OK филмклубери, тука некаде, за од прилика 2 саати од сега го привршуваме првиот филм од новиот клуб. Доколку некој допише нешто во овие 2 часа, ќе го додадам во статистиката. Сега за сега, сумирано:
Soul го гледаа дури
24 души, што е највисока бројка на членови уште од 2 јануари 2017, и филмот Life is Beautiful, предлог на
@Iceboy , кој беше 28 филм во клубот. Освен во овој случај, 24 или повеќе гледачи за еден филм имало само за уште 3 други филмови, и тоа првите 3 филмови од клубот воопшто: All About Eve, A Short Film About Love и The Intouchables. Тоа значи, ова е
ПЕТТИ НАЈДОБАР РЕЗУЛТАТ НА СИТЕ ВРЕМИЊА! Ни фалеа само уште 3 гледачи за да го скршиме рекордот на The Intouchables, па така
@K!KI и
@Джонтра Вохохолта кои не гледате цртани, и
@Saladin што го гледаше, а не пиша - SHAME ON YOU! Но не е важно сега.
Тие 24 гледачи му дадоа средна оценка =
8,7, која пак е шеста највисока средна оценка во клубот.
Важно имавме одличен старт и се надевам така и ќе продолжиме. Втор предложувач во клубот е
@ob1 , кој за вас избра игран филм, кој верувам никому не му е гледан, и кој се надевам, ќе ги собори рекордите на гледаност. Оставаме на
@ob1 да го презентира својот предлог, најдоцна до понеделник, 11.01, во 20:00 часот. Ако до тогаш го нема, јас ќе ви кажам кој е следниот предлог, во кој, се надевам ќе уживаме.
За
@ob1 ова ќе биде трет предлог во клубот, по Grave of the Fireflies и I'm Not There.