Филмов кога го предложи Анон го отворив на имдб да видам што е, 2:20 индиска комедија, мистерија, трилер, драма, музика, све и свашта од жанрови.. и го прочитав дескрипшнот и така остана. Беше симнат скоро една недела и денес му дојде редот. Само го пуштив и го глеав, све што запамтив беше дека е 2:20 некој индиски филм.
И на почетокот океј доека се отвори приказната, ко што вика Виолетова, малце беше досаден, спор влез имаше, плус овој свиреше една иста мелодија 2-3 пати у брз временски период, нели со мачката прво, па после со девојката коа се запозна, па уште еднаш, и си викам цело време ли едно исто ќе свири.
Доека не дојде да настапува у клубот на Софи. Многу убава песна пееше, еве ми свири на рипит цело време.
Прво мислев нешто ќе тераат љубов, бла бла, за да ми здосади и да го исклучам. Ама, дојде на ред откривање на фејк слепилото, приватната забава и нозете што ѕиркаа позади ѕидот... и рака на `срце` добра беше милфицата.
И тука се отвори приказната.
Во продолжение нема да замарам многу многу, ок има некои наивни работи ама тоа ќе го препишам на хумор факторот (така да го наречам) односно лабавиот тек што филмот го имаше уште од сам старт.
Ќе се согласам во целост со постот на Вокерка.
Мене ми беше интересен, ниеднаш не проверив колку е саат, ниеднаш не ми беше досадно, глума и слично не ми играше некоја посебна улога пошто од кај да знам каков е стилот на Боливуд и слично, секако нема да глеам други индиски филмови па да иам со што да споредувам. Малце ме фати језа од тие инсертите од старите индиски филмови што порано ги имаше на БТР, КРТ, ШУТЕЛ и сличните локални телевизии. Фалеше уште кобра да игра коа пееше тој стариот актер у младоста. :Д
Генерално добар филм и мило ми е што наидов на ваков предлог, пошто сам секако немаше никогаш да го одберам. Ми легна добро. 8/10 оценка.
Индискиот Оскар Ајзак.
на на на веке сурааа веке сурааааааа веке сурааа на нанкеееееееее