FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
Нова недела, нова дестинација:

Iceland.jpg

ИСЛАНД 02.07-08.07.2022

@Agda Beata , мора да ни се приклучиш овој пат! Или барем да го извадиш цел патриотизам од тебе и да ни предложиш нешто убаво од твојата домовина. Може и Викингот да го прашаш, се прифаќа. ;)

Некои листи:
Icelandic submissions for the Academy Award for Best International Feature Film
Icelandic fiction features
Letterboxd Top 90 Icelandic Narrative Feature Films
- Icelandic Cinema -
Icelandic Film List
Iceland
Icelandic Cinema Ranked
icelandic watchlist
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Under the Tree (2017)
Undir trénu


Неверство ли е ако партнерот си го дрка на приватно порно видео со бившата девојка уште од времето пред да се ожени и има дете со сегашната? Агнес му рече на Атли дека била емоционално изневерена и го избрка од дома. Тој пак отиде да живее со неговите родители кои (особено мајката) патат по нивниот постар син кој е исчезнат и за кого мајката одбива да прифати дека е мртов и се во отворен спор со комшиите заради едно големо дрво насадено во нивниот двор чија сенка ја покрива половина тераса каде што живеат Конрад и Еибјорг (женско име е ова патем).

Разделбата на Агнес и Атли оди во позадина додека во преден план е расправијата на комшиите заради дрвото, почнувајќи од ситни закачки и караници до ескалирање на ситуацијата во крајност.
Од играчка плачка.

Интересен филм, ментални се малце скандинавциве односно северњациве ајде да бидам попрецизен, за што све се расправаат и на каков детски начин ги решаваат проблемите.

Оценка 6.5/10. Трагикомедија е, ми фалеше малце поише и од двата комбинирани жанрови.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.517
Поени од реакции
13.815
Неверство ли е ако партнерот си го дрка на приватно порно видео со бившата девојка уште од времето пред да се ожени и има дете со сегашната?
Не.
Педофилство ли е ако дркаш на првиот сексуален однос кој сигурно бил пред да наполните 18? (n)
 
Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045
Lamb
Тежок кринџ од филм за мене. "Алисон Бекер" од Ливерпул во улогата на Ингвар и неговата жена Мариа живеат на изолирана фарма во Исланд. Жива депресија, по 2 саати им трае денот, нон стоп има магла и дожд, па згора на тоа овие се пар во поодминати години каде што веќе треба да имаат дете. Дијалог апсолутно едвај меѓу двајцава, во целиот филм се појавуваат само 9луѓе. По некој сплет на околности една од козите им раѓа им пола човек пола јагне. Јас да бев на место од женава, одма ќе помислев дека маж ми завршил некоја вечер со козата. Едина среќа на крај се разреши и таа мистерија. Во меѓувреме, двајцата на свој начин го прифакјаат суштествово "Ада" за свое и тука ми почнува мене кринџот, односно со родителските инстинкти и што не дознав дали е машко или женско. Валда Ада треба да е женско, но го облекуваа како машко. Нормален човек во онаква ситуација вика научници и го дава истражување.

Инаку филмов содржеше многу елементи на различни жанрови. Покрај тоа што требаше да биде даркерски и "ominous", беше и хорор, трилер, фантазија, а потсќаше и на шпанска сапуница со недоволен приказ на настаите кои претстоеле за тие сцени.
Беше и комичен кога се појави братов од Ингвар, на почетокот кога не можеше да сфати дали овие двајца одлепиле, поради фактот што го имаат прифатено суштествово за свое

Едино нешто што ми се свиѓаше беше приказот на Исланд. Имаше предобри кадри од природата, а и сцени кои го претставуваат таквиот изолиран живот и секојдневните навики. Гледаа ракомет, што е скрос спорт кој обожаваат како и ние. На овој ќе му дадам 5/10, 5кава е чиста само ради овој приказ на Исланд, но ќе сакам да изгледам уште еден филм од некој по урбан сетап, да видам како изгледа таму животот во онаква депресија.
PS..
Сцената кај што гледаат ракомет губат од Македонија. :D


Вака некако и јас изгледав после филмов, а едвај чекав викенд за да можам раат да изгледам квалитетен филм.


Screenshot 2022-07-02 225815.png
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Го знам Lamb од кога искочи ама не ми фаќа око, нема да го гледам, да не се мачам џабе. А и вас. :D
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.918
Поени од реакции
25.324
I remember you(Ég man þig)

Филмов ми беше препорачан со предупредување, како еден од најбизарните хорори, на крај завршив со солзи наместо со страв, се работи за трагичната судбина на неколкумина од ликовите во филмот. Уште потрагично е што дури откако го изгледав филмот, дознав дека е базиран на истоимената книга. :)

Во филмот се прикажани неколку различни животни приказни...
Стара жена, најдена обесена во црква, со изгореница на телото во форма на крст. Докторот Фреир, воедно и психијатар, кој го прегледува телото на старицата, пред неколку години го изгубил синот, откако исчезнал додека играл криенка. Фреир се сомнева дека се работи за самоубиство и заедно со детектив го испитуваат сопругот на починатата. Подоцна откриваат дека станува збор за масовно убиство. Расплетот на случајов ќе го доведе Фреир до исчезнатиот син.

Во меѓувреме, млад брачен пар, после претрпена траума поради тоа што првороденото дете им се родило мртво, одлучува да реновира една многу стара куќа, заедно со нивна пријателка. Жената која го изгубила бебето, почнува да гледа дух на младо момче во куќата. Постои сомнеж дека жената има пост-трауматско стресно растројство и дека поради ова халуцинира.

7/10, одличен сплет од приказни, уште подобар расплет, те растажува, те остава со подотворена уста... Можеби и ова е целта на режисерот, а не хорор елементите, ама јас очекував хорор, да се усерам. :)

Злате, извини, очекував и јас подобра рецензија да напишам, ама со оглед на околностите, толкава ми е можноста.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Расплетот на случајов ќе го доведе Фреир до исчезнатиот син.
Дали детето ќе го најдат во цистерна за вода закопана зад куќата или нешто слично? Ако е тоа, сум ја читал книгата :)
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.517
Поени од реакции
13.815
#13 Исланд

Heartstone (2016) /Hjartasteinn/

1656966353872.png

Очекувано од оваа држава.
Романтична драма во која има повеќе испреплетени приказни. Двајца другари си ги гонат класичните детски игри, заебанции и влез во пубертет. Проблемот е во тоа што едниот од нив има малку поинакви чувства кон другиот, но не го искажува тоа. Додека љубовта од едниот кон другиот е повеќе од другарска, едниот е вљубен во девојка.
Ми сметаше малку овој стил, западно-европски модерен начин на живот, знаете за што зборам.
Камера ооодлична, дечките изгазија во глума, свака част. Прекрасни пејсажи!


4/5
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Last and First Men (2020) - Исланд

Ги провртев листите со филмови што беа постирани и на еден наслов гледам жанр СФ. Си реков готово, тргам за Исланд. Се наоружав со титлови пошто тоа исландскиот само таму го разбираат, кога тоа почна да ми збори англиски. Ај нема проблем уште подобро, ама нема ни глумци.

Испадна не е ова игран филм, туку нешто повеќе како видео есеј, да не речам видео арт. Спикерката читаше некое послание од човештвото од иднината, додека одеа ултра бавни кадри од детаљи од споменици. Мора да признам дека кадрите беа добри и изгледаа баш како делови од вселенски летала. А од спомениците ги препознав оние во Тјентиште, Јасеновац и снајперот. Најверојатно имаше и други од нашиве краишта, но со оглед дека беа снимани само фрагменти не беа лесни за идентификување. А не дека ги знам сите.

И музиката беше одлична заедно со целокупниот звучен дизајн, сосема адекватни на целата атмосфера. Дури и можно е да беше обратно, сликата да е илустрација на музиката.
Но сепак колку и да се беше добро, едноличноста многу брзо станува монотона. И покрај тоа што трае шеесетина минути, субјективно изгледа дека е преку два часа.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Исланд ќе го пропуштам. Ништо не ми фати око за да гледам од кај нив.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.517
Поени од реакции
13.815
Многу се депресивни филмовите од Исланд, сите шо ги одделив да ги гледам се некои драми за самостоен живот. Ако земам да ги гледам на ова време би се убил
 

Kajgana Shop

На врв Bottom