Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Што знам, кога ги гледам вака во цртанов цели фамилии од сребренокоси ептен кул изгледа. Ние во ГОТ имавме само 2ца, дани и братот. Замисли го дејството со цели фамилии? Чиста драма со оглед на тоа колку се fucked up.
Плус инспирирани се од Римската република, што значи тури римска мегаломанска архитектура над вулкани и реки од лава и дејството е уште по кул.
 
Сега ги читам новиве мислења и сфаќам дека повеќе кур ме боли за серијава и за сите привели и сиквели, воопшто не сум хајпнат, а на времето ми беше омилена серијава.

Таа 8 сезона не само што беше лоша, туку го уништи целиот legacy на серијалот и никој не зборува повеќе за неа, иако требаше да биде модерен класик.

Верувам дека не сум само јас со тоа мислење :toe:
 
Сега ги читам новиве мислења и сфаќам дека повеќе кур ме боли за серијава и за сите привели и сиквели, воопшто не сум хајпнат, а на времето ми беше омилена серијава.

Таа 8 сезона не само што беше лоша, туку го уништи целиот legacy на серијалот и никој не зборува повеќе за неа, иако требаше да биде модерен класик.

Верувам дека не сум само јас со тоа мислење :toe:
Во човечката природа е да ги памти само лошите работи ;)
 
Во човечката природа е да ги памти само лошите работи ;)

Кога целата приказна е направена само да се надоврзува и да се билда за финалето, нормално е сите да очекуваат добар крај.

Не е ова серија како Супернатурал или Менталист или слично каде секоја епизода и сезона се приказна сама по себе, па може сега ревач само на добрите сезони да правиш.

ГОТ имаше супер моменти, нормално ги памтиме сите, ама без солиден крај, испаѓа дека се било без причина и целата приказна паѓа во вода.
 
Јас ја репризирав и сега мислам дека тек после битката со мртвите стана срање последната сезона, дотогаш беше добра. Се на се, прејака серија, после неа кога се префрлив на викингс беше ко од научна емисија на селска чешма муабети, не се опишува разликата во квалитет.
 
па да реално наеднаш се случи колапс, тоа не беше 3та епизода? Кога заврши таа епизода, јас во наредната очекував објаснување за смрзнатите, ама место тоа добив денерис што нагло го изгуби умот онака во една епизода и го запали градот полн со некој од најодвратните битија (памтите валк оф шејм), за кои сега требаше да ни биде жал.
 
Најдобрата битка снимена до сега. Уф колку ми фалат овие моменти кога со огромен хајп ја очекувавме секоја епизода и цело време вртеа теории по нетот..


 
Најдобрата битка снимена до сега. Уф колку ми фалат овие моменти кога со огромен хајп ја очекувавме секоја епизода и цело време вртеа теории по нетот..


И на крај упропастија се. Толку популарна серија на сите да им се одмили
 

Се надевам си ги научиле грешките од претходно.
 
Последните 6-7 минути од 3тата епизода од битката со мртвите ќе останат засекогаш ненадјебливи во историјата на сериите. Се е обработено до перфекција.

Музиката, собрани скоро сите ликови шо се тепаа преку цел серијал, цела атмосфера на безнадежност умираат сите во различни агли од замокот, Најт Кинг со сите команданти позади него чекори победносно накај Бран, смртта на Теон, и таман дигна рака овој БАМ, Арја Старк. :cuc:

Оргазмични неколку минути. Огромна преогромна штета шо ја усраа така на крајот. Да завршеше серијата на 3та епизода и да останеше се недоречено ќе беше подобар крај, отколку ова шо се дешаваше последните 4 епизоди.
 
Мехх, ниту така немаше да е совршено. Мене пример најмногу ми сметаше, а верувам и на повеќето гледачи што цел серијал се билда сторија баш за таа битка, за на крај целосната битка да е прикажана во една епизпда. Премалку е. Не велам да трај една цела сезона, ама сепак можеше барем да биди опфатена во неколку епизоди. Во глобала целата сезона беше избрзана, не само со таа битка туку и со Daenerys губеќи го разумот, без никакво backstory. Можеа макар да одвојат 5минути да ја стават Deanerys каде што слуша Кеба, така можеби ќе имаше некаква логика во сето тоа што се случи. Тогаш ќе велевме барам, оваа ептен буквалиста да ти била. Како и да е, ќе остани запаметена како една од најдобрите серии што не си го оствари потенцијалот за да биде баш at the tippity top.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom