FILM CLUB (КРУГ 5) (200. All Quiet on the Western Front (1930): 12.05-26.06.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.127
Поени од реакции
34.963
@ob1 , @Васил МКД , @devilko , @Setsuko , @ElNinho , @Leo Bonnie , @Tyler Durden , @DaedaIus , @bobipp , @Shawn Spencer , @Gazpapir , @Corvus , @123456 , @SK-92 , @џимеј , @Anon , @dragonsky , @Хефест , @wot , @Комита Ултрас , @moongoses , @grande-juve , @Erich Zann , @ManUtdChampions , @Джонтра Вохохолта , @Imperatorot - сите теми за клубот се споени во едно. Не знам дали има тоа ефект врз важите поставки за следење на темите, затоа ве споменувам тука, ако сакате да ви стигнуваат нотификации, а не ја надгледувате оваа тема, да кликнете горе на „Надгледувај“ копчето.

Како што веќе видовте, @devilko го избра филмот Sling Blade. Ова е дури осми предлог на @devilko во клубот. Претходните негови предлози беа: The Wave, The Crow, The Spacewalker, Isle of Dogs, Bitter Moon, Leto и Wolf Children - еден куп одлични филмови. Се надевам дека ќе уживаме и во овој!
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Имам mixed feelings за предлозите на девилко.
Од оние што ми се гледани Bitter Moon и Isle of Dogs одлични, мислам и на двата 8 им имам ставено, особено Битер Мун топ избор беше пошо немаше никогаш да го гледам да не беше во клубот. The Crow и особено Лето (музички филм ew, пак за некои панкерирокеримрталци) не ми направија нешто ептен кејф, другиве не ми се гледани. Баш ме интересира новиов како ќе ме импресионира, вака по плотов ко да ме потсеќа малку на Awakenings, уште еден филм што го изгледав благодарение на клубов/џонтра и ми се допадна.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.127
Поени од реакции
34.963
Имам mixed feelings за предлозите на девилко.
Од оние што ми се гледани Bitter Moon и Isle of Dogs одлични, мислам и на двата 8 им имам ставено, особено Битер Мун топ избор беше пошо немаше никогаш да го гледам да не беше во клубот. The Crow и особено Лето (музички филм ew, пак за некои панкерирокеримрталци) не ми направија нешто ептен кејф, другиве не ми се гледани. Баш ме интересира новиов како ќе ме импресионира, вака по плотов ко да ме потсеќа малку на Awakenings, уште еден филм што го изгледав благодарение на клубов/џонтра и ми се допадна.
Мене па The Wave и The Spacewalker ми беа врвот, веројатно дека прв пат слушнав за нив тогаш, не очекував многу, а ме изненадија. Bitter Moon, Wolf Children и Isle of Dogs беа добри, ама нив ги знаев, знаев за што се работи и што треба да очекувам. Leto и мене не ми се допадна, ама па од друга страна, имаше феноменална музика, која после тоа ја убив од слушање, што значи и тој ми оставил некаков впечаток. На Sling Blade гледам @whatto му ставил 8, друг никој го нема гледано, ама еден куп го имаат ставено во watchlist, па, искрено, хајпнат сум и се надевам нема да ме разочара.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.703
Поени од реакции
27.659
Sling Blade

Еј, баш убаво филмче. Што убаво ми легна. Фала многу на предложувачот, Господ здравје да му даде, многу среќа, бериќет и долг живот.
Не знам како досега никаде го немам барем прочитано филмов и буквално ништо не знаев за него.

Ха, како што го пишувам ова, течат кредитсот и напишано и режирано од Били Боб.
Но вистинскиот шок следуваше потоа, Карл е Били Боб?????????
КАКО ПОБОГУ?!?! НЕ ГО ПОЗНАВ, WTF?!?!?!?

Ми даде некој нискобуџетен вајб филмов но тоа веројатно беше од атмосферата. Имаше многу релаксирачка музика, и така беше некако лабав филмов, освен сцената кога малиов збесна и фрли 17 работи по очувов, која патем беше многу јака сцена.
Ликовите беа топ, иако некако предвидливи, стереотипни... а веднаш се осети што ќе се деси на крај, уште во самиот момент кога се појави очувот помислив дека Карл ќе го скоља на крај.
Солидна порака испраќа филмот, особено преку ликовите и нивната добрина или зло, да се простува... дали луѓето заслужуваат втора шанса, што е добро а што е лошо... има полемика тука ала Достоевски.

8/10
Ма scratch that, 9ка ќе му стаам бе. Били Боб е лудак.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.127
Поени од реакции
34.963
SLING BLADE

Навистина убаво филмче. Само го потврдува она кое одамна го тврдев - 90-тите години се најдобри во Холивуд! Дури, на IMDB направиле нова ТОП 250 листа, со само филмови на англиски, и Sling Blade е во ТОП 250, со 8.0 оценка. Толку е и мојата за него 8/10.

Ми се допадна скоро сѐ во филмот! Една единствена замерка имам што беше ептен предвидлив, и само заради тоа не можам да му дадам погоре од 8. Ама Били Боб беше ѕвер! Ме потсети многу на Лени од Глувци и луѓе на Стајнбек. Верувам дека и него совршено би го одглумел. Споредните улоги исто прекрасно одглумени. Детето особено ми се допадна, напишано и одглумено така да предизвика симпатии кај секого. Не може да не ти стане пријател. Очувот не може а да не посакаш да го убиеш. Мајката - прекрасна личност. Геј пријателот - исто... Малку ми беше cheesy тоа што беа претерано наивни и некако многу лесно го пуштија Карл во нивниот живот и тоа само поради тоа што на Френк му се допаднал. Замисли сега некој повеќекратен убиец за кого јас не знам ништо, да излезе од институција и да се спријатели со син ми, и само на база на тоа што на син ми му се допаднал, јас да му дозволам да живее кај мене дома. Не знам, многу наивно некако делуваше сето тоа, ама од друга страна - други времиња биле, некако веројатно луѓето поседувале повеќе емпатија, и тоа особено во реднек-америка, каде и неукоста можеби имала улога. Who knows. Од денешна перспектива е премногу толерантно и наивно.

Нејсе - Sling Blade беше уживанции во боја! Уште еднаш, 8/10 од мене.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.232
Поени од реакции
57.025
Јас не сум некој фан на појавата на Били Боб Торнтон I reckon, он ми е у клапата на Том Круз и Мајкл Даглас фаци што не уживам да ги гледам, ме нервираат, мхм.

Филмов е прекрасен I reckon. Уживав во сите 2 часа и 15 минути, мхм. Криво ми е што ја избришав директорс кат верзијата која првично ја симнав, ама тоа пошто сум пичка I reckon.

Многу убава драма, мхм. Спора, тажна, пријатна за гледање I reckon, преубаво раскажана. Вака Клинт Иствуд раскажува приказни I reckon.
Времето кога Холивуд имаше душа и емоции, мхм.

Били Боб ми личеше на Даниел Деј Луис I reckon, мхм. Сочувствував со него цело време, ми предизвикуваше чувство на сожалување за еден убиец и човек со попречено ментално здравје, мхм.

Посебно ме вознемири и растажи сцената кога му раскажуваше на малиот за изгубениот брат и начинот на кој татко му се ослободил од него, мхм. Два пати ја враќав I reckon, не бев свесен што слушнав, мхм.
Тука ми го одговори прашањето зошто не го побара стариот веднаш по излегувањето од болницата, I reckon.
Јак момент беше нивната средба и сета омраза што ја чувствувал кон него цел живот, искажана во 2-3 сурови реченици, мхм.

Сељакот Дојл иритираше многу, I reckon, иако очекував дека ќе го убие, мхм, сепак навивав против такво нешто.
Сакав Карл да остане "излечен", сменет, I reckon, мхм.
Мислев дека Карл ќе изеде ќутек, нешто што повеќе ќе му предизвикаше нагон за убиство, I reckon. Едино тоа би го земал ко мала замерка, мхм.
Мада вака коа подобро ќе размислам, сфаќам дека сељакот беше пичка у душа и неспособен ниту за тепање, мхм, ниту пак за самоодбрана, I reckon.

Примањето на Карл во животите на Френк и мајка му јас го гледам во објаснувањето на жената дека на малиот му треба таткова фигура, поддршка, I reckon. Плус причините што ги наброја Злате, мхм, и пораката што сака да ја испрати ББТ, дека не треба да му се суди на човек без да го запознаеш, I reckon.

Били Боб, секоја чест мајсторе, thank you Sir, мхм.

Ова е филм што заслужува Оскар, I reckon, поготово што во конкуренција тепал Англискиот пациент, мхм.
Ова е глума што заслужува Оскар, I reckon, иако не знам како се покажал Џефри Раш, победникот таа година, мхм.

Some folks call it a Sling Blade, I call it Kaiser Blade, од мене 9/10, I reckon, мхм.

Ве поздрави продавачот на помфрит или во јавноста познат како Џим Џармуш, мхм.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.127
Поени од реакции
34.963
Криво ми е што ја избришав директорс кат верзијата која првично ја симнав, ама тоа пошто сум пичка I reckon.
Јас таа ја гледав. :P
Времето кога Холивуд имаше душа и емоции, мхм.
Деведесети!
Ова е филм што заслужува Оскар, I reckon, поготово што во конкуренција тепал Англискиот пациент, мхм.
Ама не беше номиниран, чинам. Јас ги имам сите номинирани од 90-та навака гледано, а овој не сум го гледал, I reckon, мхм. :pos:
иако не знам како се покажал Џефри Раш
Ако е за Shine, исто, презаслужено! И тој глуми ретард. Гледај го и тој филм, ептен ќе ти се допадне, ќе видиш.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.368
Поени од реакции
28.161
Никад чуо за филмов, ама ептен ми се погоди. Супер за гледање, ама на моменти доста непријатен од конверзациите за неговото минато.
Сцената на почетокот кога оваа го праша Will you ever kill anybody again, Karl? Погледот што и го даде беше a-у. Морници.





Одлично раскажана приказна, 2 работи мене што ми сметаа беше што беше too slow, и цело време бев у фазон ајде што е следно. И секако предвидливоста. Кога улета Дојл, јасно беше кај ќе оди приказната. Многу ми се допадна што кога разговараше со Френк, и мајка му очите беа видливи, а кога разговараше со непознати и овој копуков Дојл мрачни. Музиката исто беше умерена и ми се допадна што отсуствуваше од некои моќни сцени.
У сцената коа Френк почна да фрла предмети по Дојл, очекував овој да стане и да го удри и тука Карл да одлепи. Многу добра сцена. Исто како и се останато у филмов.

Само ради предвидливоста му давам 9/10, I reckon, mhm.

Ова веројатно ќе ми остане у глава и на секој мејл и конверзација со ова ќе им враќам mhm.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.530
Поени од реакции
9.809
Sling Blade

Убаво и лесно филмче, убава драма која баш убаво ти легнува на душа. Не многу популарен филм, што уште еднаш покажува колку добра филмска декада се 90ти.
Филмчево има навистина убава порака, дека секој може да се рехабилитира ако околината му даде шанса, така и во случајот со Карл каде околината му дава втора шанса. Немам многу проблем со помалце наивното прифаќање на Карл во животите на Линда и Френк затоа што филмов е за емпатија и пружање втора шанса.

Многу предвидливо и очекувано беше дека на крај Карл ќе го убие Дојл единствено само што очекував да биде во подраматична сцена, на пример овој доаѓа пијан и ги тепа Френк и Линда и на Карл му пукнува филмот и го убива Дојл. Но, вака беше подобро, од една страна и јас навивав Карл да остане чист и да ја искористи шансата што му ја даде околината и луѓето да се рехабилитира. Но, од друга страна Карл го уби Дојл за да ги спаси Френк и Линда, а и поради тоа што Карл знаеше дека ако не го убие тој, Френк ќе го убие. Карл не сакаше Френк да тргне по негов пат и да си ги валка рацете, затоа му велеше дека не е убаво дете на тие години да има такви мисли и поради тоа тој ја превзеде валканата работа и го уби Дојл.

Филмов иако на моменти ми беше бавен и досаден сепак беше лесно гледлив, а и атмосферата беше смут и многу пријатна.
Глумата во филмов беше одлична, Били Боб Тортон одигра ѕверски во филмов, да не знаев дека глуми тој воопшто немаше да го препознаев, а и другите беа сосема солидни во своите улоги.

Оцена 8/10.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.297
Поени од реакции
3.254
Добар филм, најдобар од овие до сега, сепак не ми беше нешто посебно. Како што рекоа пред мене добра глума. Некој спомна најдобар од 96, ама таа година ги имаме Primal Fear, Sleepers, Trainspotting.

7/10
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Sling Blade (1996)

90-тите дефинитивно ги сметам за златна ера, а некако и најмерачки ми е кога гледам филмови од тој период. Посебно ако се работи за добра драма или трилер. Sling Blade е веројатно еден од ретките за кои немав ни чуено, значи доста потценет филм.

