FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
@Violetova си можела подобар да избереш. :D

Loco por ella (Crazy about her) е ептен лабаво feel good филмче на Нетфликс. :love:

Од Алмодовар го препорачувам La piel que habito, покрај споменатите Carne Tremula, Dolor y gloria и Kika.

Кој е за добар трилер, а не толку познат, нека ги изгледа Los cronocrimenes и La noche de los girasoles, а кој е за добра комедија Ocho apellidos vascos.

Ја одамна сакам да се нурнам во '50-'70 на шпанската кинематографија, кај што се и најдобро оценетите нивни филмови, се надевам ќе стигнам неделава.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.289
Со дожд во викенд полесно се патува

Children of Nature

Ми се погоди од секој аспект овој Исландски филм номиниран за Оскар.

Главниот лик кој е фармер во години, не може веќе да работи и живее сам, оди во град кај ќерка му, од таму го праќаат во дом за стари каде што се сретнува со другарка/симпатија од детството/раната младост кога живееле во некое отсечено живописно мало место и решаваат да избегаат и да се вратат таму за последен пат.

Филмот е спор, без многу зборење, делува како некој мистериозен сон, преовладуваат долги кадри од Исландската природа и пејсажи, а во позадина владее прекрасен и прогонувачки саундтрак.
Посебно добра ми беше последната третина и една преубава монтажа во која женскиот лик се присетува на младоста и животот во тоа време.

Јака 8ца

Closely Watched Trains

Комплетно ме изненади филмов. Мислев ќе биде тешка драма поврзана со втора светска, а испадна, со исклучок на неколку сцени, многу јака комедија, доста пати се смеев на глас.

Милош добива лесна и досадна работа во една мала железничка станица, ама кај него во главата е сѐ освен лесно и досадно. Има симпатија, сакаат да се сефтосаат, ама Милош има проблем со изведбата.

Coming of age во услови на војна, со слична тематика ама целосно обратен тон од Америчка Пита.
Сценариото е многу добро, убаво снимен, закон ликови.. 8ца

Shadows of Forgotten Ancestors

Прв гледан филм од Сергеј Парајанов и беше добро и несекојдневно искуство.

Го следиме животот, односно љубовта и тагата на Иван во некое селце во Карпатите, обвиено со многу фолкор, бои, музика, природа, религија и паганство. На моменти делуваше ко документарец за обичаите од тој предел.
Најдобар дел од филмот ми беше камерата, цело време ко да даваше некоја свежина... доста јаки и интересни кадри. 7,5/10

А од Шпанските овие би ми биле препорака
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
@Violetova си можела подобар да избереш. :D

Loco por ella (Crazy about her) е ептен лабаво feel good филмче на Нетфликс. :love:

Од Алмодовар го препорачувам La piel que habito, покрај споменатите Carne Tremula, Dolor y gloria и Kika.

Кој е за добар трилер, а не толку познат, нека ги изгледа Los cronocrimenes и La noche de los girasoles, а кој е за добра комедија Ocho apellidos vascos.

Ја одамна сакам да се нурнам во '50-'70 на шпанската кинематографија, кај што се и најдобро оценетите нивни филмови, се надевам ќе стигнам неделава.
ОК, фала за препораката, може и Loco por ella (Crazy about her) да го изгледам :)
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.301
The Spirit of the Beehive (1973)
El espíritu de la colmena


1940та година у некое забаталено шпанско село доаѓа подвижно кино, им го пуштаат Франкенштајн, и ова симпатично девојче што го гледате на сликата се преплашува и станува опседнато со чудовиштето на некој начин.

И толку.

Тотално замарање од филм, чиста досада без дамка возбуда. Очајно глуп филм. Многу ме интересираше која е поентава на ова нешто и за кој кур се смета за култно остварување во шпанската кинематографија.
Имало некоја симболика со Франковата диктатура бла бла. Не сум у детали запознаен со генералот Франко освен дека им местел титули на Реал Мадрид. Поштувам историски филмови од кои може нешто да се научи и види а не да барам симболики у нешто кое нит сум го искусил нит па сум доволно запознаен.

А и барајќи филмови пошто тие јаките трилери ми се изгледани, наидов на еден куп вакви поврзани со Франко и тој дел од шпанската историја. Но ме интереса.

Ради темава не давам чисти кецови иако на летербокс изеде 1 ѕвезда, а и девојчево беше тотално симпатично со тие пуни црни очи, нека има 3ка оцена. :D
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.357
Поени од реакции
4.879
Доста земји поминавме, а мене дури сега ми текна дека можам watchlist-та да ја употребам за наоѓање на филм.

Првиот шпански филм за мене е
IMDb: : Timecrimes
https://www.imdb.com/title/tt0480669/

Временски злодела. Лик наидува на временска машина која го враќа еден час во минатото и во тој час се случуваат злите дела.

Лесно одгатлив филм, но сепак исполнет со тензија. Прилично добар филм чим ме натера од сам старт да го декодирам. Некои нелогичности и пропусти во развивањето на сценариото, но пак ми се допадна.

7.5/10, тие 0.5 се плус на оценката ради цицките на една од актерките. (2 се во цел филм, ќе погодите која) :цицки:

P. S. Сега ми текна на злосторства.

Треба еден poll за кој е помакедонски збор?
1. Злодело
2. Злосторство
 
Член од
2 март 2022
Мислења
93
Поени од реакции
450
Timecrimes или Los cronocrímenes (2007)

Конечно дојде на ред држава од која имам филмови во watchlist. Овој филм го знам веќе подолго време, но конечно ми се укажа шанса да го изгледам.
За заплетот не би зборувал многу за да се одбегнат spoilers, и секој треба да си добие свој уникатен впечаток за истиот.
Иако е нискобуџетен, сепак си завршува одлична работа. Држи внимание од почеток до сам крај. Има некои свои недостатоци, но сепак недоволно големи за да не биде гледлив sci-fi thriller.
Иако самиот наслов наговестува за што се работи, им го препорачувам на сите љубители на тој поджанр од science-fiction.

Од мене добива 7,5/10.

P.S. Откако ја напишав рецензијава, забележав дека Mark Renton, горе долу ги дели моите впечатоци за филмот.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.357
Поени од реакции
4.879
Вториот шпански филм за мене е
IMDb: : The Body
https://www.imdb.com/title/tt1937149/

Искрено, не ми го задржа премногу вниманието.

Стандарден трилер, мистерија. Тело и истрагата околу него. Ништо веќе не видено, исто како и расплетот.

Ме бендиса самата атмосфера на филмот, ама ќе одам со нешто просечна оценка од 6.5/10.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
93
Поени од реакции
450
Marshland или La isla mínima (2014)

Lisbeth, I want you to help me catch a killer of women.

Guilty pleasure ми се вакви филмови, иако многумина не ги сакаат, поради нивниот непријатен за гледање главен заплет, ама крајот најчесто се исплати. Филмов го знаев од поодамна, го имав начекано на Letterboxd, чудно што никој досега не ми го предложил да го гледам. Чекав два дена да се симне, и вредеше чекањето.
Setting-от многу потсеќа на Ture Detective - прва сезона, иако се излезени во иста година. Обожавам вакви филмови, мистерии, трилер, детективски, особено во некои мали непопуларни места. Исто така сакам филмови што пробуваат да покажат други делови од државата а не само веќе познатите дестинации.
Заплетот е генерички, двајца детективи истражуваат исчезнати девојки. Ама начинот на кој се развива дејството држи многу внимание. Локална корупција, локални манијаци, социопатски родители, исфрустрирани тинејџери, homicidal lunatics, се има во филмов. Главниве ликови ми беа совршени партнери, исто како да се такви во вистински живот актерите. Совршена камера, одлична кинематографија, не ни знаев дека постојат такви пејсажи во Шпанија. Исто така што ми се допаѓа во вакви филмови е што се одвива дејството во минатото, каде потешко се добиваа одговори на многу прашања, без модерната технологија.

Им го препорачувам на сите љубители на crime-mystery филмови.
Од мене добива 8/10.

Добра реплика од филмот ми беше, кога обивнителот ќе проба да ја саботира истрагата со муабетот "You don't know how the things work here" и ќе добие одличен одговор од детективот "I know, same as everywhere else". Што ни кажува дека криминалци и болни умови постојат секаде, без разлика на големината на местото.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.806
Поени од реакции
33.630
33. El sur (1983)

1657565616108.png

Очекував многу повеќе од филмов, а не знам зошто. Не се ни сеќавам кој ми го имаше предложено и зошто, но веројатно е некој чиј вкус за филм исклучиво го ценам, па така кога сум го симнал сум го ставил во фолдер: „НЕ БРИШИ НИКОГАШ, МОРАШ ДА ГИ ГЛЕДАШ“. Очекував веројатно некој plot twist или сл, што знам, а добив мирно, тивко филмче за малечката Естреља која со своите родители живее на северот на Шпанија, и целото свое детство копнее да отиде на тоа „митско“ место: југот (el sur) за кое особено татко и и зборувал, и каде тој израснал. Филмот е за детските очи, за идолизирањето и идеализирањето на родителите, за разочарувањата кои ги носи растењето и сфаќањето дека секој може да има тајни, дека некои од тие тајни се мрачни и можат да променат нечии судбини... Во тој поглед, сосема болно реален и интересен, но, реков: очекував нешто друго од него, веројатно, па затоа од мене добива само прелазна 7/10. ОК филм, прекрасна глума, прекрасна кинематографија, интересна приказна...
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.779
Поени од реакции
10.545
#14 Шпанија

The Body (2012) /El cuerpo/

1657566014780.png

Каков фото-финиш!
Од мртовечница исчезнува телото на жена која што истиот ден е донесена со причина за смрт-срцев удар. Главниот осомничен за нејзиното исчезнување, а подоцна и убивање, е нејзиниот маж. Истрагата ја води инспектор кој пред 10 години во сообраќајна несреќа ја изгубил својата сопруга, па сеуште има трауми од тој настан. Целиот филм е напнат, со тензична атмосфера. На моменти ми беше премногу "шпански". Ама крајот, крајоооот. Ау, вакво нешто не ни замислив. Самиот крај му дигна оценка со 1/0,5 единици.
Шпанија ќе биде полн погодок!

4,5/5
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.301
The Orphanage (2007)
El orfanato


Хорор мистерија.
Знаат шпанците да го работат овој жанр и тоа треба да им се признае.

Лаура е поранешен жител(?) во едно сиропиталиште, бива посвоена и после многу години со својот маж и нивниот посвоен син се враќаат во сиропиталиштето, сега како сопственици, во обид тука да згрижуваат болни деца.
Детето нивно кое се вика Симон има некои невидливи пријатели, нешто на кое Лаура е посебно загрижена и не и се свиѓа таквото негово однесување.
Се појавува една бабичка и тука ќе престанам со раскажување.

Добар филм, држи внимание, има интересен крај и приказната е сосема во ред. Не е многу страшен, нема бу сцени иако се провлекува некоја језива атмосфера. Многу брзо ми помина, не трепнав, и се изненадив кога заврши, очекував уште.

Не е најдобрата шпанска мистерија.
Не е најстрашниот хорор.
Не е најдинамичниот шпански трилер.

Ама е сосема добар филм.

7.5 оценка.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.357
Поени од реакции
4.879
The Spirit of the Beehive (1973)
El espíritu de la colmena


1940та година у некое забаталено шпанско село доаѓа подвижно кино, им го пуштаат Франкенштајн, и ова симпатично девојче што го гледате на сликата се преплашува и станува опседнато со чудовиштето на некој начин.

И толку.

Тотално замарање од филм, чиста досада без дамка возбуда. Очајно глуп филм. Многу ме интересираше која е поентава на ова нешто и за кој кур се смета за култно остварување во шпанската кинематографија.
Имало некоја симболика со Франковата диктатура бла бла. Не сум у детали запознаен со генералот Франко освен дека им местел титули на Реал Мадрид. Поштувам историски филмови од кои може нешто да се научи и види а не да барам симболики у нешто кое нит сум го искусил нит па сум доволно запознаен.

А и барајќи филмови пошто тие јаките трилери ми се изгледани, наидов на еден куп вакви поврзани со Франко и тој дел од шпанската историја. Но ме интереса.

Ради темава не давам чисти кецови иако на летербокс изеде 1 ѕвезда, а и девојчево беше тотално симпатично со тие пуни црни очи, нека има 3ка оцена. :D
Мојот следен шпански филм е
IMDb: : The Spirit of the Beehive
https://www.imdb.com/title/tt0070040/

и ефектот врз мене е за 360 степени различен од на господинот во цитатот.

Како шо наведе, симболиката има огромно внимание и баш затоа е Франкенштајн избран како проекција. Обработува индивидуалност филмот, бунтовност, зато и саќето со пчели, затоа и чудовиштето и револуционерот. Исто и философското прашање меѓу животот и смртта.
.....
Морам да одам на работа.

10/10 за мене, филм сладок како мед.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.779
Поени од реакции
10.545
#14 Шпанија

The Secret in Their Eyes (2009) /El secreto de sus ojos/

1657734662257.png

Љубомир Фрчковски во улога на детектив.
Овој аргентинско/шпански филм следи приказна раскажана во повеќе временски периоди. Се запознаваме со советникот/детективот Еспозито кој во своите пензионерски денови се обидува да напише приказна, инспириран е од случај кој што бил негова ноќна мора пред неколку децении. Преку обидот за пишување се запознаваме и со тогашните дејствија односно неговата работа во судот, односите со неговиот помошник, и најбитното-односот со неговата претпоставена во која што е вљубен. Случајот на кој работел и кој сега го опишува во книгата е ѕверско убиство и силување на млада девојка.
Филмов е предобар, предобра глума и атмосфера. Ирене е преубава (нормално за овој географски предел).
Шпанците едноставно се махери за вакви плот твистови и држење на тензија.

4,5/5
 

Kajgana Shop

На врв Bottom