Украина
#26.
Koly padayut dereva/ When the Trees Fall (2018)
Ова е досега единствената ко-продукција меѓу Украина и Македонија, a бидејќи е поддржан од Македонија па да го видиме. (Има уште еден украински што соработувал со македонска продукција, ама тој не е поддржан досега од агенцијава и уште е во пост-продукција. Небитно.)
Се прашувам како и зошто се поддржуваат најлошите филмови кај што Македонија е малцински ко-продуцент. Како намерно да бираат, чекај ова сценарио вришти треш, без никаква поента и смисла, дај ќе го поддржиме. Сега гледам од 26 изгледани филма кај што Македонија е малцински ко-продуцент, едвај 5-6 филма сум ги оценил со поголема оцена од 3/5. Бруки.
Филмов беше на Берлинале, а познато е дека последниве 7-8 години Берлинале сака шунд и контроверзии, па и овој филм не отстапува од тоа. Имаше некои малверзации со парите, ако добро се сеќавам дел од филмот требаше да се снима овде, музиката да биде исто компонирана и уште нешто, а само монтажата била во Македонија и мислам не им ги исплатија сите пари што ги имаа добиено на конкурс.
Само ќе кажам мене би ми било срам моето име да стои на овој филм зашто не знае кај тера и кон што цели.
Приказната започнува со тинејџерката Лариса и 5 годишната братучетка Витка, кои за време на летото се кај баба си во некое од бога заборавено село. Лариса се рока со некој локален бараба кримос и сака да избега со него, али овој оди во некоја криминална работа што тргнува наопаку, па Лариса се спичкува со баба си и се враќа дома кај мајка си.
Се појавуваат и некои цигани чергари и приградски клапчо што се зацопува во Лариса и некоја приградска селанка што ја рокаат селаните на реденка и филмот завршува со сцена кај што девојчево Витка јава коњ по облаците. Ти ебам и глупиот филм и сите кретени што учествувале во него.
П.С. режисеркава и сценаристка е ко-сценаристка и на филмот со татарите што го гледал Џони. Очигледно „талентирана“ женска.
Оцена 1/5 чисто поради солидната фотографија, ништо повеќе и не заслужи.