Billy Bob Thornton си направил трансформација до непрепознатливост. А неговиот лик ми беше како некој микс од Tom Hanks во Forrest Gump, Dustin Hoffman во Rain Man, Sean Penn во I Am Sam и Edward Norton во Primal Fear. Негде прочитав дека ставал парчиња од стакло во чевлите за да го држи константно чудниот од на Карл. Онака го гледаш физички скроз различен и си викаш можно ли е да е ова истата личност што се лижеше со Џоли на MTV? :ROFLMAO:

За сценариото, веќе сте пишале. И јас имам замерка кон наивниот пристап, моментот кога брзо го вклучија во своите животи без ни трошка страв, но да, може да се каже - тоа се други времиња. Башка што се работеше за мало место и сите се сеќаваа на неговото минато. Ја гледав director's cut верзијата, можеби и затоа на моменти дејството ми беше преспоро, но посебно уживав во дијалозите меѓу Карл и Френк. И детето одлично си ја заврши работата. 90-тите се чудо кога станува збор за деца - актери. Приказната наметна многу силни морални дилеми ги направи впечатливи нијансите во црно/белото гледање на доброто и злото. Ги разниша и правдата и праведноста, исто како што си поигра со судбини и „грешки“ од една човечка перспектива.

Тажен, бавен и убав филм, со прекрасна музика. Од мене 9/10.

И за крај реклами:
Оваа прилика ја користам да оставам линк од мојот инстаграм профил за филмски ентузијасти. Кој има мерак нека заследи. Последниот пост е за Sling Blade.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.619
Поени од реакции
21.883
Не прочитав ниту еден коментар тука, а не ни изгуглав нешто за филмов пред да го пуштам.
На пола филм сопрев да видам кој е актеров и зашто од 96та па навака после ваква глума не сум го забележал во други филмови.
Кога видов кој е Карл, се фрапирав. Невидена трансформација.

Околу филмот...
Имав многу што да пишам, ама еве сега откако ги прочитав претходните коментари мислам се е кажано, I reckon.
Џонтра му дал убав опис на филмот. Мхм.
Единствено нема да се сложам дека малиот изглуми одлично. Едно три пати ме погледна директно во очи дур јадеше. Ок, разбирам е инди, разбирам е 96та, но ако споредуваме со перформанс на деца актери од тој период, овој не би бил ниту топ 10.

Гледлив филм, топ музиче, солидна глума ама малце избрзано дејствие и доста непотребни сцени па затоа 7/10
Искрено кога ја запозна таа девојката очекував да гледаме малку повеќе од нив, и малце ме разочара што имаше само 2 сцени од нив. Мислев од тој момент ќе фати друг пат филмот, но се потврдија очекувањата дека Дојл ќе биде сјебан на крај.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Sling Blade

Одлична драма со феноменална глума од Били Боб, ептен бев воодушевена од неговиот перформанс во филмов, од тоа што не бев though, беше должината на филмот. И не толку многу со самата минутажа туку со динамиката. За она дејство што го понуди, можеше да биде и пократок, со оглед на тоа што имаше еден цел саат пред завршницата во кој дејството не мрдаше од место, мене почна да ми се спие кога играше фудбал со Френк, а со оглед на тоа што се знаеше како ќе заврши и немаше никаква неизвесност во врска со тоа можеше да се скрати на некои сцени кои што реално не водеа никаде. Во секој случај, на Били оскарот му го има земено Џефри Раш за филм, кој исто го гледавме во клубов, по предлог чинам на @moongoses, за исто така еден лик кој делува по малку аутистичен и not quite right in the head. Кога би бирала помеѓу Џефри и Били Боб веројатно Оскарот би му го дала на вториот. Севкупно ми изгледаше како потежок лик овој, со се гримаси, манири, зборење и се комплет. Убав филм, come to thinк of it, сме имале неколку филмови за вакви... ментално предизвикани ликови во клубот: Awakenings, Shine, Dead Man's Shoes, Sling Blade. Не знам зошто го напишав ова никој не го интересираат вакви статистики.
Енивеј...

Одлична глума, приказна, ликови
Ужасно долг и предвидлив

7/10
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.043
Поени од реакции
6.711
Кога тоалетната хартија пишува многу не е за арно...

Sling Blade

Не се сеќавам кој беше последниот филм за кој сум бил до волку биполарен. Гледлив е ама ако траеше саат и 40 минути макс. Дејствието на филмот сите го дознавме по запознавањето на Дојл. Ве читам, сите имате напоменато дека е предвидлив, а скоро сите имате високи оценки дадено. Не можам да ги поврзам овие две работи :D Ај со ред...

Били е прекрасен, глумата негова е прекрасна. Најтешките улоги за актерите се да глумат ментално предизвикани карактери. За да не те изгуби ни на секунда мора да изглуми до перфекција, до апсолутно совршенство. Треба да те натера да веруваш дека е ментално болен за да можеш да се и соживееш со него, но и да ти го направи филмот да го чуствуваш во една сосема друга димензија. За жал, во мои очи глумата не е целиот пакет. Додека не сум преминал на приказната и дејствијата, морам да го пофалам и детето. Премногу добра хемија имаше помеѓу него и Били. Една од подобрите сцени во филмов беше кога ја фрли цела куќа врз Дојл. Ко да го наапале пред да ја снимаат сцената со нешто хаха, серизно изгледаше ко да сака да го убие. Овие двајца + музиката го прават филмот да е гледлив и да има оценка малку над просекот. Ех, да беше се ко овој пасус ќе беше убавини.

Предвидлив. Се осеќав ко да го имам гледано филмов од што беше предвидлив. Значи океј, испадна од болницата, му најдоа работа и се тоа си беше океј, водеше кон нешто што ме тераше да гледам и ме интригираше што ли ме чека во филмов, ко што би рекол Вато, се спремав да ми крвари газот. :D А да, заборавив да го споменам и интервјуто на почетокот...Зошто ли побогу требаше ова? Како ја спремаа за интервјуто, правеа амбиент за Карл мислиш ќе прават муабет со Менсон или Тед Банти. Ајде и тоа да помине под маса, демек не запозна со кој е и што направил Карл за да дојде до тука, ама според мене многу поубаво ќе беше да дознаевме покасно. На пример ко што му се отвори на Франк за бебето, да имаше некоја таква сцена и да дознаевме зошто бил во болницата. Ќе ми беше многу потрагично така ако дознаев. Воопшто не ме поврза тоа на почетокот. После тоа иде малце what the fuck дел. Се запознава со детево, му кажува кој е и што направил и детево е ко...ха види го ти него, ами ај живот иде даље јебига. Па и во рок од 10 минути се всели во гаражата негова. Значи имав чуство ко првите саат време да одеа пребрзо и се се случуваше пребрзо, а вториот саат пребавно. Немаше да биде барем поубаво некоја средина да се најдеше? На пример нека се случува брзо ако веќе така тргнало ама нека заврши во некои саат и 30-40 минути. Запознај не со ликовите, запознај не со Дојл и стави уште некои 2-3 сцени тука за да видиме какво срање е Дојл и збуцај му што и да беше тоа у глава. Пази колку небитни сцени ни внесоа. Не запознаваат со колешката на Воган и Линда, и оваа се затрескува во Били му носи цвеќе и ја снемува од планетава земја...Што се постигна со тоа? Па и со играњето фудбал со Френк. Јас ја осетив хемијата помеѓу Френк и Карл и пред таа сцена, па и пред сцената со цвеќето за малата спонзоруша. Не знам, можда сум престрог и не фер, ама ми влијаеја многу сцениве на динамиката на филмов. Не би рекол ме разочараа, ама направија да ми е досаден филмот, што во никој случај не очекував да ми биде досадно.
Ми беше премногу комично и тоа како го уби. Му вика ќе те убијам, овој ништо не му враќа и прави, само му кажува бројот на полиција и дури му кажува дека ќе треба и амбуланта да викне и Карл станува, замавнува и на овој тогаш му светнува хахаха. Кое човечко битие нема да изреагира соодветно ако некој ментално заболен седи до него со катана и му вика дека ќе го убие? Очекував да има сцена некоја не само да стане и да му ја расцепи главата на пола. Имав тахикардија на последнта сцена нема да лажам, имаше тензија кога седеа еден до друг ама се тоа прерасна у хистерична смеа како заврши.

Не знам луѓенца, последниот пола саат од филмот ме изгуби тотално, не бев заинтересиран веќе за крајот, ни па ми беше гајле што ќе се случи со Карл. Жално е што овој филм оди во кошницата филмови кај што ветувале премногу, а ме издишале на крајот.

Ко што напоменав горе, глумата на Били и на детево + музиката што беше стварно прекрасна и на место во скоро па сите сцени прават да има оценка над просекот, а тоа е 6/10, дури едно време и се мислев 5-ка да биде, ама стварно не заслужува трудот и вложеноста на Били да се оцени со 5-ка. Грдо изгледа 5/10, 6 е каде каде поприфатливо.


Оф топик, што е со 80% од децава што глумат многу јако,а не стануваат добри актери? Па ми текнува на едно десетина деца вклучувајки го и Франк што одглумиле прекрасно, а ги нема никаде на мапа покасно во кариерата...

 

Kajgana Shop

На врв Bottom