FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
9 мај 2019
Мислења
170
Поени од реакции
776
^ true dat
Исланд, прекрасен! Филмовите кои ги изгледав, не толку. Веќе 15 минути ми е отворена темава и уште не знам што би пишала. Woman at War (2018) = бори се женски. Окарактеризиран како трилер+комедија, јас повеќе би рекла налик драма со feel good моменти. Симпатичен, кога би бил изоставен делот преземен од мексиканска сапуница би бил и добар. A White, White Day (2019) е филм што навистина има потенцијал ама пропаднал некаде во маглата по патот кон реализација. Идејата е да го истражи процесот на жалење, гневот и бесот кој се насобира кога некој се соочува со загуба. Конечниот производ е убаво спакувана, но празна кутија. 5/10, за двата.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
A White, White Day (2019) е филм што навистина има потенцијал ама пропаднал некаде во маглата по патот кон реализација. Идејата е да го истражи процесот на жалење, гневот и бесот кој се насобира кога некој се соочува со загуба. Конечниот производ е убаво спакувана, но празна кутија. 5/10, за двата.
Овој 2 пати го пуштам и два пати заспивам на него. Буквално.
Првиот пат у 5та минута заспав откако буквално 5 минути гледав во тоа стакларникот снимен одалеку како се менуваат годишни времиња и денови.
Многу спор и досаден. Се откажав.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.072
Само 7 филма од Исланд изгледани, но имаме нов, 18 патник во автобусот низ Европа: @Agda Beata . Јас, @devilko , @Shawn Spencer , @Dumbledore , @The Cooler King , @Mark Renton , @grande-juve , @Violetova , @Corvus , @Imperatorot , @zmija1 , @Darling - останавме заглавени во различни делови на Европа и не стигнавме до Рејкјавик.

Инаку, еве како изгледаат до сега просечните оценки по држави:

1. Македонија - 7,70
2. Malta - 7,00
3. Eesti - 6,89
4. Hrvatska - 6,82
5. Norge/Noreg/Norga - 6,69
6. Ελλάδα - 6,52
7. Azǝrbaycan - 6,18
8. Ísland - 6,00
9. Portugal - 5,87
10. Česko - 5,66
11. Б'лгарија - 5,00
12. Crna Gora/Црна Гора - 4,93
13. Україна - 4,90

Одиме на следна дестинација. 14 по ред е малку поголема држава, од која веројатно ќе има повеќе филмови изгледани.

Spain.jpg

ШПАНИЈА: 09-15.07.2022

И некои листи:

Films by country: Spain Feature Films (1905-2020)
Goya Award Nominees for Best Picture (SPAIN)
50 highest-rated Spanish feature films on Letterboxd
Every Best Foreign Language Film Submission (SPAIN)
A poll of the best movies from Spanish cinema - voted for by members of Pure Cinema
Spain
Directory of World Cinema: Spain
Spain in Films (*) STILL EDITING

Letterboxd вели дека сум гледал 49 шпански филмови до сега, но сигурно ќе се најдат уште многу добри, сепак е ова една од државите со најразвиена кинематографија во светот и со преку 6000 долгометражни филмови снимени.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Слабо, слабо, само 98 од 6380 долгометражни филмови до 2020.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Пола и поише од нив ви се филмови каде Шпанија влага во продукција на филмот а не дека филмот е шпански.

Еве и кај мене гледам се појавуваат филмови ко 1917, Машинист, Sweet 16 и сл.

:D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Ја отворив листава на Злате, Шпански филмови од 1907-2020.
Во самиот опис има линкови до листи со филмови од другите иберофонски земји, а англиски наслови не верувам дека се вклучени, така што оваа бројка од 6000+ филмови се исклучиво шпанска мнозинска продукција, а не 1917 или Машинист. Не ми се проверува за сигурно. ;)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ја отворив листава на Злате, Шпански филмови од 1907-2020.
Во самиот опис има линкови до листи со филмови од другите иберофонски земји, а англиски наслови не верувам дека се вклучени, така што оваа бројка од 6000+ филмови се исклучиво шпанска мнозинска продукција, а не 1917 или Машинист. Не ми се проверува за сигурно. ;)
Еве јас проверив со точно 1 клик.
Од 1905-2020та, првиот линк кај Злате.

