- Член од
- 21 октомври 2011
- Мислења
- 1.749
- Поени од реакции
- 2.564
24 Hour Party People (2002)
Винтерботом уште од првиот филм е еден од режисерите што не ги можам. Да не биде така се погодил филмот, гледав уште некој наслов од него, но само ми го потврдија првичниот впечаток. Така што овој филм почнав да го гледам без очекување за нешто добро. За жал, тоа и го добив.
Одбрале убава тема за обработка заедно со ликот на Тони, кој претпоставувам има статус на локална легенда. Но селекцијата на вистинските настани во тој опсег на време очигледно е далеку над можностите на овој режисер. Поготово што ликот и настаните се локални, што за сите што не се од таму или барем не ја следеле активно таа сцена, ама баш ништо не значат. Тоа само по себе не смее да е препрека, но кога авторот нема воопшто да се потруди да ни ги доближи ликовите, настаните или локациите, делото останува на ниво на локална музичка емисија.
Уште на врв на сето тоа, некаков обид за имитација на догме стилот, барем во однос на снимањето. Го зеле и Роби Милер за снимател за да се посигурни во тоа и снимале со видео камера од рака. Овој филм чинам е единствен од сите што сум ги гледал, каде што снимките од вистинските настани се со подобар квалитет од самиот филм. Тука мислам на флеш форвардите од концертите, кога Тони ги претставуваше идните музички ѕвезди кои беа дел од малубројната публика на првиот концерт на почетокот.
Улогата на Тони, за кој не беше одредено дали е главен лик, коментатор или водител, е најдобар приказ за тоа како самиот автор има проблем како да го дефинира филмов. И за што точно да биде. Да беше чиста документарна емисија, многу подобро можеше да изгледа и многу повеќе ќе научевме. Вака е ни таму ни ваму. Предолги неатрактивни музички делови, сцени кои не беа дел од
целината, долго задржување на банални работи, сѐ на сѐ една папазјанија.
Штета, можеше да биде добро.
4/10
п.с. Винтерботом дел од филмот „Добредојтовте во Сараево“ го снимаше во Скопје, во рушевините од фабриката „Цветан Димов“.

Не е главна улога, но има една антологиска сцена со Лабина во тој филм. Кој не ја гледал, обавено да ја види.Дали ќе те премислам ако речам дека Винтерботом има филм со Лабинчето Митевско во главна улога?
Па овде подобро имаме напишано за филмотМало навраќање на претходниот филм во клубов - рецензија на Игор Анѓелков:
Кон „Звук на метал“ на Дариуш Мардер - Херој на еден ден
Кога зад себе имате триесетина награди во текот на изминатата година, а притоа се работи за дебитантско остварување со кое најчесто сте ги плениле здруженијата на филмски критичари ширум САД, но и жиријата на европските филмски фестивали, тогаш сосема извесни се очекувањата дека филмот мора да...herojnaedenden.mk