Јас ги бркав да изгубат со Австрија на лист онака чисто заради коеф на Австрија кој беше 4.00, вчера ги стегнав да изгубат на појака уплата заедно со Франција да победи, џабе не оди со сила, штом се паднаа со Полска скоро сум сигурен дека ќе играат финале, да беа против Франција или Шпанија малце потешко ама вака мислам дека ќе поминат, не може, ракометот ти е спорт каде судиите може многу да влијаат на играта и на резултатот, Полјаците се доста агресивни во одбрана, ќе им свирнат неколку исклучувања, ќе им свирнат неколку пробивања во напад и ете ти, ќе направи Катар разлика и џабе ти е после, ти кажав на многу сајтови имаше анализи дека фрлиле големи пари Катарците за да освојат медал овде, дека имало и некакво договори со светската ракометна федерација, јас искрено не верувам во такво нешто, ама еве ги во полуфинале се, штом наидоа на Полска мислам дека нема да се задоволат со бронза, Франција и Шпанија имаат поголем авторитет и влијание во светскиот ракомет и ќе беше потешко да има гурање од судиите ама вака едно 80% сум сигурен дека Катар ќе игра финале, што за мене е поразителен факт за ракометот и голем минус