Се мислев вечер да пишам натенане од компјутер, ама еве кратко ќе срочам од мобилен иако Злате веќе се нагласил.
Уште кога почна филмот со зајакот и најкрш CGI што сум го видел у живот. Она Александровото оро што го правеле од Аустрелиа на Јутјуб изгледа топ спрема ова. Увреда е за пеинт, на дигитрон правено.
Ајде океј, не ми сметале и претходно лоши ефекти и нискобуџентни филмови, па замижав преку таа, и сите останати сцени кај кои се гледаше дека филмот е сниман со 5 пари.
Втората работа што ми засмета е глумата. Актерската екипа како од Бандини правец да ја собрале. Ми го даваше тој боливудски филинг, небаре Малечката невеста ја гледам.
Па уште кога го убиваа мажот и ставаа во куферот, мрдаше со раката.
Ајде и преку тоа замижав и си реков, може ќе понуди интересна приказна со црн хумор. А потоа, почнаа да прават 300 пресврти, не гледа, па гледа, па ќор е, па просветление добива. Па де се сакаат, де се мразат, де се местат едниве, па другиве, 5 минути најголеми ривали, во следните 5 имаат доверба како да се членови од фамилија. Како што рече Злате, "се молат Ромите да не прават цигански работи." Тука и ме изгуби некаде филмот и го догледав на ауто мод, без никаков ентузијазам.
Згора на се, музичките делови ми беа лоши бидејќи не ми се допаѓа индиската музика, хуморот не ми легна, напротив, ми беше кринџ.
Мамо, мамо, сакам хумор како во Фарго.
Доста. Имаме ние Фарго хумор дома.
Фарго хуморот дома: Бандини.
Развлечени сцени, непотребни, кои не водат никаде. Ликови без изградени концепти, карактери, ветрушки, што се вртат на една, па на друга страна, низок буџет, приказна иако можело да се извлече нешто од неа, не добро раскажана.
1/3 беше океј, штета потоа што замислата не беше добро прикажана.
Од мене добива една под просечна 4-ка.
И веројатно ова ќе е unpopular opinion зошто гледам сите на летербокс сте му залепиле 4 ѕвезди, и едвај чекам сега да ве читам, да видам каде не сме се совпаднале.
П.С Да не звучам ксенофобично мрчаторски, Слaмдог Милионер ми е единствен гледан индиски филм и ми беше предобар. Му имам 8 ставено. Овој, не е како него.