1222222222.png
Автоматски споено мислење:

Одличен шпански филм. :kafence:

 
Последно уредено од модератор:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.072
Ја отворив листава на Злате, Шпански филмови од 1907-2020.
Во самиот опис има линкови до листи со филмови од другите иберофонски земји, а англиски наслови не верувам дека се вклучени, така што оваа бројка од 6000+ филмови се исклучиво шпанска мнозинска продукција, а не 1917 или Машинист. Не ми се проверува за сигурно. ;)
Еве јас проверив со точно 1 клик.
Од 1905-2020та, првиот линк кај Злате.

Прегледај го приврзокот 338005
Автоматски споено мислење:

Одличен шпански филм. :kafence:

Ете, проверив за The Machinist, испадна дека сепак бил шпански. Продуциран од Filmax / Castelao Producciones од Шпанија, во копродукција со Canal+ од Франција и некои други помали британски и американски студија. Дури, иако сместено дејството во Калифорнија, бил целосно снимен во Барселона. Со други зборови: шпанско-француско-британско-американска копродукција, ама по тој редослед, со мнозински шпански удел, што го прави шпански филм.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
170
Поени од реакции
776
Универзумот ги слушна моите молби!
Вчера само што се одјавив ги пуштив жените на Алмодовар. Значи овој викенд во моето кино на репертоар одат Law of Desire и Live Flesh. :love: Се надевам дека ќе успеам да ги гледам и The Spirit of the Beehive, Jamón Jamón и уште нешто со Хосе Коронадо.

Да го гледате Volver<3, ах колку ја сакам оваа Пенелопе! И ако остана некој што не му е гледан The Invisible Guest, пуштајте.
Овој 2 пати го пуштам и два пати заспивам на него. Буквално.
Првиот пат у 5та минута заспав откако буквално 5 минути гледав во тоа стакларникот снимен одалеку како се менуваат годишни времиња и денови.
Многу спор и досаден. Се откажав.
Ееј, баш овде, некаде помеѓу *сакам вакво куќаре во некоја Недојдија* и *ама не знам да возам, шо ќе правам отсечена без маркет и амбуланта* помислив на тебе, мајке ми. Штета што си исклучил, љубам да те читам во полн сјај. :)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Универзумот ги слушна моите молби!
Вчера само што се одјавив ги пуштив жените на Алмодовар. Значи овој викенд во моето кино на репертоар одат Law of Desire и Live Flesh. :love: Се надевам дека ќе успеам да ги гледам и The Spirit of the Beehive, Jamón Jamón и уште нешто со Хосе Коронадо.

Да го гледате Volver<3, ах колку ја сакам оваа Пенелопе! И ако остана некој што не му е гледан The Invisible Guest, пуштајте.

Ееј, баш овде, некаде помеѓу *сакам вакво куќаре во некоја Недојдија* и *ама не знам да возам, шо ќе правам отсечена без маркет и амбуланта* помислив на тебе, мајке ми. Штета што си исклучил, љубам да те читам во полн сјај. :)
Live Flesh <3
И Кика ако најдеш време гледај го.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.521
Поени од реакции
13.817
#14 Шпанија

Wild Tales (2014) /Relatos salvajes/

1657384986217.png

Ремек дело!
6 приказни се раскажани во овие 2 саата филм. 6 Приказни што ке покажат дека на најлесен можен начин може да ти се заебе животот.. и да умреш.
Голем дел од овде го имате гледано, тие што го немате - задолжително.


5/5
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
#14 Шпанија

Wild Tales (2014) /Relatos salvajes/

Прегледај го приврзокот 338047

Ремек дело!
6 приказни се раскажани во овие 2 саата филм. 6 Приказни што ке покажат дека на најлесен можен начин може да ти се заебе животот.. и да умреш.
Голем дел од овде го имате гледано, тие што го немате - задолжително.


5/5
Си го утнал изгледа. Аргентински беше овој. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.072
Од мене препораки:

1. Ако има уште некој таков кој го нема гледано El secreto de sus ojos, тоа е a must! Можеби најдобриот шпански трилер некогаш снимен.
2. Abre los ojos на Алехандро Аменабар (филмот по кој е направен Vanilla Sky со Том и Пенелопе Круз). Го имавме во Клубот неговиот Mar adentro кој е уште попрекрасен - ако некој не го гледал, задолжително!
3. Анимираниот Klaus на Серхио Паблос на Netflix е еден од подобрите и пооригиналните анимирани последниве неколку години. Го имавме во Клубот како мој предлог, за тие што го пропуштиле, а сакаат да дознаат како настанал Дедо Мраз (иако не му е баш сезона), ѕирнете го.
4. Durante la tormenta веројатно веќе на сите ви е гледан, ама и за него ако останал некој кој го нема изгледано - мора! Исто и Contratiempo.
5. Од Алмодовар немам гледано се, ама од тоа што имам, мои фаворити се: La mala educación, Julieta, Dolor y gloria (ова му е можеби и најдобар!) и Todo sobre mi madre. Law of Desire мене не ми се допадна, а исто и минатогодишниот, Parallel Mothers.
6. За тие што го сакаат Азгар Фархади (Иран, го гледавме во Клубот пред некоја недела неговиот About Elly), има и шпански филм зад него, со Пенелопе Круз и Хавиер Бардем, што мене исто многу ми се допадна: некој вид трилер-мистерија во стил на Фархади, многу наликува на About Elly. Може да го ѕирнете - Todos lo saben.
7. Од трилерите - La cara oculta е супер филмче!
8. A Monster Calls, El laberinto del fauno, Relatos salvajes - не знам колку се шпански, ама ги има на листиве, па ако некој сака прејак филм, а не може да најде меѓу останатите, овие 3 не верувам дека некого можат да остават рамнодушен.
9. За љубителите на анимација, има 3 интересни шпански филмчиња кои може не можат да се мерат со холивудските на Дизни/Пиксар, или со одличниот Klaus спомнат погоре, ама за опуштање можат да ви донесат малку забава: Planet 51, Ferdinand, Capture the Flag.
10. Кога го гледав овој, уште кога излезе и тинејџерките сечеа вени по Марио Касас го оценив многу ниско, ама од денешна перспектива се сомневам дека мојата оценка беше објективна, и хејтот беше можеби повеќе заради тинејџерките, хахахаха (или jajajajaja (на шпански :D )). Па искрено, јас би сакал да го гледам пак, само за да видам дали навистина е толку лош, зашто некои од вас го имаат оценето и со осмици: Tres metros sobre el cielo.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Многу шпански филмови имам изгледано, и како и француските, обично немале утка. Или можеби сум бирала од добрите, што знам.
Си реков еве од Нетфликс да изгледам, да не симнувам и налетав на доцно-тинејџерски филм, за инфлуенсери, и луѓето околу нив, љубовни приказни, ама ништо баш вредно:
Sounds Like Love - 5/10
И дека не сакав да ми остане во сеќавање не-толку-добар шпански филм, го изгледав и:
Despite Everything - 7/10
Американскиот Father Figurеs беше смешен (двајца возрасни си го бараат таткото), овде 4 возрасни сестри си ги бараат татковците. Ама не беше толку смешен.

п.с. Не сум го гледала „Три метри над небото“ што го спомнува Zlatikevichius ама затоа книгата ја читав на времето, и уште ја памтам, па не би си го расипувала доживувањето на книгата со филм. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom