „Убиј го Џејкоб и ќе ја видиш жена ти“ (можеби во рајот)
Ова се е “фер“ договор. Земи или остави, нема манипулација.
Додека Џејкоб.
На Ричард му вети ВЕЧЕН живот. Не тоа што бараше прво туку тоа што може да му го “овозможи“ Кој ветува такво нешто? :vozbud:
Преку Ричард а и лично, сите кои што е потребно ги убедува да прават се што ќе им рече, убивање, мачење, превари... Се тоа во име на некоја важна “виша“ цел, да се СОЧУВА островот. На никој не му кажа што добива, зошто е тоа добро... туку само дека мора така. И сите откако ќе извршат на овој или оној начин ги отфрла и се ослободува од нив.
Ова според мене е манипулација, искористување како сакаш кажи го.
Можеби за него „Целта ги оправдува средствата“ ама како претставник на ДОБРОТО премногу лесно “троши“ човечки животи. Само привидно не им наметнува. Цело време ги труе со идејата за важноста на островот кој што испаѓа дека е важен само за него.
Сите што ги донесе (а донесе многу) на островот се осудени на маки а богами повеќето (ако не и сите на крај) и на смрт. Тоа е добро? :toe:

Идејата дека МИБ ќе уништи островот ми е од АЛТ, односно нели го покажаа островот под вода. :toe:

Огромната енергија што ја поседува островот ќе биде добра или лоша во зависност од тоа кој ја контролира. Впрочем како и секоја енергија. :toe: (Нуклеарната енергија во раце на терористи (како бомба) е УПМ лошо, ама е и те како корисна ако се експлоатира полезно.)
Ако и се дозволеше на Дарма да воспостави контрола над енергијата не е сигурно во кои цели ќе беше користена. Јебига сепак е тоа УС Арми :wink: со нив никогаш не си на чисто. Исто и на Видмор не се познати целите.
А од ове двајцава супер “херои“ ќе видиме на крај кој бил добар кој лош. Ама АЛТ со потопен остров и подобрени личности на главниве, ми викаат дека сепак МИБ ќе да е арниот. :smir:

ПС. Никаде не беше кажано дека халуцинациите што им се појавуваат се всушност МИБ. Тој си беше или Флок или Црн дим, а сега на крај е “Лок“.
Додека Џејкоб многу пати се покажа на чудни места и во чудни околности. Со халуцинациите само ги подобрува условите за манипулација. :toe:
 
@VoniVaras забораваш едно нешто, а тоа е деке МиБ му кажа на Соер дека некогаш бил човек, а ангелите никогаш не биле луѓе така да иако интересна малку е сомнителна твојава теорија.
 
Што е манипулација?
МИБ на Бен му рече „Убиј го Џејкоб ако сакаш да си одиш од островот“
На сите останати „Ако дојдете со мене (го напуштат храмот) ќе се спасите и ќе заминете од островот“
На Ричард „Убиј го Џејкоб и ќе ја видиш жена ти“ (можеби во рајот)
Ова се е “фер“ договор. Земи или остави, нема манипулација.
Додека Џејкоб.

Каков фер договор? Го напушти некој островот? Од кај знаеш дека ќе го напушти? Од кај знаеш дека МиБ ќе си остане на зборот?

На Клер и кажа дека детето и го имаат другите? Не е манипулација?

Значи уште еднаш, се е можно, серија е, пресврти има. Ако влезе онаа теорија за играта и ако ги читаше споредбите со играта според која можеби е замислена и направена серијата, тогаш се работи за двајца браќа/пријатели кои се скарани и ги манипулираат играчите. Можно е да се исто или нешто слично, според мене. Можно е да ги манипулираат луѓето поради некои нивни лични цели, а не некои виши цели. Во секој случај, и двајцата манипулираат.

Во религиска конотација, ѓаволот е фрлен во пеколот и не му даваат да излезе. Не знам за религија во која лошата страна ја чува добрата затворена некаде.

Како и да е, со години ги пишуваме нашите размислувања околу серијата и во многу мал дел сме биле во право. На 8 епизоди до крајот, сеуште немаме појма. Во едно од интервјуата со Хуго, човекот рече: во моментов ја снимаме 11-та епизода од 6-та сезона, и сеуште не ми е јасно...

Така да, ова ќе се расчисти дури во финалето...
 
некој да знае да кажи за кој ке е наредната епизода . ?
 
Што е манипулација?
МИБ на Бен му рече „Убиј го Џејкоб ако сакаш да си одиш од островот“
На сите останати „Ако дојдете со мене (го напуштат храмот) ќе се спасите и ќе заминете од островот“
На Ричард „Убиј го Џејкоб и ќе ја видиш жена ти“ (можеби во рајот)
Ова се е “фер“ договор. Земи или остави, нема манипулација.
Додека Џејкоб.
Па забораваш дека пред да му каже на Бен, '' уби го Џејкоб '', се појави во форма на ќерка му, и му кажа ''Се што ке каже Лок ти ке направиш'', а со оглед на фактот дека Бен премногу ја сакаше Алекс, и со оглед на фактот дека се обвинуваше себе си за нејзината смрт, која се случи пред негови очи, и те како беше изигран/изманипулиран од Флок.
Му дојде ко џокер у покер у ситуацијава.

И Ричард беше изманипулиран, изигран, т.е., за малце ке беше изигран, зашто прво му се појавува ко чудовиштето, па потоа во форма на жена му, и толку треба, а Се всушност е лага за која Ричард нормално, не знаеше.
Далеку ти е ова од '' сакаш-нејкеш '' ситуација, него и Флок удира онаму каде што се најслаби и тоа го злоупотребува, ги манипулира и ги команда ко марионетки со огромна леснотија ( некои од нив ). :wink:

Реков и претходно, једино нешто што до сега незнаевме за Флок во врска со превземањата на мртви тела е дека може да се појави и како некој што умрел надвор од островот, бидејќи до сега се претпоставуваше дека ја зема формата само на оние кои умреле на островот, т.е., биле погребани таму или случајно им паднал ковчегот на островот ( татко му на Џек ). :)

п.с. Ко шо вика и еден мој другар, на Островот се гледа ко '' Пандорина Кутија '', односно, како капакот на истата, примерот со шишето беше таман, иако, има уште неколку епизоди во кои и тоа подетално би требало да се објасни, што, како, зошто и тн и тн.

некој да знае да кажи за кој ке е наредната епизода . ?
Џин и Сан. :pov:
 
Psychopathia_ напиша:
некој да знае да кажи за кој ке е наредната епизода . ?
Џин и Сан. :pov:
Што има толку лошо во ова? И тие имаат тајно минато (или во овој случај сегашност) како и сите други преживеани. Ако не ти текнува што се дешаваше во сегашноста, погледни ја уште еднаш "LA X" и види дека таму го притворија Џин, а Сан излажа дека не знае Англиски. Мислам дека ова е и повеќе од доволна најава за добар заплет :)
 
Што има толку лошо во ова? И тие имаат тајно минато (или во овој случај сегашност) како и сите други преживеани. Ако не ти текнува што се дешаваше во сегашноста, погледни ја уште еднаш "LA X" и види дека таму го притворија Џин, а Сан излажа дека не знае Англиски. Мислам дека ова е и повеќе од доволна најава за добар заплет :)
Oк, што имаше добро во ова, не, сериозно, што имаше добро во ова за да кажеме дека е најава за добар заплет освен One big fucking boooring. :)

п.с. Сан може и навистина не знаела англиски во алт. универзум, мада чисто сумјам у ова.
 
Oк, што имаше добро во ова, не, сериозно, што имаше добро во ова за да кажеме дека е најава за добар заплет освен One big fucking boooring. :)

п.с. Сан може и навистина не знаела англиски во алт. универзум, мада чисто сумјам у ова.
Во првите сезони кога даваа flashbacks открија дека Сан има научено англиски одамна. Така да би било нелогично сеа да кажат дека не знае англиски.

PS: Не збори пред рука. За Lost станува збор :smir:
 
п.с. Сан може и навистина не знаела англиски во алт. универзум, мада чисто сумјам у ова.

Знаела, не знаела, ништо битно. Ја типувам дека знае, чисто спортски, да го подобрам процентот. Да се типуваше во кладилница на ЛОСТ, ќе отидевме банкрот сите до сега :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom