inb4: Штотуку го гледав и тек допрва ќе читам што сте пишувале, може 'ќе се повторам веќе со некого.
Тоа што е ХБО во светот на сериите, е Пиксар во светот на анимацијата, секогаш се очекува врвното од нив и секогаш го доставуваат.
Во првите 3 минути откако Џо влезе во „меѓупросторот“ и почна тој неонски environment се почуствував како да гледам сиквел на Inside Out.
Тоа и гледав. Ова беше буквално продолжение на Инсајд Аут, онаму каде што застанаа тогаш, во искрата за животот, во спектарот на твоите емоции. Она девојче кое свиреше тромбон и кое го посети Џо, ми беше пандан на девојчето од Инсајд Аут.
Џо и 22 беа двата најчести типа на луѓе. Можеби малку црно-бело претстава, без голема комплексност во нив, но и во реалниот свет голем дел од луѓето се комплексни суштества но едноставни души. Или да се навратам пак на Инсајд Аут, можеби ги претставуваа и двете страни во еден ист човек.
Џо е делот, односно луѓето кои се dream chaser-и, кои се спремни секогаш да ризикуваат, импулсивни, не размислуваат за пошироката слика туку се убедени во едно нешто, in one purpose, кои мислат дека мораат да го исполнат тоа и само тоа. Погледнот им е најчесто насочен straight forward не гледаат како тоа изгледа од страна. Тоа беше и Џо, се до моментот кога имаше прилика да се види себеси во трето лице, откако влезе во телото на мачката.
22 е другата половина, односно е оние кои се самоуверени и сезнајковци, но плашливи души, кои љубат да останат во својата комфорност плашејќи се да пробаат нешто различно од страв дека нема да успеат. Ми се допадна како со употреба на историските личности напоменаа колку е битна едукацијата. Тоа најдобро се покажа во сцената во берберницата кога сите со воодушевување го слушаа телото и гласот на Џо, но каде впрочем зборуваше 22.
Тука всушност и целосно се разграничија двата лика, кога Џо увиде дека цело време зборувал само за едно нешто и имал очи само за тоа, во неговиот случај за музиката.
Одличен филм во секој аспект, не можам да му најдам значајна замерка.
п.с. бонус од мене што не вметнаа непотребна романса во филмот.
А и уште еден бонус, што покажаа дека може да има лик „црнец“ без тоа да изгледа вештачко, дури и моментот кога татко му на Џо му кажа: „Ние со оваа музика придонесовме на државата“, e убав момент, надвор од клишето на (анти)расизам глупостите од моменталново доба.
Музиката ми се допадна многу, they were jazzin!
Да не должам, Pixar you did it again, преубав филм со rewatch value, лансиран во одличен тајминг за крајот на ваква година.