Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
И серијата сама по себе е крива за нашите преголеми очекувања, серијата имаше ненадминливи моменти кои тешко да ги достигнат други серии, па и самата таа.

Погубувањето на Нед, Blackwater, Red Wedding, Purple Wedding, Oberyn vs. The Mountain, тоа е веќе телевизиска класика, и ние очекуваме веќе во секоја втора епизода да се случуваат вакви сцени, секако ќе има и монотонија, пад на дејството.
 
Jа заборави битката на ѕидот, која имаше најголема акциона панорама во историјата на телевизијата. Инаку и покрај сите кратења, серијава има најголем кастинг во историја на телевизијата. (ваљда го знаеме тоа сите, а ако сум грешка нека ме поправи некој)
 
Последно уредено:
Стварно?
За што е build-up приказната на Берик во серијата?
Во книгата знаеме.
Што беше уствари поентата со овој,2 сезони пројдоа го нема да се појави.А од друга страна 10 минути го тупат за љубовната конекција помеѓу типац што е кастриран.
 
Што беше уствари поентата со овој,2 сезони пројдоа го нема да се појави.А од друга страна 10 минути го тупат за љубовната конекција помеѓу типац што е кастриран.
Можда ќе дознаеме некад, не можам да знам у главите на D&D што се дешава. Знам само дека утнаа еден многу јак монолог на Берик и дека понекад на D&D им се дешава да се откажат од нешто што го почнале.
Тоа со Мисандеи и Сивиот Црв, мислам дека е некоја од оние финтите на боардовите на издавачките куќи, кога ќе одлучат дека у филмот таму и таму ако има love story, гледаноста ќе биде поголема. Како што беше акцентот на љубовта помеѓу Арагорн и Аруена Ундомијела, во филмовине или пак уште пофлагрантниот пример на несреќната љубов на џуџе и виленичка у другиот филм.
 
Кој чека ќе дочека, така и некои си чекаа 5 години да конечно ја исхејтаат Game of Thrones (не на форумов, сеа дојде тука муабетов, на нет глобално иде од лани), а тоа да не биде ниво на лудило, јер сезонава и стварно (ќе) е послаба.

GoT е жртва на својот успех, едоставно си крена ненормални критериуми, кои е невозможно да ги одржиш со толкава обемна приказна.

Нешто што е сеуште лудило да се дискутира е тоа дека комплетната сторија за GoT/ASOIAF, цел серијал - не чини. Значи ова не е серија, погрешно е да се гледа кон приказната на серија. Култ е. Целосен нов свет, кој се генерира сам од себе, како што и е целта на Мартин кога ја почнал да направи „фантазија“. The known world (Westeros и компанија) е систем кој фунцкионира беспрекорно. Самото тоа да склопиш цела планета во која ќе обрнеш внимание на најмалите ебени детали и нема да имаш дупка во plot-от е мастерпис погет, кој не може да се оспори.

Затоа GoT, LOTR/Hobit/Middle Earth, Star Wars, etc, никогаш нема да можат да се стават по сите критериуми во ист кош со Sopranos, BB, Wire, etc. затоа што се ниво погоре, ако не по квалитет тогаш по обем.

Јер ваквите спори епизоди во BB знаевме да ги фалиме нели, оти биле дообликување на карактерите и приказната.

Да се навратам на почетокот, GoT и без ваква луда испреплетена приказна ќе беше омилена и way of life на болесниците по таквиот тип на приказни. Финтата е што лудиот Мартин успеа и да напише одлично сценарио, кое адаптирано на екран се покажа како полн погодок и како нешто што досега не е видено на телевизија.

Самата приказна и светот се толку обемни, што не можеш да ги обработиш во 10 телевизиски часа годишно, со исто темпо во секоја сезона. Затоа и вака се осеќаме на спориве епизоди. Да идеа со полабаво темпо, немаше сега да ги има овие муабети. Ама ние навикнавме на огромна динамика уште во првата сезона, што дури и втората сезона ни беше „спора“, за во трета и четврта пак да се наврати динамиката. Ама секоја приказна си има своја кулминација, така и со Game of Thrones. Овие свесно отидоа на тоа 3 и 4 сезона бидат jaw droping, да набутаат многу клучни настани во тоа, од едноставна причина да останат запаметени како one and only во тв светот.

Јас би бил презадоволен доколку оваа сезона биде ко втората, односно воглавно спора, со акцент на сценариото, приказни за историјата, карактерно POV итн.

Главниот проблем е што серијата веќе значително бега и се двои од книгите. Ако во првите сезони тоа ми беше желба, јер бев напизден на bookreaders кои се јадеа со нас за одредени ликови и нивната добрина/лошина, сеа дефинитивно не сум За тоа. Бидејќи веќе ни е јасно дека Мартин е еден левел погоре од сите, дека он е Господ на серијалов и дека тој најдобро би сторил, па дури и ако е до усерување, барем он најдобро би ја усрал.

Нормално делумно за настанатава ситуација е и тој крив, јер е мрза и не ги допишува или не ги објавува преостанатите две книги. Па така ради пари (а шо друго) HBO мора да си ја продолжи серијава, не може да чека овој да ги доврши па потоа да снима. Така продуценското дуо мора да „измислува“ и да ја довршува приказната на Мартин. Тоа веќе е аналогно на fan made верзија на приказната. Колку и да се квалитетни продуцентите, не е исто тие да ја довршат сторијата која ја започнал GRRM. Затоа се повеќе и повеќе ќе гледаме дупки, нејаснотии и ќе се нервираме, па ќе се стори некој глуп батерфлај ефект, ќе се усере цела приказна.

Ради обемноста на таа приказна која ја споменав, искрено посакувам многу spin off-и после крајот на главната франшиза. Кога за Сол факинг Гудман едни AMC можат да направат спиноф/приквел, мајкоебачки добар потег би бил на HBO да направат приквел на настаните од историјата на GoT. Таму и не би требало многу импровизација, јер во најголемиот дел тоа е веќе напишано во книгите на Мартин па така би испаднало предобро скоцкано, како што беа минативе сезони од главнава приказна.

Точно тоа дека има многу глупи приказни кои се фураат, ама серијава стана глобален феномен, со то ја следат и многу глупи (извинете на искреноста) луѓе кои се палат на такви безвезни стории па ради гледаност (читај пари пак) ќе ги тераат тие стории.

Како и да е, дури и да ја посерат, серијава ќе остане како најдоброто нешто што се појавило на ТВ (субјективно) или во најмала рака дел од најдоброто (објективно) на ТВ. Впрочем, свежи се спомените за една серија која максимално ја посраа на крајот, па еве остана како култна (да де, LOST). Ќе останат само хипстери и fanboys на други серии кои ќе викаат дека серијалов е срање.
 
Нормално делумно за настанатава ситуација е и тој крив, јер е мрза и не ги допишува или не ги објавува преостанатите две книги. .
За жал, не ги допишува. Лудом радовање е тој мит дека ги има напишано, ама не ги објавува.
D&D се едни од ретките луѓе кои ги знаат генеарлните насоки, за тоа како до крај ќе се одвиваат работите. Има многу изворни D&D работи во серијата, но во склад со генералните насоки на писателот, али не и под целосна 100% супервизија на Џорџ. Само генерална супервизија има он. Инаку, уште после прва сезона он рече дека во серијата ќе бидат експлоатирани некои патишта од кои се откажал при пишувањето, алтернативни исходи од кои се откажал. И како што е соопштено пред почетокот на оваа сезона, девијациите од канонот ќе бидат сѐ поизразени, но на крајот отприлика серијата и книгите ќе се сретнат на исто место.

Овие информации ми се од интервјуата што ги имаат D&D и Џорџ давано од почеток до сега.
 
Последно уредено:
Коа сме кај Бриен fuck Бриен. Ако da muder of draguns испаѓа глупа за оваа Бриен неам зборови. А башка и досадна е незнам што ја форсираат толку. Се кладам дека нема ништо позначајно да направи у приказната така да cut that bitch of my screen.

А за Санса може изглеа глупичка али доста научи од Човекот со малиот прст :icon_lol:, ја мислам ќе изненади у наредниве епизоди.
 
Затоа GoT, LOTR/Hobit/Middle Earth, Star Wars, etc, никогаш нема да можат да се стават по сите критериуми во ист кош со Sopranos, BB, Wire, etc. затоа што се ниво погоре, ако не по квалитет тогаш по обем.

Јер ваквите спори епизоди во BB знаевме да ги фалиме нели, оти биле дообликување на карактерите и приказната.
@ElNinho за другово што го изоставив се слагам у целост, нема муабет неможе да се оцени уште сега иако адаптацијата е беспрекорна,целата сценографија и се околу серијава е детализирано до совршенство, што само по себе си е A+ и без конкуренција. Ама, горе споредбиве не се баш океј, имаш ЛОТР, Хобит, Star Wars кои се трилогии и ги ставаш у ист кош со серии кои имаат извадено по 6 сезони и повеќе.
Не постојат многу критериуми преку кои се рејтува една серија, доволни се оние основните: оригинална сторија, добро напишано сценарио и добра глума, се друго е додаток. Сопранос пример, во тие три критериуми го има достигнато самиот врв, од друга страна ГОТ e адаптација но сценариото е предобро напишано, третиот елемент е дискутабилен и според мене не е на исто ниво со она на Сопранови.
Огромната предност на ГОТ е дизајнот и детализирањето на сетовите до совршенство, практично достигнаа нови врвови у овој поглед, поради ова серијата достигна огромна гледаност и е моментално на прво место. Сопранови беше неприкосновен број 1 на HBO пошто го редефинираше поимот драма.
 
Споредбата беше во поглед на посебноста на приказната и нејзината егзистенција и без екранизацијата. Светот на Мартин и светот на Толкин се и тоа како споредливи меѓусебно, ама затоа нивната екранизација е тешко споредлива со сериите и филмовите кои не се поттикнати од такви дела.

LOTR е повеќе од филмска франшиза, GoT е повеќе од серија, тоа е тоа, го имаат тој фактор што прафи да не го опфатат само платното/тв екранот, туку и пошироко. За мене секогаш таквите фантази приказни кои креираат свој свет, сосема независен ќе бидат друга категорија. Особено овие две, кои се и субјективно и објективно најуспешните.

Ако ја одделиме екранизацијата и нејзиниот квалитет, секако дека не е на нивото на Сопранови, нема ни да биде во тој поглед особено во глумата затоа што е многу пообемна приказна. Кастингот/глумата и тука според мене е одлично извршен, ама квантитетот на ликови е толку огромен што мора да имаат и киксеви ко прво, а ко второ има маестрални глумци кои обемната приказна не им дозволува довлно screen тиме за да го истакнат максимално занаетот. Доказ за тоа се наградите каде грото ликови од серијава заслужуваат номинација ама не можат да ја добијат ради „технички“ причини, односно мало време на екранот.
 
Ако глеате занатски (филмски - режија енд стаф), ја мислам дека True Dec. е најбоље до сеа.
 
@ElNinho за другово што го изоставив се слагам у целост, нема муабет неможе да се оцени уште сега иако адаптацијата е беспрекорна,целата сценографија и се околу серијава е детализирано до совршенство, што само по себе си е A+ и без конкуренција. Ама, горе споредбиве не се баш океј, имаш ЛОТР, Хобит, Star Wars кои се трилогии и ги ставаш у ист кош со серии кои имаат извадено по 6 сезони и повеќе.
Не постојат многу критериуми преку кои се рејтува една серија, доволни се оние основните: оригинална сторија, добро напишано сценарио и добра глума, се друго е додаток. Сопранос пример, во тие три критериуми го има достигнато самиот врв, од друга страна ГОТ e адаптација но сценариото е предобро напишано, третиот елемент е дискутабилен и според мене не е на исто ниво со она на Сопранови.
Огромната предност на ГОТ е дизајнот и детализирањето на сетовите до совршенство, практично достигнаа нови врвови у овој поглед, поради ова серијата достигна огромна гледаност и е моментално на прво место. Сопранови беше неприкосновен број 1 на HBO пошто го редефинираше поимот драма.
Сепак според мене треба да заврши за да праиме муабет која е подобра,бидејки крајот ми е меѓу најбитните работи во некоја серија. Пример Wire ми е најака бидејки има многу добар крај,ми се чини испланиран од режисерот уште коа ја напраил првата епизода. На сопранови крајот не ме импресионираше(мислам намерно направен за + епизоди во иднина ако не умреше актерот),исто и лост од омилена ми падна ниво подоле ради тоа.
Тоа највише ме плаши за серијава,накај тераат. За оргинална сторија и Сопранови не измислија топла вода,сценариото глумата беа пресудни за да биде најдобра серија за повеќето.
 
Вака ломотевте и за втора сезона (мислам втора беше, сФе ми е измешано и книги и сезони) и Блеквотер Беј на крајот ја извади сезоната. Не може се` да е акција, расплети, борби, обезглавувања. Испаѓа најарно да ги скинат Ланистери, Санса на трон, свршена прича, пријатно.
 
:cautious:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom