Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Упорно барам некоја песна од Тома Здравковиќ да ми се сфиѓа освен Кафана је моја судбина, ама никако да најдам некоја што ќе ми се засфиѓа, ама не се откажувам од намерата, ќе најдам....
 
Сабота. Слушам Morcheeba и во мене крв, лимонада и ракија.

Прославив 27мица.
Ко да нешто е сменето? Можеби и е. Престанав да се прашувам. Одам. А немам појма кај терам.
Добив жолта пижама и шарени макароунс колачиња. Во соба ми оставија лаванда и ружи моиве и чоколада крај перница. За да го изнегувам детето во себе. Толку многу нешта допрва имам да кажам, испеам, пренесам, видам, излажам - прелажам, изљубам, изгубам.
Човек станува шизик на ризик само кога гази надвор од удопствата.

Неповратно сменет хероизам, со нијанси на зрелост, демек.
Ми стигна официјална покана од Струшки вечери. Пратив песни, абер и енергија.
Ништо не очекувам, само се надевам.

Се надевам дека брокулата ќе ми испадне добра.
Зошто во сабота да гледаш документарци за црвената боја и да ја читаш Анаис Нин, не е нималку олеснувачки.
М.
 
Dear K,

Стив Џобс имал намера сите да имаме бесплатен wi-fi.
Стив Џобс имал намера сите да имаме бесплатен автобуски превоз.
Стив Џобс имал намера сите да имаме вкус за филмови.
Стив Џобс...
 
Де бе, толку ли сте мераклии за вечен живот? Мене у еден живот ми здосадува некогаш, а не па вечен да е. Ќе се мрднам ако е таков. :D
 
Упорно барам песна од Тома Здравковиќ што нема да ми се свиѓа.

Коска пијан сум, требаше да бидам втора смена на работа арно ама по само 1 саат поминат ми се задеси дефект и во 16ч бев дома. :D
Си дојдов, се истуширав, јадев и само што се пуштив на фејсбук вујко ми ми пишува ај на по едно пиво, нормално прифатив и од 17ч до 22ч окапавме у кафана, ние двајца сами. :icon_mrgr:

После тоа отидов кај еден секташ (не активен член на форумов) на работа, надевајќи се дека ќе има уште алкохол, арно ама немаше ништо, испив едно кафе и еден сок и си дојдов дома и проверував што има ново на фејсбук и на форумов и така дојдов до тоа да пишам еден посто за тоа колку сум уствари пијан. Утре имам пријателска утакмица на која поради повреда ќе ја гледам од столче.
Чао. :love:
 
А ја мислев нема риба
coffee.gif
coffee.gif
coffee.gif

10580151_746155928776632_1552009177374082181_n.jpg
 
А бе два месеци поминаа, јас уште се нервирам што си ја ишишав златната коса. :unsure: Што мајка ми требаше да ја шишам, што убава си беше долга. :facepalm: Не дека сега е прекратка, ама повеќе си ја сакав така подолга. Сега скоро цело време ми е во репче, чекам да порасне.:rolleyes: Ама додека порасне ко што беше до пред два месеци, ќе се изначекам.

Убаво викаат, имаш две реакции после шишање:
1. Супер е.
2. Ај ќе порасне.

Јас го имав вториов момент. :confused:

Ќе порасне, за пораснување, што ќе правам до тогаш е прашањето. Не дека е лошо ишишана, само едноставно не си ја замислував така. Ама ај, се тешам со тоа дека мора понекогаш да се направи и лоша процена кога станува збор за косата. Ако ништо друго, таа барем расте. Сите имале некоја “зошто побогу“ фризура во животот.

Никому се немам пожалено за косата, па морав некаде да си ја кажам маката. Два месеци се нервирам, никако не можам да ја наместам и погодам. :нинџ: Затоа е и цело време во репче или пунџа.:facepalm:

Можеш да замислиш колку ми е досадно чим напишав толкав пост за косата.:icon_mrgr:
 
Кајг...љубов е коа на свадба играте 2 ипол сати на оро и чекате да се тргнат 20 души шо се измеѓу вас само за да се фатите за рака.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom