FILM CLUB (КРУГ 5) (200. All Quiet on the Western Front (1930): 12.05-26.06.2024)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.732
Поени од реакции
2.551
24 Hour Party People (2002)

Винтерботом уште од првиот филм е еден од режисерите што не ги можам. Да не биде така се погодил филмот, гледав уште некој наслов од него, но само ми го потврдија првичниот впечаток. Така што овој филм почнав да го гледам без очекување за нешто добро. За жал, тоа и го добив.

Одбрале убава тема за обработка заедно со ликот на Тони, кој претпоставувам има статус на локална легенда. Но селекцијата на вистинските настани во тој опсег на време очигледно е далеку над можностите на овој режисер. Поготово што ликот и настаните се локални, што за сите што не се од таму или барем не ја следеле активно таа сцена, ама баш ништо не значат. Тоа само по себе не смее да е препрека, но кога авторот нема воопшто да се потруди да ни ги доближи ликовите, настаните или локациите, делото останува на ниво на локална музичка емисија.

Уште на врв на сето тоа, некаков обид за имитација на догме стилот, барем во однос на снимањето. Го зеле и Роби Милер за снимател за да се посигурни во тоа и снимале со видео камера од рака. Овој филм чинам е единствен од сите што сум ги гледал, каде што снимките од вистинските настани се со подобар квалитет од самиот филм. Тука мислам на флеш форвардите од концертите, кога Тони ги претставуваше идните музички ѕвезди кои беа дел од малубројната публика на првиот концерт на почетокот.

Улогата на Тони, за кој не беше одредено дали е главен лик, коментатор или водител, е најдобар приказ за тоа како самиот автор има проблем како да го дефинира филмов. И за што точно да биде. Да беше чиста документарна емисија, многу подобро можеше да изгледа и многу повеќе ќе научевме. Вака е ни таму ни ваму. Предолги неатрактивни музички делови, сцени кои не беа дел од
целината, долго задржување на банални работи, сѐ на сѐ една папазјанија.

Штета, можеше да биде добро.

4/10

п.с. Винтерботом дел од филмот „Добредојтовте во Сараево“ го снимаше во Скопје, во рушевините од фабриката „Цветан Димов“.

Дали ќе те премислам ако речам дека Винтерботом има филм со Лабинчето Митевско во главна улога? :D:D
Не е главна улога, но има една антологиска сцена со Лабина во тој филм. :giggle: Кој не ја гледал, обавено да ја види.
Мало навраќање на претходниот филм во клубов - рецензија на Игор Анѓелков:
Па овде подобро имаме напишано за филмот :)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.123
Поени од реакции
9.978
@moongoses го имам пуштано еднаш "Welcome to Sarajevo", ама не го изгледав. Само пола саат изгледав и некако досаден ми беше.
Треба да го пуштам пак, да не остане така неизгледан. Знам дека имаше наши глумци во него, Џамбазов, Николина Кујача, Нино Леви, али поима немав дека е сниман и во Скопје.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.127
Поени од реакции
34.963
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.732
Поени од реакции
2.551
@moongoses го имам пуштано еднаш "Welcome to Sarajevo", ама не го изгледав. Само пола саат изгледав и некако досаден ми беше.
Треба да го пуштам пак, да не остане така неизгледан. Знам дека имаше наши глумци во него, Џамбазов, Николина Кујача, Нино Леви, али поима немав дека е сниман и во Скопје.
И немој :) И јас го немам гледано, не ни планирам.
Само некои сцени се снимани тука, дури можеби и само втората екипа. Нашиве имаат споредни улоги или статисти. Главните актери од филмот не ни беа дојдени.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.615
Поени од реакции
31.821
Последно потсетување: @ob1 , @Васил МКД , @Setsuko , @ElNinho , @Leo Bonnie , @DaedaIus , @Shawn Spencer , @Corvus , @123456 , @џимеј , @dragonsky , @Хефест , @wot , @grande-juve , @Erich Zann , @ManUtdChampions , @Imperatorot , уште само еден викенд имате можност да го гледате 24 Hour Party People и да пишете нешто овде.
По некоја случајност филмов ми е гледан одамна.
Му имам мислам дадено 7-ца. Ми беше сосема ок по сеќавање на времето, пошто обработува тематика која музички ми е така во поомилените, со ставање акцент на бендови ко Дивижн, Бзкокс, Секс Пистолс и тн. Едно интересно четиво кое ги доловува сите тие дешавки од поблиску, не запознава со непознатото, нешто ко behind scenes, на сето тоа случување. Ова не е филм од кој треба да се очекува некоја јака естетика, некои огромни визуелни вложувања, ова е филм кој има и своја намера да едуцира.
А да, се сеќавам дека имаше и сосема солиден англиски хумор.

Ќе треба да го репризирам, го гледав се сеќавам уште кога немаше интернети, на некое цеде и го даде братучедов преснимен или на USB префлен, даен од некој друг. Тоа беа времиња кога потешко се стигаше до филмови, а не ко сега торентот и пали.

Го имам препорачувано на мои луѓе, со сличен вкус за музика, така да Васил избрал добар филм.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.232
Поени од реакции
57.025
За овој Welcome to Sarajevo, Џамбазов има пишувано у книгата ама сум подзаборавил, знам само дека бил презаљубен у Мариса Томеи и им ја пуштал Скопје-Сарај-Матка на босанците и они сите заедно пееле јаааароооооооо јаро јаранееееееееееее.

И така. :D
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Последно потсетување: @ob1 , @Васил МКД , @Setsuko , @ElNinho , @Leo Bonnie , @DaedaIus , @Shawn Spencer , @Corvus , @123456 , @џимеј , @dragonsky , @Хефест , @wot , @grande-juve , @Erich Zann , @ManUtdChampions , @Imperatorot , уште само еден викенд имате можност да го гледате 24 Hour Party People и да пишете нешто овде.
Ќе ми туриш мене неоправдан овој пат...
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
24 Hour Party People
aka Not My Cup of Tea

Премногу niche филм за масовна препорака. Ова е филм за фанови и љубители на таа панк сцена, не е за човек како мене што органски не поднесува панк. Всушност јас и не сакам niche филмови, дури и кога се за мои интереси. Секогаш се снимани си минимален буџет, и визуелно се ужасни. Премногу работи не ме интересираа во филмот, всушност скоро ништо не ме интересираше во филмот. Ама не е тоа главниот проблем на филмот, главниот проблем беше што јас немав поим што се случува и кои се луѓето. Го гледав со некој што го имаше претходно гледано и цел филм го прашував „А сега кои се овие? А овие сега, истите се? Не? Е па кои се?“, после некое време ми здосади да прашувам и го прифатив фактот дека едноставно нема да ги запамтам ликовите и ништо не ми значат и што сфатам - сфатам, што не сфатам - тоа е, јебига. До кај самоубиството на Ијан Куртис следев некако, после тоа јок, со тешки маки. Ова е филм за луѓе што се запознаени со сценава, што се запознаени со бендовиве, што се запознаени со артистиве и што не треба некој цело време да им кажува кој е кој и што се случува, не знам за другите немам прочитано што е напишано за филмов, ама мене дефинитивно ми требаше малку повеќе бекграунд и да се запознаам со ликовите и со сетингот и се комплет. Премалку беше покриено во филмот од тој аспект и се гледа дека е наменет за луѓе кои повеќе се разбираат во музикава од мене.

Што ми се допадна или зошто не е филмов 1/10:
  • Ликот на Тони Вилсон
  • Суптилниот британски хумор

5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.127
Поени од реакции
34.963
Поминавме уште 2 недели, со предлогот на @Васил МКД - 24 Hour Party People. Го гледаа 12 души, 7 помалку од претходниот филм, и му дадоа средна оценка 5,4. Највисока оценка - 7, доби од тројца членови, најниска - 2 од џубрето @Zlatikevichius . Не пишаа ништо за него: @ob1 , @Васил МКД , @Setsuko , @ElNinho , @Leo Bonnie , @123456 , @wot , @grande-juve , @Imperatorot (на сите нив прв неизгледан), @DaedaIus , @Shawn Spencer , @dragonsky , @Хефест , @ManUtdChampions (на сите нив втор по ред неизгледан). Ветив дека во првиот круг ќе предложуваат филмови сите кои ќе гледаат барем 1 филм од првите 3, и со ова ја комплетиравме листата од 27 предложувачи кои ќе добијат загарантиран предлог. За сите останати кои од сега ќе ни се приклучат, за да добијат можност да предложуваат, мора да го исполнат правилото - изгледани и напишано коментар за минимум еден од последните 3 и минимум 3 од последните 10 предлози. Од четвртиот филм (значи од сега) натаму, правилото важи и за нас 27, но само делот - минимум 1 од последните 3, затоа што сѐ уште не поминале 10 филма за другиот дел од правилото, па така ако некој не изгледа 3 по ред, автоматски ќе биде преместен на дното од листата на предложувачи, а тие кои се редовни ќе добијат шанса да предложуваат филм порано. Па така: @DaedaIus , @Shawn Spencer , @dragonsky , @Хефест , @ManUtdChampions - вие сте во опасната зона. Ако не го гледате и следниот предлог, го губите местото на „гридот“. Вашето предложување, како што реков, е загарантирано, ама ќе биде подоцна од планираното.

LETTERBOXD ЛИСТАТА e update-увана

ЛИСТАТА НА ЧЛЕНОВИ - исто така.

Денес ќе ја спојам оваа тема со старата тема за клубот. Не знам што ќе се случи со тие кои ја следат едната, а не другата, можеби нема да ви се појавуваат нотификации, па затоа ќе ве тагнам сите подоцна, за да кликнете на копчето „надгледувај“, за секој случај.

118 филм и четврт после третиот рестарт, го предложува @devilko . Јас знам кој е, но за да дознаете вие, ќе мора да го почекаме @devilko да ни презентира, најдоцна до 20:00 вечерва. Ако не се појави, тука сум јас!
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.104
Поени од реакции
8.170
е како така предложуваат филм, а истиот тој што го предложил не го гледал, хаха
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.127
Поени од реакции
34.963
е како така предложуваат филм, а истиот тој што го предложил не го гледал, хаха
Може го гледал, ама не се важи ако не напише коментар тука. Презентирањето на филмот не се важи.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.481
Поени од реакции
7.304
24 hour party people

Ја сум четвртиот што му дава 7ца. Гледан првпат пред 5-6 години и останувам на истото. Тони Вилсон (преку одличниот Стив Куган, кој не гледал се' од Алан Партриџ да гледа) цело време ни кажува на нас гледачите за што е филмов(така да да не го тупам) и генерално ми се допадна. Добра музика, смешки и "хаотичната"(затоа и на некој начин ми одговараше начинот како е снимен филмов) панк/њувејв музичка сцена во Манчестер.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.857
Поени од реакции
6.003
Ја имам таа чест, 4 - тиот филм во 3 - тото издание на Филм Клуб да го предложам јас. :X3:
Ќе гледаме филм кој има добиено оскар за најдобар screenplay во 1996, богата година кога се во прашање филмовите. Има и номинација за најдобра машка улога. И покрај овие признанија, успеал да остане под радарот на популарноста, па верувам за многу од вас ова ќе биде прв пат како што ќе го гледате.
Режиран и феноменално одглумен од страна на Billy Bob Thornton, Sling Blade е филм кој морално ќе ве тестира во следните 2 часа и 15 минути.

Краток опис:

Карл, човек со пречки во развојот ќе биде ослободен од психијатриската установа каде го поминал поголемиот дел од својот живот поради убиството на сопствената мајка. Добивајќи втора шанса, ќе се врати во малиот град од каде потекнува и ќе започне нов живот.

 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.732
Поени од реакции
2.551
Го гледав филмов уште кога беше актуелен. Одлична улога на Били во оваа убава бавна драма. Не е баш филм што може да се гледа повеќепати. Овие филмови се класични и жанровски и стилистички, така што немаат проблем со тестот на времето. Ќе гледам пак да го гледам, ако не ќе пишам од сеќавање :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom