Дидо, ова не е „просто фантазија„.
Човече ова е Толкин, господ бог на епската фантастика, писател кој е узор на цели генераци писатали, писател чии дела направија од цели генерации читатели, и љубители на тој жанр.
Нема што еден Питер Џексон, да препишува и менува дело на Толкин. Сквернавење на Великанот!!!
Џексон, за да разбере што тој ни прави нам почитувачите на ликот и делото на возвишениот Толкин, треба цела недела да го држат заврзан за столче, очните клепки со селотејп залепени да не може да ги затвара, устата затната со прљава чорапа да не може да вика (и со тоа да не слуша), и така 24/7 да му пуштаат најселска турбо фолк музика од типот на „
КЕШ КЕШ„ итн.
Oд каде да почнам?
Ајде од основното. Во Хобитот Толкин ни го претставува Билбо Багинс како тотално ненасилен лик, пораснат во Округот, областа на Хобитите кои се најненасилна раса во целата фантазиска Средна Земја на Толкин. Билбо проблемите ги решава со паметот, и со неговиот магичен прстен.
Целата претстава на Хобитите, со нив и Фродо и Билбо, како ненасилни и мирољубиви кулминира со крајот на Господарот на Прстените, каде Фродо не го убива Голум (кој потоа му го решава проблемот со неможењето да го уништи прстенот).
Практично иста таква ситуација е таа на Билбо со Голум, каде по играта со гатанките Билбо не го убива Голум, иако лесно може да го направи тоа (со прстенот, кој му го зема).
Џуџињата Толкин ни ги претставува како недоквакани и непрокопсани ликови (со исклучок на Торин кој навистина е воин), кои постојано запаѓаат во невољи од кои Билбо ги вади со помош на итрини и со својот прстен.
Но што прави Питер Џексон?
Џуџињата ги прави супер-нинџа-воини (дури и дебелиот Глоин), кои тепаат се живо и диво пред нив, правејќи ја потребата од Билбо (како обивач) целосно непостоечка. Дури и самиот Билбо, иако никогаш претходно не фатил оружје во рака, се покажува како добар воин кој џуџињата го прифаќаат затоа што се бори со нив и за нив (моментот кога го спасува Торин од Азог и орките/варгите на пример), целосно некарактерно на ликот на Билбо од Толкин.
Убацување на целосно новиот лик на згодната елфица Тауриел (непостоечки лик во книгата), убацувањето на Леголас (кој го нема во Хобитот)... сето ова зборува како глупаво Питер Џексон сака од Хобитот да направи преквел на Господарот на Прстените.
А Хобитот никако не е преквел на Господарот на Прстените. Хобитот е дело само за себе, иако дејствието е во Средната земја и во него ги има некои од ликовите, од другите дела не Толкин. Хобитот е пред се книга за Билбо Багинс, авантурите во кои се впушта и во кои ја открива својата храброст и карактер.