Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Да не бидам само како некој фанбој морам и да искритикувам некои работи во серијата кои одамна ми сметаат, а овие две епизоди посебно ми доаѓаат до израз.
Сите знаеме дека серијата има огромен број на ликови и посебни приказни, и дека во 10 епизоди по сезона нема време за сите добро и детално да се обработат, затоа има многу заборавени приказни кои мене лично ми ствараат слика за дупки во сценариото, уште лани пишав за тоа, Железните Острови и Риверлендс ми се особено запоставени. Плус имало, колку што сум читнал (без да се спојлеришам) дека имало уште повеќе ликови и приказни кои биле изоставени од серијата (ги имало во книгите), тоа и не е лошо, оти како што реков за овие сегашниве ликови нема место а не па за уште други, така да приказн и ликови било нужно да се кратат.
Но, проблемот е што од друга страна има многу сцени кои не се потребни, се троши непотребно време од епизодите, на пример сосем небитни ми се сцените со Црвот и Мисанде, со Гили во последната епизода, имаат ли воопшто ефект тие сцени за целината на дејството, според мене не.
Исто премногу раздолежни ми се сцените на Бриен, и нејзиниот дел од последната епизода ми е нешто најглупаво што сум го видел во серијата досега. Ај шо нема логика и двете Старкови за толку кратко време случајно да ги сретне во толкава земја, (едната ај ОК, ама двете), смотаната знае дека цел Вестерос ја бара Санса како една од обвинетите за убиство на кралот, и во меана полна со народ гласно и се обраќа по име, како ја заштитува со тоа, и после се чуди зошто сите ја откачуваат. И што ако Санса отидеше со неа, каде ќе ја однесеше, дома во Винтерфел, на ѕидот кај Џон, ќе ја пренесеше во Есос, ќе ја вратеше во King's Landing, Санса секаде ќе биде побезбедна сама или со Бејлиш отколку со Бриен. И што повеќе со ликот на Бриен, ја откачија двете Старкови, нема потреба повеќе сцени да има со неа и Подрик, секоја сцена со Бриен во наредните епизоди би била само непотребно трошење на и така малата минутажа која може да се искористи за други поважни ликови.

Од првите 2 (4) епизоди заклучивте каква ќе биде сезоната
Џабе колнете, Game of Thrones никогаш не разочарува.
Објективно, GOT е најдобра серија на сите времиња.
од преголема заслепеност некогаш не се гледа очигледното. Го нема веќе тој хајп оваа сезона ГОТ како предходните, а плус и ништо не се дешава во овие две епизоди. Можеш по една реченица да кажеш за двете епизоди, и ништо важно нема да пропуштиш.Од првите 2 (4) епизоди заклучивте каква ќе биде сезоната
Џабе колнете, Game of Thrones никогаш не разочарува.
Објективно, GOT е најдобра серија на сите времиња.
Како се мереше објективно дека е најдобра серија кога не е ни завршена?Од првите 2 (4) епизоди заклучивте каква ќе биде сезоната
Џабе колнете, Game of Thrones никогаш не разочарува.
Објективно, GOT е најдобра серија на сите времиња.

Брејкинг Бед, Сопранови, Д Вајр... се се тоа врвни серии, драми.Како се мереше објективно дека е најдобра серија кога не е ни завршена?![]()
Смее ама нема да има. Во секој случај констатирање дека сезоната ќе биде тапа затоа што не биле интересни првите 2 епизоди е...И демек ако ГОТ е најдобра серија на сите времиња, не смее да има слаби сезони....?
Двојни аршини. Тврдиш дека GOT е најдобра на сите времиња а не е ни завршена, критикуваш констатации дека е тапа сезоната по 2 епизоди, од друга страна констатираш дека ќе биди топ сезоната судејќи по 2 епизоди, дека ќе нема тапа сезона и ќе е најдобра на сите времиња.Брејкинг Бед, Сопранови, Д Вајр... се се тоа врвни серии, драми.
Ама GOT има посебен шмек и + сите други работи.
Глума, сетап, CGI, ликови, приказни... Мене ми двои од сите други.
Смее ама нема да има. Во секој случај констатирање дека сезоната ќе биде тапа затоа што не биле интересни првите 2 епизоди е...
ГОТ имала 4 сезони досега, и сите биле врвни без утка, за повеќето. Сосема очекувано е да продолжи со ист квалитет.Двојни аршини. Тврдиш дека GOT е најдобра на сите времиња а не е ни завршена, критикуваш констатации дека е тапа сезоната по 2 епизоди, од друга страна констатираш дека ќе биди топ сезоната судејќи по 2 епизоди, дека ќе нема тапа сезона и ќе е најдобра на сите времиња.