FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.902
Поени од реакции
37.029
3ца-4ца ја пратиме темава, не мислам дека би се загубиле. Јас сум океј и со двете варијанти, ти решаваш, сепак ти си шеф.
Може ке биде глупо прашање, ама зошто почнуваме од 23та? 100 години? Јаа немам проблем и 83 да се :D
100 години, да, плус 1923 е доста значајна за Холивуд затоа што тогаш се отворени 2 од најзначајните и најголемите филмски студија од овие 100 години кои и денес постојат: Warner Bros. и Disney.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.506
Поени од реакции
13.781
100 години, да, плус 1923 е доста значајна за Холивуд затоа што тогаш се отворени 2 од најзначајните и најголемите филмски студија од овие 100 години кои и денес постојат: Warner Bros. и Disney.
Дај рандом тогаш, оти 3 месеци ќе гусламе од 23та до 50 и некоја. Ќе почнеме да гледаме во монохроматски бои
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.506
Поени од реакции
13.781
Ок. Вака изгледаше моето патешествие.
Од 50 држави, посетив 39. Сакав да ги поминам сите, ама дечките немаат торенти, или барем ja не наjдов.
Изгледани 81 филм, со средна оценка 3.5.
1696336745361.png

1696336755801.png

1696336896917.png 1696336795694.png
1696336842996.png
1696336859784.png

Jасно е дека не може вака да се оцени една држава затоа што од некои имам гледано 3-4 филма, од други 1. Но од многу фактори влиjaло ова решение, дали првиот филм, дали слободно време дали торенти.

Листа со сите мои филмови, гледани од Европа.
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Па рандом би било најбоље пошто ќе го изгубиме ентузијазмот коа ќе заглавиме у тоа праисториските години. :D Башка јас и стари филмови не сме добра комбинација.

Што е до мене, јас би продолжил со ваквиот концепт на држави од други континенти, не сите нормално ама барем по 5-10 најфилмски земји од континентите.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Од можни 50 земји, јас посетив 53 и вкупно изгледав 113 филмови. Ова се комплетно нови филмови за мене кои ги гледав прв пат, со исклучок на In the Name of the Father од Ирска и Oslo, 31 August од Норвешка кои ги репризирав.
111 нови филмови, ако не ги сметам кратките 4 од Андора (1) , Сан Марино (1) и Молдавија (2) тоа ќе му дојде 107 филмови сума сумарум. Од секоја земја имам изгледано минимум 1 а максимум 7 филмови.
Топ 5 земји од кои сум изгледал највеќе филмови се:
Србија - 7
Ирска - 6
Германија, Македонија, Норвешка - 5
Ме мрзи просек да рачунам а и нема потреба, во спојлер ќе ги напишам сите филмови со оценки и болдирани ќе бидат оние кои сметам дека се вредни за гледање и филмови што ми оставиле впечаток. Ако успеам на крај ќе извадам топ 10 филмови се на се.

У спојлери ќе ги ставам, по 10 земји.

1. Норвешка:
-Blind (2014) - 8
-The Innocents (2021) - 8
-The Worst Person in the World (2021) - 8
-Thelma (2017) - 6.5
-Oslo,31 August (2011) - 8 (R)

2. Азербејџан:
-The Bra (2018) - 7

3. Хрватска:
-How the War Started on my Island (1996) - 5
-Vegetarian Cannibal (2012) - 7

4. Црна Гора:
-The Black Pin (2016) - 4
-Iskra (2017) - 6
-Lazy Guy (2018) - 5

5. Грција:
-Тhe Other Me (2016) - 8
-Miss Violence (2013) - 8
-Digger (2020) - 6
-Worlds Apart (2015) - 7.5

6. Португалија:
-Listen (2020) - 5
-Alice (2005) - 6

7. Бугарија:
-King for a Day (1983) - 1

8. Eстонија:
-Тhe Class (2007) - 7.5
-I Was Here (2008) - 5

9. Македонија:
-Исцелител (2017) - 7
-Преку Езерото (1997) - 6
-Деца на Сонцето (2014) - 4
-Среќна Нова `49 (1986) - 6.5
-Големата Вода (2004) - 5

10. Чешка:
-Cosy Dens (1999) - 4
-In The Shadow (2012) - 7.5
-Kolya (1996) - 7.5

11. Малта:
-Luzzu (2021) - 6

12. Украина:
-Homeward (2019) - 4

13. Исланд:
-Under the Tree (2017) - 6.5

14. Шпанија:
-The Spirit of the Beehive (1973) - 3
-The Orphanage (2007) - 7.5

15. Австрија:
-Revanche (2008) - 6
-Amour (2012) - 7

16. Италија:
-Ennio (2021) - 10 документарец
-Тhe Postman (1994) - 8
-The Star Maker (1995) - 6.5
-Duck, You Sucker (1971) - 8

17. Данска:
-Open Hearts (2002) - 8
-Land of Mine (2015) - 7.5
-The Guilty (2018) - 8
-Nightwatch (1994) - 6.5

18. Ерменија:
-Calendar (1993) - 4

19. Словачка:
-The Auschwitz Report (2021) - 5
-The Garden (1995) - 2

20. Албанија:
-A Tale From the Past (1987) - 2

21. Србија:
-Underground (1995) - 10
-Black Cat, White Cat (1998) - 8
-Cabaret Balkan (1998) - 6
-Toma (2021) - 7.5
-The Parade (2011) - 7.5
-The Professional (2003) - 8.5
-Life is a Miracle (2004) - 7.5

22. Холандија:
-Black Book (2006) - 8
-The Cook, The Thief, His Wife and Her Lover (1989) - 4
-Character (1997) - 7

23. Ирска:
-Philomena (2013) - 9
-The Wind That Shakes the Barley (2016) - 7
-Once (2007) - 6
-The Field (1990) - 8
-Some Mother`s Son (1996) - 7.5
-In the Name of the Father (1993) - 9 (R)

24. Луксембург:
-The Lost Battalion (2001) - 5.5
-Gutland (2017) - 4

25. Кипар:
-Bourek (2015) - 4

26. Андора:
-Le Blizzard (2019) - 4 short

27. Русија:
-Brother (1997) - 5
-The Fool (2014) - 5
-The Return (2003) - 5

28. Литванија:
-Runner (2021) - 6.5

29. Монако:
-Priceless (2006) - 7

30. Лихтенштајн:
-Count Dracula (1970) - 5

31. Унгарија:
-Strangled (2016) - 7
-Control (2003) - 5
-The Fifth Seal (1976) - 6.5

32. Сан Марино:
-Slasher (2016) - 2 short

33. Полска:
-Knife in the Water (1962) - 4

34. Казахстан:
-Bullets of Justice (2019) - 2

35. Франција:
-Le Samourai (1967) - 7.5
-Amelie (2001) - 6
-A Very Long Engagement (2004) - 6.5

36. Обединето Кралство ама кај мене беше само Англија:
-Sorry We Missed You (2019) - 8
-Kes (1969) - 7.5
-Atonement (2007) - 7

37. Северна Ирска:
-`71 (2014) - 6.5

38. Германија:
-Knockin` On Heaven`s Door (1997) - 7
-Phoenix (2014) - 8
-Christiane F. (1981) - 7.5
-Good Bye Lenin (2003) - 7
-M (1931) - 6

39. Летонија:
-Dream Team 1935 (2012) - 5.5

40. Косово:
-Hive (2021) - 6.5

41. Белгија:
-Come As You Are (2011) - 6.5
-Loft (2008) - 7.5

42. Грузија:
-247 F (2011) - 5

43. Романија:
-4 Months, 3 Weeks and Two Days (2007) - 5

44. Финска:
-One Last Deal (2018) - 5

45. Молдавија:
-Dji. Death Sails (2014) - 7 short
-Dji. Death Fails (2012) - 7 short

46. Tурција:
-Miracle in the Cell No.7 (2019) - 8.5

47. Словенија:
-Houston We Have a Problem (2016) - 8

48. Белорусија:
-Crystal Swan (2018) - 4

49. Шведска:
-The Girl With the Dragon Tattoo (2009) - 8.5
-The Girl Who Played With Fire (2009) - 7.5
-The Girl Who Kicked the Hornet`s Nest (2009) - 7

50. Швајцарија:
-The Foster Boy (2011) - 8.5

51. Босна и Херцеговина:
-When Father Was Away on Business (1985) - 6.5
-Time of the Gypsyes (1988) - 7.5
-Do You Remember Dolly Bell? (1981) - 5.5

