Книгите се една работа, филмот друга. Често кога се адаптира книга се менува содржината и има одскокнувања од оригиналниот материјал, тоа е како сценаристите и режисерот го толкуваат дејството и некогаш мислеќи дека нивната зачинета верзија ќе го подобри филмот често забегуваат од книгите. Се разбира тука е и стандардното CGI to the max кое владее во Холивуд од Matrix навака. На некој им се допаѓа ова очигледно чим ќаруваат милијарди на box office, други рипаат по форуми жалеќи се како режисерот ја уништил книгата и како требал од збор до збор се да адаптира. Се разбира овие вториве се малцинство но погласни и поупорни во хејтањето.
Мене како голем фан на делата на Tolkien, The Hobbit филмот ми беше супер entertainment, не совршен се разбира но најдобар оваа година од блокбастерите. Сржта на книгата е добро адаптирана и во главно сите битни елементи и случувања се опфатени, освен романтичниот дел со госпожа Tauriel (алудирам на ликот не на актерката <3 ) други примедби немам. Промените се во духот на книгата и од аспект на драматичост и динамика, некое работи едноставно не функционираат од книга на филм па затоа и се изменети. Во главно филмот ја постигна целта а тоа е да се чувстувам убаво дури го гледам и да не жалам за потрошените 2 и кусур саати.
А еве ти Dumbledore според никот претпоставувам си фан на Harry Potter, пробај можеби некој од филмовите слични во квалитет на тој ќе ти се допадне повеќе па ќе издржиш повеќе од 12 мин. Еве ти предлози: Twilight, Mortal Instruments, Snow White and the Huntsmen, Jack the Giant Slayer, Hansel and Gretel: Witch Hunters и сл.
Едноставно можеби не ти лежи LotR серијалот, ништо страшно. Различните вкусови и мислења треба да се почитуваат. За остатокот од светот таа трилогија е врвот во Fantasy жарнот и е недостижна ни од самиот Џексон со The Hobbit трилогијата.