- Член од
- 4 јуни 2009
- Мислења
- 11.535
- Поени од реакции
- 29.099
Злате, да не постоеше ќе требаше да те измислат. Алал на се ова како наоѓаш време за катчево, сполај ти.
Го симнав и ја пред да го пишам постот. Со португалско аудио беше и го изгасив. Не се сетив да проверам дали го има на bflix. 10xLuzzu (2021)
Прегледај го приврзокот 335878
Соочувајќи се со предизвиците на секојдневието, Џез се наоѓа растргнат меѓу одлуката дали да ја прекрши и предаде долгогодишната семејна традиција за да обезбеди стабилен приход или да продолжи со риболовот како примарно средство за егзистенција. Отсликани се предрасудите кои луѓето ги гаат, потешкотиите, очекувањата кои средината ги има од него.
Ова е филм со кој човек, особено млад, лесно може да се идентификува. Кога сметките почуваат да тропаат на врата, најголемата пасија доколку е непрофитабилна може да остане единствено како повремено хоби. Кај нас замираат чаршиските занаети, во малите малтешки селца рибарството. Сиромаштијата е иста.
Инаку за оние кои не знаат, како јас до сношти, luzzus се малтешки традиционални рибарски чамци. Шаренолики се и најчесто имаат исцртано очи како симол за заштитничкото окото на Ра. Филмот е автентичен и не само по содржината - Џез не е професионален актер ами рибар (на Санденс ја добива и специјалната награда за глума).
7/10
@Keyser, ѕирни го ако ти фаќа око. Јас го гледав на bflix.
Не знам како си го испуштил, беше мој предлог и во Клубот. И не ме изненади воопшто тоа што толку ти се допаднал. За мене е еден од најдобрите, а ако не и најдобар македонски филм некогаш направен. Штета што Коле Ангеловски од Колнати сме Ирина стигна до Ах, љубов моја.Македонија
Колнати сме, Ирина
Филм кој никако да го пуштам, а од кого очекував многу и добив многу, ама со неочекувана приказна, посебно за наш филм и во тоа време.
Одлични Бата и Неда, таа обострана привлечност и тензија ја изнесоа без грешка и со јака хемија.
Исто и одлично склопен од Коле, со совршено погодена музика и со вклопувањето на природата и визуелно и звучно.
Кинематографијата исто добра, само многу ме интересира како би изгледало да е снимен денес во боја, па природата уште толку да дојде до израз, ама по можност сѐ друго да биде исто
Пак ќе кажам, воопшто не очекував ваква приказна и пријатно ме изненади, те внесува во неговата атмосфера и те држи и после завршувањето.
Го гледав на Српски, после барав на јутјуб зашто знам дека Србиве зборат Македонски во наши филмови, видов дека има и на Македонски верзија, ама дубирана. Пооргинално и подобро звучи на Српски.
Засега јака 8ца, зависи уште колку ќе ми се мота низ глава може да дојде и до повеќе.
Злате вика место нив ќе сме глеале од Југославија.Јас Лузу сум го слегол dubbed на португалски и ми се уби желбата да го гледам или повторно да слегвам торент. Знаев дека од Малта овие 2 филма ќе бидат само гледани. Баш ме интересира шо ќе прајме кога ќе се падне Сан Марино или Ватикан (ај тука ќе играат снимените во Ватикан, ама сепак).
Можи некоја комбинација од ЕУ земји кои не постојат веќе. СССР, Нацистичка Германија, Прусија, Османлиско Царство итн.Злате вика место нив ќе сме глеале од Југославија.
До сеа од екс-ју земјиве што поминаа, 90% што гледавме беше Југославија. Не знам како ќе се изведе тоа. Не е битно ај, јако дело Сан Марино и Ватикан, држави помали од Маџари.