52. Шкотска:
-My Name Is Joe (1998) - 7
-The Last King of Scotland (2006) - 8

53. Велс:
-Тhe Feast (2021) - 4

Оценките и болдираните се доволни, нема што да вадам топ 10, само ќе го прогласам Underground за најдобар филм од сите овие.
Емир Кустурица, Ларс Триер, Кен Лоуч и Џим Шеридан се режисери чии филмови се најзастапени на листава.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
170
Поени од реакции
776
Come and See (1985)
Не верувам дека постои вљубеник во седмата уметност кој не слушнал за Come and see. Точно е сѐ што ви рекле - вознемирувачки и мрачен, потоа имате чувство на силен удар во стомакот. Беспрекорна глума, силна камера и палета на бои што додава кон немирот и ужасот. Ремек дело, зарем можам да кажам нешто друго?
Ingrid Bergman: In Her Own Words (2015)
Изабела Роселини, ќерката на Ингрид Бергман, вели дека мајка ѝ гледала посериозно на филмовите отколку на животот. За тоа тврдење не постои поголем доказ од овој документарен филм кој својата премиера ја имаше на Канскиот филмски фестивал токму во годината кога се одбележа стогодишнината од раѓањето на една од најдобрите актерките на минатиот век. Склопен од кратки видеа снимени лично од неа, нејзините дневници и писмата испратени до најблиските пријатели оваа пачворк биографија е едно навистина прекрасно приближување кон гледачот кој секојдневието ќе го доживее преку очите на Ингрид години подоцна. Од односот со Хичкок и колку тој значел во нејзиниот живот, преку соработката со Ингмар Бергман, Ингрид останува доследна на себе до последниот миг.

The Virgin Spring (1960)
Извонреден фрагмент од Бергмановата филмографија со сила, големина и страдање еднакво на грчка трагедија. Ова е првата соработка помеѓу него и кинематограферот Свен Никивист што во 1961г. ќе се закити со Оскар за најдобар интернационален филм. Влечејќи инспирација од балада од 13в., Бергман создава ново дело чиј расплет се крие во просторот помеѓу искупувањето и одмаздата. Флагрантна претстава за двојноста на човечката природа и нештата околу кои светот се врти од самиот почеток.
Bad Blood (1986)
Someday it will be like we already lived.
Збир од исклучителни актерски имиња - Жулиет Бинош, Денис Лавант, Џули Делпи и Мишел Пиколи во ова парче cinema du look. Париз е прекрасен преку очите на Каракс и Ескофиер, придвижен од младешката енергија, јасен, едноставен, а деликатен.
Во ноќта кога Хелeевата комета минува покрај Земјата, ноќ неподносливо топла и помалку дистопична, Алекс неодоливо привлечен од Ана ќе остави сѐ зад себе и ќе тргне по неа. Улиците на Париз се зафатени од опасен, сексуален вирус кој најчесто ги зафаќа младите, неискусни љубовници, оние кои водат љубов без да љубат. Потребно е само храбро да се изговорат вистинските зборови.
Father (2020)
Никола е надничар кој никогаш не ја добива отпремнината и заостанатите плати од фабриката што заминала под стечај. Откако запаѓа во материјална беда и по еден несреќен случај (отвора со брутална, потресна сцена) социјалните служби му ги одземаат децата, започнува неговото талкање низ бирократските лавиринти.
Срѓан Голубовиќ (режисерот на Klopka и Apsolutnih 100) уште еднаш зема трагична животна судбина и остава емотивен расцеп. Филм за родителската љубов и татко што ќе направи сѐ за своите деца макар тоа значело и дека неколку пати ќе пешачи 300км од селото во кое живее до министерството во Белград. Филм-реалност за Ѓорѓе Јоксимовиќ од Крагуевац и слика на Балканот. Веродостоен портрет на сите маалски силеџии и нивната злоупотреба на моќ и позиција.
49/50 држави, 120 долгометражни филмови - какво патување! Силна препорака за H-8 на оние кои не го изгледале минатата година, тоа беше филмот што впрочем и ме натера да се придружам тука. Toodeloo дечки, темава за мене беше вистинско уживање.
:love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom