Си седам јас во соба, моиве во дневна гледаат некоја турска серија и мајката еве до мене моментално допира како едниов му објаснува на другиов дека ако не си љубоморен, не си бил заљубен. Не си сакал како што треба. Многу поучно нема што. Реков еднаш, ќе речам пак: НАЈГОЛЕМОТО ЗЛО ШТО НЕКОГАШ СЕ ПОЈАВИЛО НА ТЕЛЕВИЗИСКИ ЕКРАН!
Па една сега крека ли крека, претпоставувам дека е Жугиќ, само таа толку пискаво се дере во синхронизацииве. Ќе морам да рокнам музика, во спротивно алтернативата е да го уништам телевизорот и да го фрлам низ тераса.