Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Значи не сум бил единствениот што сака оваа Бриен думре, хемафродит.
 
Да не бидам само како некој фанбој морам и да искритикувам некои работи во серијата кои одамна ми сметаат, а овие две епизоди посебно ми доаѓаат до израз.

Сите знаеме дека серијата има огромен број на ликови и посебни приказни, и дека во 10 епизоди по сезона нема време за сите добро и детално да се обработат, затоа има многу заборавени приказни кои мене лично ми ствараат слика за дупки во сценариото, уште лани пишав за тоа, Железните Острови и Риверлендс ми се особено запоставени. Плус имало, колку што сум читнал (без да се спојлеришам) дека имало уште повеќе ликови и приказни кои биле изоставени од серијата (ги имало во книгите), тоа и не е лошо, оти како што реков за овие сегашниве ликови нема место а не па за уште други, така да приказн и ликови било нужно да се кратат.

Но, проблемот е што од друга страна има многу сцени кои не се потребни, се троши непотребно време од епизодите, на пример сосем небитни ми се сцените со Црвот и Мисанде, со Гили во последната епизода, имаат ли воопшто ефект тие сцени за целината на дејството, според мене не.

Исто премногу раздолежни ми се сцените на Бриен, и нејзиниот дел од последната епизода ми е нешто најглупаво што сум го видел во серијата досега. Ај шо нема логика и двете Старкови за толку кратко време случајно да ги сретне во толкава земја, (едната ај ОК, ама двете), смотаната знае дека цел Вестерос ја бара Санса како една од обвинетите за убиство на кралот, и во меана полна со народ гласно и се обраќа по име, како ја заштитува со тоа, и после се чуди зошто сите ја откачуваат. И што ако Санса отидеше со неа, каде ќе ја однесеше, дома во Винтерфел, на ѕидот кај Џон, ќе ја пренесеше во Есос, ќе ја вратеше во King's Landing, Санса секаде ќе биде побезбедна сама или со Бејлиш отколку со Бриен. И што повеќе со ликот на Бриен, ја откачија двете Старкови, нема потреба повеќе сцени да има со неа и Подрик, секоја сцена со Бриен во наредните епизоди би била само непотребно трошење на и така малата минутажа која може да се искористи за други поважни ликови.

 
Од првите 2 (4) епизоди заклучивте каква ќе биде сезоната :ban:

Џабе колнете, Game of Thrones никогаш не разочарува.
Објективно, GOT е најдобра серија на сите времиња.
 
Од првите 2 (4) епизоди заклучивте каква ќе биде сезоната :ban:

Џабе колнете, Game of Thrones никогаш не разочарува.
Објективно, GOT е најдобра серија на сите времиња.

Што не значи дека не треба да има простор за критики, јас сум оптимист, но кажав некои работи, а гледам дека со моето мислење се согласиле многумина што ја следат серијата.
 
Од првите 2 (4) епизоди заклучивте каква ќе биде сезоната :ban:

Џабе колнете, Game of Thrones никогаш не разочарува.
Објективно, GOT е најдобра серија на сите времиња.
од преголема заслепеност некогаш не се гледа очигледното. Го нема веќе тој хајп оваа сезона ГОТ како предходните, а плус и ништо не се дешава во овие две епизоди. Можеш по една реченица да кажеш за двете епизоди, и ништо важно нема да пропуштиш.
И демек ако ГОТ е најдобра серија на сите времиња, не смее да има слаби сезони....?
 
Од првите 2 (4) епизоди заклучивте каква ќе биде сезоната :ban:

Џабе колнете, Game of Thrones никогаш не разочарува.
Објективно, GOT е најдобра серија на сите времиња.
Како се мереше објективно дека е најдобра серија кога не е ни завршена? :)

Да не постоеше Сопранови, може и ќе беше, вака...

Он топик - приказната за Бриен ни ваму ни таму е, ама ќе им прогледам низ прсти за тоа. Ама за приказната и скринингот на дебелиот Сем и женска му, нема да опростам. Најдосадни и најлоши ликови шо сум ги видел.
 
Лани ова време (2 епизода од 4 сезона) се ситевме на пукнатите капилари на фацата на Џофри.
Реално 4 сезона беше ептен ЕПТЕН прејака, немаше промашена епизода и Оберин растураше, ништо не беше досадно и имаше многу динамика. Сега ваљда затишје пред бура.
 
Како се мереше објективно дека е најдобра серија кога не е ни завршена? :)
Брејкинг Бед, Сопранови, Д Вајр... се се тоа врвни серии, драми.
Ама GOT има посебен шмек и + сите други работи.
Глума, сетап, CGI, ликови, приказни... Мене ми двои од сите други.
И демек ако ГОТ е најдобра серија на сите времиња, не смее да има слаби сезони....?
Смее ама нема да има. Во секој случај констатирање дека сезоната ќе биде тапа затоа што не биле интересни првите 2 епизоди е...
 
Брејкинг Бед, Сопранови, Д Вајр... се се тоа врвни серии, драми.
Ама GOT има посебен шмек и + сите други работи.
Глума, сетап, CGI, ликови, приказни... Мене ми двои од сите други.

Смее ама нема да има. Во секој случај констатирање дека сезоната ќе биде тапа затоа што не биле интересни првите 2 епизоди е...
Двојни аршини. Тврдиш дека GOT е најдобра на сите времиња а не е ни завршена, критикуваш констатации дека е тапа сезоната по 2 епизоди, од друга страна констатираш дека ќе биди топ сезоната судејќи по 2 епизоди, дека ќе нема тапа сезона и ќе е најдобра на сите времиња.
 
Последно уредено:
Нема ликови чија што приказна "не тера никаде", се е build up за подоцна...
 
Не се разочарувајте, следната сезона макар ќе биде подобра, со тоа малото инвалидче и неговите моќи ;)
 
Aбре луѓе не мојт секоја сезона да бидит подобра од предходната.. Нормално е малце надолу па пак на горе, уште сме на почеток можеби уште оваа сезона ќе се сменит нешто што сите ќе не натерат пак да се крстиме во гот.
Иначе нај разочаран сум од оваа шо ја носам на аватар, многу е досадна и некако станува се поглупа и поглупа, најсилна беше кога змејојте и беа на таа возрас на која што можеше да ги контролират..
 
Двојни аршини. Тврдиш дека GOT е најдобра на сите времиња а не е ни завршена, критикуваш констатации дека е тапа сезоната по 2 епизоди, од друга страна констатираш дека ќе биди топ сезоната судејќи по 2 епизоди, дека ќе нема тапа сезона и ќе е најдобра на сите времиња.
ГОТ имала 4 сезони досега, и сите биле врвни без утка, за повеќето. Сосема очекувано е да продолжи со ист квалитет.
После 2 епизоди да кажеш дека сезоната ќе биде тапа е глупаво. А уствари не е ни точно дека тапа биле 2-те епизоди. Ако досега не си сфатил дека не можеш да кажеш а и претпоставиш каква ќе биде сезоната од неколку епизоди, немаш искуство со гледање серии.
Овие 2 мислења ги ставаш на исто рамниште. Тоа не е во ред.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom