Fringe

  • Креатор на темата Креатор на темата Акаша
  • Време на започнување Време на започнување
Гледај обавезно, најдобра СФ, мистерија од тие што одат моментално.

Ja следам уште од самиот почеток, прашав само да видам дали има гледаност кај нас, пошо слабо се информирани луѓево
 
I jas ja gledam i bash mi se svigja :D Sega neli treta sezona cekam epizoda po epizoda da iskoci ...
 
Сабајле последната епизода од третава сезона :)
Не знам што направија, најверојатно ќе има и 4та сезона.
 
4-та сезона ќе има сигурно. Пред месец дена FOX објави дека и покрај ниските рејтинзи ќе ја објави Fringe за 4-та сезона од 22 епизоди.
Инаку третава сезона е врв. Верувам дека финалето нема да разочара. Еве интересен трејлер за финалето на третата сезона

 
Ако некој прати малце повеќе, пораката од последната епизода беше "no more" WTF explain that shieat....
П.С. Епизодата е лудило едвај чекам 4-та сезона :vozbud:
 
Епизодата беше одлична,е ова е право финале на една сезона.Беа објаснети скоро сите работи што се случуваа низ сезоната меѓутоа оставија едно мнооогу големо прашање:КАКО ТОА ПИТЕР НЕ ПОСТОЕЛ?! :jaj: Ни покажаа дека сите работи потекнуваат од поминувањето на Волтер до другата страна да го спаси,кој друг ако не,ПИТЕР.Питер не постои не постојат ни Fringe случувањата,се надевам дека ке го објаснат ова понатака.
 
И се спремам на серијава деновиве, од поновиве оваа ми изгледа интересна. Колку да има што да се гледа додека не почнат новите сезони на Dexter и Breaking Bad.
 
Ме разочара последнава епизода...

Иако сето претходно беше многу нереално, но сепак објасниво, последнава епизода и ова со Питер беше претерано.
Како така не постоел, а едниот му е вистински татко, додека другиов го изгледал од мал? Не знам како ќе успеат да го склопат продолжението (4-тата сезона), но закомплицираа многу со ова. Најинтересното беше тоа што ниту Волтер, ниту Волтрнет не се потросоа кога го снема. :)

Инаку, според мене, кога може да има два универзума, зошто да нема уште еден, трет да речеме? Па и четврти? Баш на тоа мислам дека асоцираше последната сцената со the observers и кипот на слободата, кој беше зелен, дреч! :) Можда на тоа ќе се темели четвртата сезона, односно здружување на двата универзума за борба против третиот, кој би бил многу понапреден отколку овие другиве.

А баш се загреав за серијава, премногу добро беше се склопено, особено крајот на втората и почетокот на третата сезона. Браво за Абрамс, но крајов воопшто не ме задоволи, ептен ме разочара.
 
Ме разочара последнава епизода...
На крајот the observers кажаа дека не се сеќавале веќе на Питер затоа и не се потресоа,а за тоа со повеќе универзума се сложувам со тебе дека би требало да ги има (многу)повеќе.
 
Еве неколку одговори, како тоа за Питер, „што се случило во Детроит“, Ела и компанија. Ако некој разбира што се случило со Питер нека сподели. :)
Од одговорите што ги има, наводно Волтер и Бел и претходно истражувале за преминување на другата страна. Ако не постоел Питер, тогаш Волтер немаше да премине на другата страна да го земе, така да ланецот на настани немало да биде ист, односно нема да дојде до поттик кај Волтернет да истражува за машината, за шејпшифтерс и сл...

Инаку, ако Питер не постоел и не се сеќаваат другите на него, тогаш од каде и е детето на Оливија од другиот универзум? :)

Според мене, ќе се направи некоја фора со патување низ времето, па така ќе се врати Питер од нашиот универзум, односно Волтер ќе успее да го спаси како мал, со што ќе се измени текот на случувањата.

Ептен се заплеткаа пријателиве со ова, а ако добиеме одговори како во Лост...
 
Конечно стигна на ред и Фринџ. Завршив со прва сезона пред малце, иам позитивни импресии и по некоја забелешка кои не играат улога засеа, за понатака ќе вииме. Солидна серија, иако не очекуам воздигнување и подобрување во 2ра и 3та сезона... а руморите велат дека забегале.
 
Готоо ја свртев цела ;p
Ќе има 4ка со сигурност, тоа бар е перфектно чисто видливо, а другото се спаѓа у теорија ко шо и Волт би рекол.
Несакам уште сеа да започнам со мозгање на финалето бидејќи беше многу tricky за некои, али ја верувам тоа е ради шо ќе чекаме цело лето до разјаснување бар делумно.... а и шо поише го анализираме поише теории ќе искрснат.
неколку тагови беа дадени на крајот кој според мене 4ката на тоа ќе се темели но ај ќе вииме.

Волт убаво го опомена Питер за враќањето и задржување на свесноста, може тоа е последицата, но од друга страна продуцентите потврдија дека Џошуа, актерот кој го глуми Питер ќе биде дел од 4ката

скрос избега од колосек серијата во последната сезона, многу ќе треба да закрпат продуцентите за избистрување мислите на гледачите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom