FlashForward

  • Креатор на темата Креатор на темата Џои
  • Време на започнување Време на започнување
Очекувано беше Чарли да биде bad guy. Инаку дефинитивно се слагам со вас дека беше најтапа епизода до сега.

А што беше фората и зошто беше оној Нед Нед во епизодава? :toe: Дали е поврзан со понатамошниот тек на серијава?
 
Ако не ја подобрат за брзо време, ќе биде бродолом. Порано некаде пишав дека за секоја серија потребно е да има интересни ликови, кои публиката ќе ги засака и со кои ќе се поврзе, за да може да ја следи, да има зошто да ја следи. Уште на пилот епизодата пишав дека во оваа серија ни еден лик освен Сулу од Стар Трек (ако и тој) не ми се гледа интересен, и сите го чекавме Чарли.

После неколку епизоди мислам дека излезе дека сум во право: ликовите во серијата се тапа. Џозеф Фајнс ми е главна улога,шепоти наместо да зборува. Саглам девојка да се немало како Кејт наша од Лост или Рејчел од Френдс или Изи од Грејс Анатоми. Интересни фаци како Хуго пак од Лост, некој што ќе воведе свежина, малку хумор, расположение...

Многу монотоно, сите ликови се како јајце на јајце.

Не е тоа единствен проблем, ништо воопшто не се случува, можев слободно да ги гледам само последните 2-3 минути од предходната, и ништо да не пропуштам.

Со секоја епизода ми се намалува оцената и трпението, има давам уште 3-4 максимум да се поправат а после ќе си ја гледам репризно Лост, ми е гајле... :)
 
Дајде и време на серијава де, и Лост на почетокот имаа тиња епизоди само таму се појавиа 100000 прашања и истите беа ''рамномерно'' распоредени у секоја епзиода, некаде повеќе некаде помалце и затоа ви беше интересно, нон стоп бевте под прашалници и во исчекување на решавање бар на еден од нив во секоја наредна епизода .

Јас очекувам многу од серијава ( сега за сега ниедна епизода немам излгедано ) најмногу поради тоа што се ближи крајот на Лост па сметам дека ова ке биде еден своевиден наследник по Лост односно ке биде буткана на сите можни начини за да успее .

Ако приметивте, сите серии излезени за време на Лост ( кога серијата беше сеуште на средина или до 60-70 % од вкупните 100 ) се растурија, пропаднаа, дел од нив прекинаа со емитување, дел беа подложени на голема критика .
Е сега тука, имаме друг случај, Лост е веќе при крај, уште само една сезона, а и читајки како се одвива сценариото, мислам дека има простор за уште една солидна серија која квалитетно ке пополни дел од нашето слободно време во иднина :) .
 
Па неможе од една епизода да разберете дека веќе ја “исцрпиле“ темата и дека и натамошните ќе бидат досадни. Сите горе-доле ја окарактеризиравме епизодава како досадна но можеби позади нејзе се кријат некои одговори.

Плавушата што е во притвот?...Можеби има некоја голема врска со темата на серијата.

Сајмон видовме кој е и наводно тој заедно со таткото на детето (заборавив како се вика) го исценирале блекаутот...Што било, како било?...

Зошто се вратила Никол како дадилка на Чарли?

Што ќе бидне со хакерот?

Каква врска има Нед?

Како и да е, неможе секоја епизод да биде поинтересна од претходната, тоа ви ниедна серија досега го немало. Очекувам многу од серијава, иако сите ја гледаме во некакво одбројување до LOST и 24.
 
Треба да има, ама не знам зашто нема... Затоа имаш на Mininova :smir:
 
Треба да има, ама не знам зашто нема... Затоа имаш на Mininova :smir:

Јас од http://0.arenabg.com/ ја симнав новата. Поручек на тенане ќе ја гледам.

Еи ама добра епизода, воедно збунувачка. Добар лезбо пар ќе беа овие, се надевам оваа ќе се врати. Претседателот типична фаца, пуцањето на крајот беше интересно. Само две работи се прашувам, како таа виде во визијата дека е бремена, ко ја упуцаа у стомак? И, девојката на Димитри рече дека го видела во визијата, a он по дифолт тогаш е мртов.

Пропуштив нешто или веќе почна да се менува иднината?
И муабетот со петте кули е добар, Somalia, here we come!
 
Не ја иам глеано уште најновава епизода, ама девојката на Димитри не го виде младоженецот во фаца, така да се е можно :)
 
Јас од http://0.arenabg.com/ ја симнав новата. Поручек на тенане ќе ја гледам.

Еи ама добра епизода, воедно збунувачка. Добар лезбо пар ќе беа овие, се надевам оваа ќе се врати. Претседателот типична фаца, пуцањето на крајот беше интересно. Само две работи се прашувам, како таа виде во визијата дека е бремена, ко ја упуцаа у стомак? И, девојката на Димитри рече дека го видела во визијата, a он по дифолт тогаш е мртов.

Пропуштив нешто или веќе почна да се менува иднината?
И муабетот со петте кули е добар, Somalia, here we come!

Дури и гледаноста благо порасна последниве две епизоди... Мислев дека се должи на тоа што „Чарли“ беше минатата епизода, ама еве... напредуваат... Добра епизода.
 
стрварно ги размрдаа работиве во новава епизода
досега задоволен сум
 
Одлична епизода но сум разочаран од лезбо-делот. Во ресторанот таа спомна дека во нејзината визија носела прстен на рака.. и додаде дека такво нешто не се кажува на прв состанок, а после 30секунди се лапат во ресторанот пред сите и како да се во врска со месеци. И немаше секс сцени. Ако сакат гледачите да покажат симпатии кон ликот во случај ако е лезбејка мора да има секс сцени. Се надевам ќе умре. Што би било интересно, доказ дека може да има отстапување од визиите.


Извинете но thirteen постави доста високи очекувања од лезбејки во серија?
Ем беше пола лезбејка, пола нормална. :)
 
Лошо е ако умре, симаптична е.
Не верувам дека сите флешови ќе се остварат. Можно е да има контрадикторности помеѓу флешовите, паралелност. Иако досега му е совршено исценирано, немам приметено такво нешто.
Наредната у Сомалија мора да биде јако. Или е Конспираси теорија на кинезите, или двајцата имаат исценирано од претходната, или нацистот, или плавушата...
Којзнае колку потенцијални извори на блекаутот имаме. Само се множат прашања, одговори не добиваме.
 
Претходната епизода почетокот беше јак - весела музика додека автобусот тоне.

Е сега, во оваа епизода претераа малце кај пукањето, која црна весела музика таму, се губи секоја смисла.
Но, крајот беше јак, кога саатот возеше лево десно, а од горе покажаа колку кругови од крвта направил.
Морничаво :)
 
Meне од епизода во епизода ми е се подосадна. Првата беше бум, навака некако паѓа адреналинот, се губи смислата...Целата епизода се сведува само на добар клифенгер, кој на крајот те тера да ја симнеш следната. Не верувам дека ќе престанам да ја гледам (од љубопитство) ама искрено се надевам дека нештата ќе тргнат во нагорна линија. Што да очекуваме од 4 та сезона, ако веќе во 4 -та епизода одредени нешта се повторуваат, а динамиката се сведува на дежаву дешавки, веќе видени во други серии или филмови.
 
Филмов го гледам само поради непредвидливоста и редовните ноини шо ги воведваат. Барем за то нешто се подобрени во однос на некои други филмој. Ама сеуште неможам даго клам во топ серии. Дефинитивно ако заглавам со некоја друга сапуница ова би била меѓу првите шо ќе ги откажам (исто како шо го откажав Лост )
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom