LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?

  • Вкупно гласачи
    291
А од каде тоа дека телото на Алекс не беше завземено од MIB ?!?
Ја не верувам дека беше МИБ самиот, истото се случи и со Бен кога му се појави Алекс но после тоа МИБ објасни дека неможе да смени облик и дека е "заглавен" во телото на Лок
:toe:
 
Дури сега стасав да ја изгледам епизодата и нам коментар. Закон епизода една од нај добрите епизоди а можеби и најдобра. Само едно нешто не ми е јасно. Тоа чадот коа дојде кај Ричард ко беше врзан со синџирите кој шепотеше Ричард или Чадот? Јас мислам чадот зашо стално ко ќе го покажвеа со него беа и тие шепоти. И знае некој да ми каже како ги убива чадот лујгето? Што му прави му ја пијат крвта или шо?

Мислам дека шепотот беше од Ричард, нешто како молитва.
 
Добро но кога можеше Алекс да се појави без он да го завземе нејзиниот облик можеби направил нешто такво и со жена му на Ричард.

Види, не знаеме од каде доаѓаат халуцинациите (засега така ќе ги викам). Значи многу мртви луѓе се појавија: Кристиан, Братот на Мр.Еко, Алекс, сега жената на Ричард... не знаеме дали е МиБ или некој друг или нешто друго... како што рече некој поназад, да ја прочитаме темава наназад за преку 90% од работите не сме биле во право :)

Енивеј, она што знаеме е дека Хуго има способност да зборува со мртви луѓе. Така да жената на Ричард кога зборуваше со Хуго веројатно беше жената на Ричард а не МиБ или Џејкоб итн... Пред тоа на Black Rock, незнам, а и не е важно, секако ќе дознаеме набрзо...
 
нели кога зборуваа Ричард и МИБ, МИб му рече дека тој е црниот чад, а овој му вели Значи таа бегаше од тебе, на што МИБ му врати Не таа бегаше од него.

Дали би можело да откријат дека всушност МИБ бил добриот, нели тоа би било лудо. Така прочитав по спојлерите
 
Досега се зборува за тоа дека МиБ е лошиот. Глупо е Лошиот (Џејкоб) да го чува добриот (Миб) да не излезе од островот. Друго, многу работи директно или индиректно укажуваат на тоа кој е кој,

значи прво, знаеме уште од сезона 1 (преку Лок) дека се работи за вечната борба помеѓу доброто и злото, дека една добра (светла, бела) страна и една лоша (темна, црна страна). Од тука:

Белиот камен кој Џејкоб му го дава на МиБ ја симболизира добрата страна. Во офисот на Џејкоб има вага со бел и црн камен кои се во рамнотежа. По освојувањето на офисот од страна на МиБ, тој го фрла белиот камен, со што вагата претежнува на темната страна. МиБ вели дека е ова внатрешна шега помеѓу него и Џејкоб. МиБ со ова ја означува победата.

Понатаму, во enhanced епизодите на АБЦ, кога Доген можеше да го убие Саид но не го уби, одеше објаснување дека Доген се воздржал затоа што ако го убиел, кај него ќе претежнела темната страна и по смртта ќе се најде на погрешна страна, исто како кај Саид кој поради тоа што убивал и мачел луѓе, по смртта се најде на темната страна. Доген е заштитник на храмот и е во служба на Џејкоб.

МиБ ги испоуби сите на Блек Рок иако не беа никаква дирекна закана за него, како и многу други по островот кои ги влечкаше и распарчуваше без некоја посебна причина, што укажува на неговата „темна страна“.

Единствено што може за мене да излезе како изненадување е дека Џејкоб не е добар или не е добар во онаа безгрешна смисла на зборот. Дека МиБ е лош, немам дилеми.
 
А тоа едно дете што се појави пред неколку епизоди, се знае нешто за него или? Мислам дека беше кога Соер и фЛок (или МИБ не знам како го викате), одеа низ џунглата кога тоа се појави и овој коа го бркаше.
 
ТЕ ГО !

Сеуште е мисинг парт... Неможе да се докаже кој е, но најблиску е да се претпостави дека е некоја ментално фриколитска реинкарнација на Џејкоб...

Ќе чекаме Зои да одговори, прибидејќи на сите спојлери викаат дека типката ги има сите одговори во заден лев џеб.
 
Ја не верувам дека беше МИБ самиот, истото се случи и со Бен кога му се појави Алекс но после тоа МИБ објасни дека неможе да смени облик и дека е "заглавен" во телото на Лок

Заглавен стана ОТКАКО го уби Џејкоб.
 
Знае некој што збореше Hugo на шпански на почетокот на епизодата?

Hugo: Да, можам да ти поможам, но не знам како да го најдам...

Тоа е сѐ. Ништо значајно. :)
 
А тоа едно дете што се појави пред неколку епизоди, се знае нешто за него или? Мислам дека беше кога Соер и фЛок (или МИБ не знам како го викате), одеа низ џунглата кога тоа се појави и овој коа го бркаше.
Типувам на Арон. Плаво дете, и единствено родено на островот. Must be Aaron
 
Добро но кога можеше Алекс да се појави без он да го завземе нејзиниот облик можеби направил нешто такво и со жена му на Ричард.
Секое лице што се појавило на островот а претходно починало е завземено од Флок, причината за тоа е сеуште нејасна, али тој тие починати луѓе ги користи за да манипулира со останатите бидејќи истите се и нивна слабост многу јасно.

Пример, Ричард знаеме колку ја сакаше жена му, нормално, одлична прилика е ова за Флок да си го изманипулира лагано.
Бен премногу ја сакаше Алекс, нормално, супер прилика за Флок да манипулира лесно со Бен, ова му беше и најуспешна манипулација бидејќи го наговори да го слуша Лок и да ги реализира неговите наредби без разлика какви се, а всушност со истото он ги следеше наредбите на Флок, односно, ова беше онаа '' дупка во законот '' која MiB ја бараше доста долго време.
Има и други примери али овие се порелевантни па затоа и ти ги спомнав.

Е сега она што го видовме во последната епизода ни укажа на тоа дека Флок не ги завзема само оние лица кои починале на островот, бидејќи жена му на Ричард не стапна на истиот. :toe:

п.с. И за оние кои сеуште веруваат дека можно е Флок да е оној добриот а Џејкоб лошиот, совет, изгледајте ја уште еднаш последнава епизода, бар тоа се објасни многу убаво, не дека и претходно не беше објаснето. :wink:
 
За разлика од другите мене баш последнава епизода ме убеди дека МИБ е “добриот“ а Џејкоб лошиот. :pipi:

Моја Теорија.

Островот е некаков вид на преодна порта кон пеколот.
Џејкоб е некаков претставник на џаолот и задача му е што повеќе “неопределени“ луѓе да ги придобие и да ги прати во пеколот. Да се придружат на темната страна овде прикажана во бело. :pipi:
МИБ намерно прикажан во црно ради варка на продуцентите е некаков претставник на Господ. Од типот на Архангел Михаил, кој што со МЕЧ (насилно) ги решава проблемите со “неверниците“ дури и потенцијалите.

Џејкоб цело време си “вика“ луѓе на островот кои што се пола пола (добри-лоши) и сака да ги придобие.
Џек - „човек од науката“ добар е но не верува во Господ.
Лок - „човек од верата“ но поради измамата (со бубрегот) беше спремен и да убие.
Кејт - онака добра ама сепак изврши убиство.
Сојер - Исто добар ама е преварант.
Саид - садистички мачител со добра душа. :nesvest:
Хуго - Мисли дека е невиден малер и сака да се самоотепа.
.
.
.
За сите “донесени“ на островот видовме и добра и лоша страна. Многу се блиску за во пеколот ама ако се покајат и подобрат можат и да се “спасат“.
Сите откако дојдоа на островот се повеќе ја покажуваа својата лоша страна и сите направија и дополнителни гревови. Сите станаа спремни за “печење“ :pos2:

МИБ сите што ќе дојдат на островот сака ди ги убие пред целосно да прејдат на темната страна за во чистилишето Петар нека се “расправа“ со нив, за каде се, рај или пекол.

Џејкоб цело време сака да го сочува островот и да си најде и замена.
МИБ сака да го уништи островот и да си замине дома (ин д хевн :vozbud: )
Островот се уништува, се ослободува позитивната енергија затворена како со чеп со него. Шишето наместо со црно вино ако го видиме дека е со бело вино полно??? (исто варка на продуцентите :toe:)

Во алтернативната вистина скоро сите се нели подобри и целосна спротивност од погоре опишаното. На време го напуштиле или воопшто не биле на островот. :toe:

Ова погоре напишаното што е во религиска конотација гледајте го фигуративно. :smir: Колку да ја доловам борбата на ДОБРОТО и ЛОШОТО.
Фактот дека островот претставува чеп за извор на огромна енергија мислам дека е доста јасен за сите.
Двајцава со супер моќи (МИБ и Џејкоб) во чие име сакаат да ја контролираат не е ни битно, секој со свои прифатливи објаснувања. За мене вака како што опишав некако ми е нај логично. :pipi:
Во нивнава “борба“ за контрола над енергијата се замешуваат и “независни“ кои што исто така сакаат да воспостават контрола врз таа енергија. Тоа се ДАРМА и Видмор. Првиве нели Џејкоб кога виде дека се блиску до успех, ги “реши“ преку Бен. А Видмор кој што ги прекрши “правилата“ (на Џејкоб) и беше протеран, тек ќе видиме што ќе направи. Предходно мислев дека е со МИБ ама еве не бил. :kesa:

Држи ли вода теоријава? :smir:

ПС. МИБ до сега не е прикажан како манипулатор. Сакаш-неќеш му е односот. Едиствено што им “ветува“ дека ќе си идат од островот и после секој со своја судбина.
Додека Џејкоб во милион ситуации манипулираше со луѓето и сите ги гаѓа кај што највеќе ги боли.
Па видете сеа кој е добар, а кој лош.:smir:
 
За разлика од другите мене баш последнава епизода ме убеди дека МИБ е “добриот“ а Џејкоб лошиот. :pipi:

Џејкоб цело време си “вика“ луѓе на островот кои што се пола пола (добри-лоши) и сака да ги придобие.

За сите “донесени“ на островот видовме и добра и лоша страна.

МИБ сите што ќе дојдат на островот сака ди ги убие пред целосно да прејдат на темната страна за во чистилишето Петар нека се “расправа“ со нив, за каде се, рај или пекол.

Џејкоб цело време сака да го сочува островот и да си најде и замена.
МИБ сака да го уништи островот и да си замине дома (ин д хевн :vozbud: )
Островот се уништува, се ослободува позитивната енергија затворена како со чеп со него. Шишето наместо со црно вино ако го видиме дека е со бело вино полно??? (исто варка на продуцентите :toe:)

Држи ли вода теоријава? :smir:

ПС. МИБ до сега не е прикажан како манипулатор. Сакаш-неќеш му е односот. Едиствено што им “ветува“ дека ќе си идат од островот и после секој со своја судбина.
Додека Џејкоб во милион ситуации манипулираше со луѓето и сите ги гаѓа кај што највеќе ги боли.
Па видете сеа кој е добар, а кој лош.:smir:

Незнам дали држи вода, ќе видиме на крајот. Него, како мислиш, МиБ не манипулирал со луѓето? Нели го манипулираше Бен да го убие Џејкоб? Нели ја манипулираше Клер дека другите и го имаат бебето за да ја придобие...? Ричард и жена му...?

МиБ и Џејкоб се манипулатори, тука нема дилеми.

Иначе сите донесени на островот имаат добра и лоша страна затоа што секој човек има добра и лоша страна. Џејкоб им дава избор да одберат сами помеѓу доброто и лошото, без да им наметнува (ја разбираш тука религиската конотација, нели?) Доген можеше да го убие Саид но не го уби, за да не прејде на темната страна. Доген е на страната на Џејкоб, нели?

Џејкоб сака да си најде замена и да замине но тоа не покажува ништо во однос на тоа кој е добар а кој е лош. МиБ не покажал ни еднаш дека сака да го уништи островот, туку само дека сака да си замине. Најверојатно на земјата, не на небото. Што ако МиБ е темнината која се чува на островот за да не се рашири по земјата...

Енивеј, знаеме дека серијата е склона на пресврти и шокинг моментс, но не верувам дека ова ќе се преврти до тој степен. За мене очекуван пресврт е Џејкоб и МиБ да се две страни на истата паричка, двајца манипулатори со различни цели... Џејкоб, реков и порано, веројатно го претставува доброто ама не она безгрешно добро како во приказните... или како да кажам, помалото зло. МиБ дефинитивно според мене е на темната страна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom